Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...
По долги 75 дена исполнети со неизвесност, болка и надеж, штипјанката Верица Миленковска конечно се врати во својот дом. Нејзиното семејство ја сподели оваа емотивна вест, нагласувајќи дека и покрај огромниот напредок, најтешката битка сè уште не е завршена. Верица се здоби со тешки изгореници од втор и трет степен на околу 50 проценти од телото. Следуваше исклучително тежок период – лекување во Скопје, престој во индуцирана кома, транспорт ...
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија Арачиново, беше на чекор до историска победа, но Силекс успеа да извлече бод (1:1) во натпревар исполнет со возбудувања, ВАР-интервенции и големи шанси. Домашниот тим поведе во 30. минута, откако по ВАР-проверка главниот судија Стојчевски покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Бесир Демири, кој сигурно реализираше за 1:0 и се запиша во клупската историја како стрелец на првиот ...
Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој со владиниот авион утре ќе биде транспортиран во земјава. „Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот ...
Со положување свежо цвеќе, рецитал и пригоден говор денеска во Алеата на народни херои во Штип се одбележа 39 годишнината од смртта на генерал Михајло Апостолски. Преставници од општината, политички партии, делегации, здруженија и пријатели оддадоа честа на генерал Апостолски,. Неговите воени вештини доаѓаат до израз за време на изведувањето на Февруарскиот поход а пресвртница се случува за време на подготовките за одржување на заседанието на ...
Вакцинирање на кучињата на возраст од 50-52 дена, ревакцинација по 2-3 недели, со цел превенција на миленичињата од болестите кои ги напаѓаат додека се мали. Д-р Методи Бреслиски посоци дека вакцинацијата е директно поврзана со здравјето на животните, бидејќи со вакцините се спречуваат болестите, а одредени болести можат да бидат фатални или со последици како повраќање и дијареа. ,,Значи пред сѐ, вакцинацијата на домашните миленици е главно ...
39-годишната Слаџана Ѓоргиева од Штип од свои 10 години сука јуфки. Помагајќи и на својата баба во подготовката на јуфка, баница, тарана и баклава, и се родила љубовта кон тестото. И ден денес, таа ја продолжува оваа убава традиција сукајќи јуфки. Вели дека откако била дете, постојано била ангажирана во месење, сукање и работење со тесто. ,,Од баба ми, па негде отприлика околу 10 години да сум била. И помагав за јуфки, баници, тарана, баклави ...
Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...
Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е ...
Предвечери започнува празнувањето на Светата преподобна маченица Параскева Римска, во народот позната и како Летна Света Петка. Празникот во Штип ќе биде одбележан во населбата Сењак, како и во штипските села Љуботен и Срчиево, а чествување ќе има и во карбинското село Калузлија. Токму во овие места храмовите се посветени на Света Петка, а верниците ќе ги посетат со традиционалната посна погача, бидејќи празникот годинава се одбележува во ...
Скапи или реални цените на денешниот пазарен ден пред празникот Света Петка на пазарот во Штип? Купувачите со поделени мислења, едни велат цените се реални, другите дека се скапи, ниските месечни пирмања одраз за ваквата ситуацијата. И едните и другите се согласни, скапо, евтино, мора да се јаде. Продавачите од тезгите велат дека цените се пониски од минатите петоци, а од овој петок дополнително велат почна продажбата и на трпезното грозје, ...
Поголема грижа за сите лица сместени во старечки домови во текот на жештините, се препораките кои што Институтот за јавно здравје ги соопштува во последниот период. Истите вклучуваат редовна хидратација на корисниците, обезбедување разладени и проветрени простории, ограничување на изложеноста на високи температури и директно сонце, како и редовно следење на нивната здравствена состојба. Од раководителите и персоналот се бара доследно ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја. Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на ...
Општина Карпош продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. Во изминатиот период се работеше во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. „Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи – трговци и со производителите на пиперка од Струмичко. Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон ...
СДСМ ја обвини власта за, како што велат, оркестрирана кампања на навреди, омраза и поделби меѓу граѓаните, посочувајќи дека по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, ваков речник се промовира и на Фејсбук-профилот на вицепремиерот Иван Стоилковиќ. „Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски. Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ“, рече на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка ...
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 отсто од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Тој на прес-конференција рече дека, покрај јавниот долг, кој во вториот квартал во споредба со првиот се намалил на 58,8 отсто од БДП, намалување има и кај државниот долг. „На месечно ниво имаме ...
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој обвини дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. „’Децата’ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите. „Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти ...
Регулаторната комисија за енергетика под раководство на Ацо Ристов почна медиумска кампања за наводно проширување на евтината тарифа, додека зад рекламата за “четири евтини часа“ се подготвува целосно прекројување на тарифниот систем, велат од партијата Левица преку соопштение. „На маса се ревизија на блоковите, различни летни и зимски правила, евтина струја во сабота и префрлање на потрошувачката во периодот од 11 до 15 часот, кога ...
Уставниот суд го извести Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил одлуката со која беше утврдена повреда на нејзината слобода на јавно изразување на мислата. Од Уставниот суд соопштија дека ова е првпат од неговото постоење да го примени новиот механизам за извршување на одлуките, предвиден со Актот на Судот кој е во сила ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во спортската инфраструктура, создавајќи современи услови за спорт, рекреација и здрав развој на децата и младите. Во ООУ „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски. Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се ...
Градоначалникот Сотир Лукровски денеска ги прими тројцата стипендисти на Општина Карпош, кои неодамна остварија голем успех во рамки на 30. Јуниорска балканска математичка олимпијада (JBMO 2026), која се одржа од 15 до 20 јуни 2026 година во Бузау, Романија. Имено, карпошовите стипендисти беа дел од шестчлената репрезентација на Република Македонија, кои ја претставуваа државата и општина Карпош на едно од најпрестижните меѓународни ...
Македонскиот вицешампион Шкендија со пораз се враќа од Единбург, откако загуби од Хибер ни јан во самиот финиш од мечот, со резултат од 2:1 во првиот меч од третото коло на Конференциската лига на УЕФА. Шкотскиот состав до победата дојде во судиското продолжение, со што тетовскиот тим сега на реваншот во Скопје ќе бара победа која би можела тимот да го однесе до последната пречка за пласман во групната фаза. Тимот на Јетон беќири одигра ...
Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 2. коло на Прва лига, а која рунда се отвара денес со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, каде главен судија ќе биде Игор Стојчевски, а негови помошници Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак четврти судија е Александар Василевски. Утре во 17 часот ќе се игра мечот меѓу Башкими и Тиквеш, а правдата во Куманово ќе ја дели штипјанецот Стојанче Стојанов, а негови помошници ќе бидат ...
„Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар“, вели Кети Штерјова од СДСМ. „И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода. Сега ...
Овој викенд второлигашите ќе ги имаат своите „генералки“ пред стартот на новата сезона кој е закажан за 15 август. Детонит Плачковица ќе го одигра својот втор контролен натпревар, а кој ќе биде „генералка“ против Кожуф од Гевгелија. На овој меч штипскиот стратег Горан Здравков ќе има можност за последна проверка и да види како оди подигањето на формата пред почетокот на сезоната. Од друга страна, Кожуф доби нов тренер, па сега стратегот Дарко ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека „се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања“. „Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде ...
Женскиот ракометен клуб Овче Поле СУ од Свети Николе започна со подготовките за новата сезона во Првата лига. Клубот главната фаза од подготовките ќе ја реализира во Претор, каде како што посочуваат од клубот имале одлични услвии за работа, дополнувајќи дека се работи претежно на општа физичка подготовка. Овче Поле СУ го склопи и ростерот за новата сезона во која одново ќе се атакува на позициите коишто водат кон влез во Супер лигата. ...