Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и ...
Кучиња, диви животни и птици разнеле дел од угинатите овци, кои биле заразени од овча сипаница над селото Соколарци, во општината Чешиново-Облешево. Од Асоцијацијата на одгледувачи на овци велат дека животните биле фрлени во јами кои требало да бидат затрупани, но четири од нив останале отворени околу 20 дена. Оттаму велат дека нема вакцини за болеста, па одгледувачите се принудени сами да бараат начин да ги заштитат стадата. Ја оценуваат ...
„Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција“, велат од Влен. „Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со потребното ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј“ ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · Исклучување од подземна мрежа -промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10 да се одредува НН ивод, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, општина Гази Баба. Текстот Дел од општината Гази Баба утре без струја е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски реагираше по прес-конференцијата на опозицијата, во однос на прскањето против комарците. „Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје. Денес повторно гледаме обид една сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка. Да бидеме јасни, западно-нилската треска не е нов вирус и не е ...
Со оро, песна и посна трпеза, Штип го слави големиот христијански празник Преображение Господово. Манастирот посветен на синот божји Исус Христос, кој се наога на само неколку километри над Штип, денеска собра голем број верници ширум државата, кои од рано утринава дојдоа да се поклонат и да запалат свеќа за здравје и спасиение. Некој чуле од свои блиски, други од болни луѓе, трети од луѓе од странство, дека овде на ова место луѓето си ...
Огромна побарувачката на грозјето за празникот Преображение на штипскиот пазар, цената достигна 80 денари за килограм. Верниците и оваа година традиционално го купуваат по секоја цена, зашто според адетот во Штип, токму на Преображение првпат се вкусува благословеното грозје. Продавачите велат грозјетое благо, вкусно и квалитетно, а количините се продаваа уште рано утринава. Според нивните мненија, цената е реална и достапна за граѓаните. ...
Официјално започна бербата на трпезното грозје во штипскиот регион, лозарите ги собираат првите зрели гроздови. По лозјата веќе се берат сортите Мишел Палиер и Викторија, а производителите велат дека квалитетот годинава е подобар. За лозарите сега најважно е грозјето да стигне навреме на пазарите и да добие добра цена. По трпезното, од септември лозарите ги очекува и бербата на винските сорти Вранец и Смедеревка. ,,Пред два дена почнавме со ...
Осветен е и поставен крстот на црквата „Свети Димитрија“ во село Таринци, Општина Карбинци. Во иднина, ова место ќе биде наменето за жителите од ц. Таринци кои тука ќе можат да ги одбележуваат важните верски и семејни моменти, како крштевки, венчавки и други црковни обреди. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, жители на селото и претставници на општината. Поставувањето и осветувањето на крстот се одржа ...
Завршува целосната реконструкција на улица „Борис Кидрич“, која е една од најфрекветните во централното градско подрачје, бидејќи ги поврзува поголемите населби со центарот на градот. Градоначалникот на Oпштина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека денеска се става првиот асфалтен слој, по замената на водоводната и канализациона мрежа, која беше стара околу половина век. Tој истакна дека за целосната реконструкција ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...
Општина Штип почнува со отсранување на хаварисани и нерегистрирани возила од паркинг површините во централното градско подрачје. Акцијата се спроведува, бидејќи во изминатиот период на територијата на општина Штип се забележува зголемено сторување на прекршоци од областа, кое што е регулирано согласно одлуката за комунален ред на општина Штип. Лазар Хаџи-Николов и Борче Везенков од Одделението за комунални дејности во општина Штип на ...
Од денеска почна првиот уписен рок во УГД во Штип кој ќе трае од 19-21 август. Кандидатите ќе можат да аплицираат на една од 47 акридитирани студиски програми и 3 академии. На денешната прес конференција проректорот Сашо Коцевски изјави дека оваа година според конкурсот има 3341 слободно место. Процесот на аплицирање е во две фази, првата е поднесување електронска апликација преку систем на електронски уписи, додека втората фаза е доставување ...
„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај – авионска дезинсекција – 11 јуни – авионска ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. „Доколку ...
„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ. „Наместо навремена превенција, навремена анализа ...
На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 година, ...
Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела. Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска на подрачјето на дел од Скопје, како и неопходноста од засилување ...
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни. Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од Скопје, а еден од Велес. Регистрирани се 37 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија, известува ИЈЗ. Од регистрираните случаи (38), 28 се машки, а 10 се ...
„Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...
„Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ. „Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ...
По три одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, фудбалерот на Тиквеш, Тохеб Лавал е најдобар стрелец со постигнати четири гола. Нигериецот одлично го отвори македонскиот шампион и засега е на врвот на листата на најдобри стрелци. По три погодоци имаат постигнат Есмир Хасукиќ од Силекс, Мартин Стојанов за Брегалница, Гвинеецот Н’фанли Сила од Тиквеш и Фабрис Тамба од тетовска Шкендија, додека пак по два гола постигнаа Христијан ...
Натпреварот од второто коло на Втората лига меѓу ланските прволигаши Пелистер и Брера Струмица наместо во Битола ќе се игра во Кавадарци. Битолачни ќе мора да патуваат во Кавадарци за да навиваат за нивниот Пелистер, а причината поради која овој натпревар нема да се игра во Битола е обновувањето на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а како што велат од битолскиот клуб во констулација со ЈП „Комуланец“ од Битола и Фудбалската ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид е домаќин на неговиот чешки колега, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Како што информираше министерот Муцунски, било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања. „Чешката Република е ...
„Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата“, вели Ангелинка Петкова, ...
Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам, истакна на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, како што рече, партиска прослава. Тоа, според неа, е вистинското лице на оваа криминалната власт. „ВМРО-ОКГ ...