Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Растењето на децата е исполнето со мали, но значајни моменти во кои постепено учат да носат сопствени одлуки. Дел од тие искуства е и начинот на кој се запознаваат со вредноста на парите, како да ги користат, како да штедат и како одговорно да располагаат со нив. Во време кога дигиталните плаќања се сè почести, родителите бараат начин како децата да ги научат овие навики постепено и безбедно, со доволно слобода за учење, но и со родителски ...
Утре во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Влада на Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за ...
Сет од 11 подзаконски акти меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за тарифи и цени за различни енергии кои ги регулира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се усогласени со Законот за енергетика, во кои се транспонирани европски директиви и регулативи. Ова беше клучната тема на состанокот помеѓу регулаторите и Артур Лорковски, првиот човек на Енергетската заедница. ...
Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ССМ го покажа вистинското лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди до таму што луѓе од СДС се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС. ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги ...
„Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети“, велат од ДУИ. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги ...
На 11.03.2026 во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Џ.Ј.(47) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени неколку пакувања марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно ...
Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност, објави премиерот, Христијан Мицкоски. „Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации. На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето, се наведува во соопштението. ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должност во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, при што се разговараше за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и унапредувањето на реформите што ја приближуваат Северна Македонија до евро-атлантските стандарди. За време на средбата беше нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што ...
Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции, велат до компанијата. Од таму додаваат дека грижата за ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, одржа работна средба со директорот и претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и со претставници на инфлуенсерите и креаторите на дигитални содржини, со цел отворање дијалог околу состојбите со регулирањето на работењето во овој сектор, а во врска со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „На средбата беше нагласено дека Министерството ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа изјави дека го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и дека институцијата останува посветена на транспарентност и отвореност. Тој информира дека Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, меѓу кои и ...
Владата е целосно свесна дека следниот период е критичен за реализацијата на реформите, особено во контекст на роковите и на чекорите што се во грејс-период до јуни 2026 година, рекол првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на средбата Сигрид Бретел, раководителка на единицата во Генералниот директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија. Од Министерството информираа ...
Започна да се реализира уште еден проект од вториот владин повик на кој Општина Битола имаше најголем броj одобрени проекти. Градежната механизација ја започна изградбата на пат до манастирот „Св. Меркуриј“ во селото Барешани, а увид во работите направи градоначалникот на Битола Тони Коњановски со одговорните лица за проектот. Должината е 580 метри, а ширината на патот 3 метри, плус банкини. По поставувањето на тампон со дебелина од 25 см, ќе ...
Почна асфалтирањето на улицата „21 мај“ во штипската населба Пребег, а на стратот на градежните активности градоначалникот на Штип, Иван Јорданов рече дека реализацијата на овој инфраструктурен проект е активност на Општината за одржување на постојната инфраструктура во оваа населба. Во текот на наредните денови во оваа населба градежната механизација ќе продолжи со изградба и на нов крак на улицата „Баница“, кој што досега никогаш не бил ...
Сточарите се закануваат со протести доколку до 20 март не им бидат исплатени субвенциите. Според претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили, дел од одгледувачите се уште немаат добиено финансиска поддршка ниту за 2023 ниту за 2024 година, поради проблеми со законот за задолжително колење јагниња во кланица. Тој вели дека дополнителен проблем се и ветеринарните станици и кланиците кои не ги доставиле потребните забелешки. ...
Денеска започна со реконструкција нова улица во село Таринци. Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов тврди дека во следните неколку денови се очекува со започнување на реконструкција на уште една улица, ова би било проект од вкупно 500 метри, па преку овие две улици на населението би му се овозможило дополнителен пристап до токму овие делови. Паунов тврди дека во урбанизација не се само улиците, се работи и на реконструкција на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници. Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани. Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од ...
Една година по пожарот во Кочани, институциите ќе прават сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата. На 14 март ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот. На настанот ќе учествуваат претставници на институции, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Посебна тежина ќе има присуството на 37 странски лекари и медицински експерти кои директно ...
63 бели столчиња со 63 имиња и 63 рози, ќе бидат постави во понеделник во паркот на Револуцијата во Кочани, со цел потсетување на празнината што останата после кобниот 16 март 2025. Во понеделник, точно на годишнината од пожарот, кој зеде 63 жртви, настанот ќе започне од 10 часот, а секое столче кое носи име и бела роза, ќе зборува за големата тишина и празнина што остана помеѓу блиските на починатите. “16.03.2026 • 10:00 часот Парк на ...
По повод Светската недела на глауком (8–14 март 2026 година), која годинава се одбележува под мотото „Uniting for a Glaucoma-Free World“ – „Заедно за свет без глауком“, Клиниката за очни болести, заедно со повеќе здравствени установи низ земјата, организира активности за подигање на јавната свест и за рано откривање на оваа болест. Глаукомот, често нарекуван „тивок крадец на видот“, претставува една од водечките причини за неповратно губење ...
Во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ денеска се одржа „Саем на франкофонските држави“, настан кој ги претстави културата и традицијата на франкофонијата преку ангажман на учениците од Општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, францускиот амбасадор, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Н.Е. Кристоф Зомер, претставници на Францускиот институт во Скопје, претставници на ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. На средбата, претседателот Гаши рече дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и организацијата. Притоа, беше посочено дека членството на ...
Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор. Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на ...
Актуелниот освојувач на футсал Купот на Македонија, Форца загуби во четвртфиналето од екипата на Клими со резултат од 5:4 со што футсал Купот ќе добие нов освојувач, бидејќи Форца заврши со настапите, а тимот од Куманово останува и без можноста да ја брани и шампионската титула, бидејќи непоразениот лидер Проект има голема бодовна разлика на врвот во Првата футсал лига. Неизвесен беше мечот од четвртфиналето во Кавадарци со резултатски ...
На 15 март, Штип ќе му оддаде почит на прерано починатиот млад спортист Дамјан Танески, кој животот го загуби во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи минатата година на 16 март. Штип не го заборава младиот спортист и во негова чест ќе се организира меморијални фудбалски натпревари „Играме во чест на Даме“. Овие фудбалски натпревари во чест на Дамјан ќе се одиграат на игралиштето кај медицината, в недела со почеток ...
Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на домашен терен од екипата на Тиверија Брера, откако во рамки на 17. коло на Првата женска фудбалска лига загубија со резултат од 0:6. Повеќе од јасно беше дека струмичкиот тим кој беше голем фаворит лесно ќе ја оправда фаворитската улога и дома ќе се врати со три бодови на своето конто. Пет погодоци беа постигнати во Македонска Каменица, откако екипата на Каменица Саса со убедливи 5:0 го ...
Во сабота се играат натпреварите од 20. коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот меѓу Брегалница и Каменица Саса со почеток од 14:30 часот. „Сините“ ќе ја имаат фаворитската улога на Градскиот стадион во Штип и само победа е опција, се друго ќе биде изненадување, а „рударите“ од Македонска Каменица доаѓаат во Штип со цел да останат непоразени. Двете екипи имаат сосема ...
„Кили ни отиде… Те сакаме!“, напиша Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на актерот Кирил Поп-Христов – Кили, споделувајќи низа семејни фотографии. На фотографиите Кили е во друштво на сопругата Гордана, ќерките Јоана и Нина Деан, како и внучето. Актерот од 2014 година живееше во Еквадор со сопругата и ќерката Јоана. Кирил Поп Христов-Кили почина на 58-годишна возраст од инфаркт. Роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на ...