Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Општина штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на територија на општина Штип. Како услови кои се наведени во јавниот повик се годишна програма за работа и функционирање на спортски клуб односно спортското здружение, планот за реализација на проектот, програма ...
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, соопшти дека е поднесена иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за прекршоци, донесен за имплементација на проектот „Безбеден град“. Села изјави дека со законот, кој се однесува на целото население, остануваат отворени прашања зошто измените не биле предложени од Владата, туку од пратеници во Собранието. Според него, со тоа се отвора дилема што сака да ...
Во просториите на Министерството за европски прашања, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу. Во фокусот на разговорите беше процесот на евроинтеграциите, дипломатските односи меѓу двете држави, како и реформската агенда која се реализира со предвидената динамика. Министерот Сали лично му упати честитки на амбасадорот Фотиу за ...
Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени кажа дека тој и брат му Андреј, кој загина во пожарот, работеле непријавени, во дискотеката и претходно се користеле запаливи средства за забава, дека имало само еден влез/излез за гостите и дека имало малолетни лица. Панов сведочеше дека работел во „Пулс“ за викенди, на повик, а ...
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од судењето доколку го нарушат редот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот за правила за потекло овозможува практична и правна примена на проширената ...
За десетина дена оризарите од кочанско излегуваат на протест, прв за оваа година. Како што велат намалувањето на производната цена, слабиот откуп на оризот ги става во мат позиција, а катастрофална е и откупната цена на оризовата арпа која се движи од 18 до 20 денари. Најавуваат радикални протести со цел да го добијат она што го заслужуваат и оризот како култура да продолжи да се произведува. „Имавме собир на кој се договоривме дека ќе ...
Неделава треба да се избере најповолен изведувач за изградба на првиот старечки дом во Кочани. Објектот ќе се гради на локација кај некогашната стара касарна во Кочани и ќе биде од големо значење за граѓаните како од градот така и од регионот. Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, истакна дека пет фирми се пријавиле на огласот за изведувач на домот, а во наредните денови ќе биде распишана и аукција. „На 15 јануари 2026 година ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ испрати барање до Град Скопје како подносител на кривичната пријава против Цементарница Усје АД Скопје, поднесена во 2023 година, да достави ургенција до Јавно обвинителство со цел да се добие информација за статусот и фазата на постапката. Од иницијативата бараат Обвинителството да одговори дали постапката е во тек, дали е привремено запрена и кога се очекува да продолжи, како и причините за таква ...
Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот застој на европскиот пат на државата и практикувањето на антиевропски манири од страна на актуелната власт. Филипче оцени дека во речиси половина од мандатот на Владата нема никаков напредок во исполнувањето на европските обврски, ниту пак се работи по забелешките од европските извештаи. Според ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс. На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град ...
Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен ...
Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јон Фрчкоски од СДСМ. „СДС на чело со Венко Филипче, очигледно, живее во ...
Пелистер ја доби драмата со Работнички и пред верната публика славеше со 88:85 во рамки на 12. коло на кошаркарската Суперлига, па така битолчани победнички ја започнаа 2026 година. На полувреме предноста беше 47:44, па тоа јасно покажа дека до крајот на мечот ќе има голема неизвесност. Иако битолчани стигнаа и до највисоките 74:65, скопскиот тим успеа да направи вистинска драма во завршни моменти, а по која Пелистер на крај славеше со 88:85. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, која се одржува под нејзино покровителство. Сиљановска-Давкова ја оцени Зимската школа како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката и нагласи дека таа претставува жива ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ го разоткрил, како што наведуваат, „медиумскиот октопод“ поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, функционира како политичка алатка за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Северна Македонија. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис систематски купувале контролни удели во ...
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од ...
Општина Ѓорче Петров воведува зголемена финансиска поддршка за секое новородено дете. Од оваа година, секое семејство ќе добива 8.000 денари еднократна финансиска помош, како конкретна поддршка во најубавите, но и најодговорни моменти од родителството, велат од Општината. Со оваа мерка, Општината испраќа јасна порака за посветеност кон семејството, децата и демографскиот развој, како и континуирана грижа за младите брачни парови кои ја градат ...
Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“. Една од корисниците е 72-годишната Снежана Димовска, која се движи со потешкотии и веќе четири години ја користи услугата. Од самиот почеток таа ја има истата негувателка Јулијана Алексоска Анчевска, која трипати неделно по два часа ѝ помага во одржување на личната хигиена, ...
Трансфер пазарот кај некои второлигаши оди кон затварање – Детонит Плачковица по промоцијата на петте играчи Тони Мирчевски, Тони Мичковски, Павел Петревски, Омер Сулејмани и Љупче Христовски, не ја исклучува можноста за уште две засилувања и така да се комплетира ростерот за пролетниот дел. Слично ќе биде и со Брегалница, таму веќе беа промовирани Бојан Рајков и Јорданчо Наумоски, а тимот од Штип преговара за едно до две засилувања и со тоа ...
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. „Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе ...
Стартуваше пролетниот дел во Првата одбојкарска лига во машка конкуренција со натпреварите од првото коло на плеј-офот и плеј-аутот. Освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД со убедлива победа ја започна 2026 година, откако на домашен терен воопшто не виде мака и како на тренинг меч го декласираше Сушево со резултат од 3-0 во сетови. Уште во првиот сет беше јасно дека штипјани лесно ќе го добијат тимот на Сушево, кога првиот сет заврши со ...
Започна пролетната полусезона во Првата и Втората женска кошаркарска лига со натпревари кои беа одиграни викендот. Кај второлигаши беа одиграни натпревари од деветтото коло – уште еднаш се потврди дека во Штип бодови не се освојуваат така лесно. Кошаркарките на Тим Арена со убедливи 74:40 го декласираа Охрид во спортската сала „Јордан Мијалков“ со што штипјанки продолжуваа да го следат чекорот на лидерот Гевгелија, кој пак со убедливи 76:31 ...
Кошаркарите на Соколи од Штип со пораз ја започнаа 2026 година односно пролетниот дел од Првата лига, откако го загубија дербито во Струмица ФМП на гостински терен со резултат од 78:68 односно десет поени разлика. Штипјани парираа во првата четвртија која ја загубија со 16:13, а потоа струмичани започнаа да градат резултатска предност и да го носат меч кон успешна завршница. На полувреме резултатот беше 41:28 и не дозволуваше домаќинот да му ...
Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот на енергетиката, нешто коешто тој самиот го има јавно говорено, каде што со познати светски фирми има соработувано и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението на СДСМ во кое наведуваат дека Мицкоски има часовници што вредат 60.000 евра. „Тоа е се до моментот пред да влезе во политиката, каде што престанува ...
„Дали буџетот на клиничката болница „Жан Митрев“ растел во време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство, за да тој си подготви профитабилен бизнис?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со зголемување на буџетот на болницата секоја година, Филипче веќе имал план. Сопственикот на таа болница, бил дел од судски спор против него, па на Филипче му светнала сијаличката, како може ова да го искористи. Ветувале со Заев дека ќе го ослободат од ...
Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е ставот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ). „Блокадите не може да ...
Овој викенд беа одиграни првите пријателски натпревари кај второлигаши што беше прва слика за тоа како оди подигањето на формата односно да се види како течат зимските подготовки. Оние второлигаши кои започнаа со подготовките веднаш по Божикните празници овој викенд ги одиграа првите пријателски натпревари, додека пак екипите кои стартуваа со подготовки нешто подоцна првите пријателски натпревари ќе ги одиграа во текот на оваа недела и ...
„Системот Безбеден град за дигитален надзор е дел од стратегијата на МВР за зголемување на безбедноста во сообраќајот, а резултатите беа видливи уште во првите 24 часа од тест-периодот што е јасен показател дека мерката функционира. На СДС изговорот им беше злоупотреба на податоци, на ДУИ затоа што немало да се спроведува на ниво на целата држава, па се здружија во опозиција со недоволно потковани причини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Приоритет е ...