Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз. За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата. Посебен фокус беше ставен ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година. Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители. „Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата. „Вчера попладне имавме состанок на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и зазедовме став да се поддржи денешниот протест на Сојузот на синдикати на Македонија и да се поддржат барањата коишто работниците ги имаат до ...
Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во Собранието предизвика бурни реакции и остри критики од јавноста. Ахмед испратила известување до Собранието дека ја повлекува кандидатурата. На прашање од претставници на граѓанските организации во Собранието, таа не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција која е клучен меѓународен ...
„ВМРО и ДУИ не се само партнери, тие се повеќедецениски соработници кои меѓусебно се поддржуваат во сите валкани работи, само за да ја зачуваат моќта и да го поделат пленот. Ова се стари правила на „тендер коалиција“, ништо ново. Нивните договори траат уште од времето на Груевски“, велат од СДСМ „Денес ВМРО, под водство на Христијан Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски. Ништо не се променило, само цените се ...
Штипскиот стратег Емил Грнев ќе биде нов предвоник на фудбалскиот клуб Санта Луција од Малта, клуб кој се натпреварува во второлигашкиот шампионат на Островот. Грнев ќе има нов предизвик во неговата кариера, а претходно ја водеше Слога Виница, Кит Го од Пехчево и штипска Брегалница. Прв асистент на Грнев ќе биде штипјанецот Борче Постолов, а покрај него во стручниот штаб ќе биде и Португалецот Рубен Круз кој има големо искуство како ...
Оваа зима дури девет прволигаши заминаа на зимски подготовки во странство, а само три останаа да се подготвуваат дома. Подговките влегуваат во самиот финиш, а екипите ќе одиграат уште една до две контролки пред стартот на пролетниот дел во Прва лига. Вардар, Струга, Шкендија, Силекс, Тиквеш и Пелистер се подготвуваат во Турција, Арсими и Башкими ја темпираа формата во Хрватска, додека пак Брера Струмица беше во Грција, а пак Македонија ЃП, ...
Детскиот театарски проект на Компанијата Кожувчанка и Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“ продолжува низ целата држава. Уште 60 претстави и вкупно 14.000 деца како дел од едукативниот караван! По извонредниот успех на проектот во Скопје, компанијата Кожувчанка со гордост го најавува караванот кој продолжува низ училиштата и предучилишните установи низ целата земја со нови изведби. А, „ЕКО авантура“ и натаму ја исполнува својата мисија. Преку ...
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ...
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ. „Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос. Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик. Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар. „Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации. Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат: · во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир) · во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште) Текстот Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат: · во период од 08.30 до 15.00 часот ...
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ...
Македонскиот тренер Емил Грнев и спортскиот работник Борче Постолов започнуваат ново интернационално поглавје во своите кариери, откако двајцата се веќе во Малта и според објавените фотографии на социјалните мрежи, стануваат дел од ФК Санта Лучија. На фотографиите може да се видат Грнев и Постолов во клупски амбиент, што практично ги потврдува информациите дека двајцата штипјани имаат нов ангажман во малтешкиот клуб. Дополнително, Постолов на ...
Првологашот ФК Арсими сериозно ја засилува екипата во пресрет на продолжението од сезоната, откако клубот официјално ги промовираше двата нови играчи – искусниот дефанзивец Џелил Абдулин и напаѓачот Фахад Бајо. Абдулин доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров и ќе ја засили одбранбената линија на тимот. Се работи за фудбалер со богата кариера и меѓународно искуство, кој во минатото настапувал за реномирани клубови како Шкендија, Де ...
Со натпреварите од осмата рунда беше отворен пролетниот дел во Аматерската кошаркарска лига која е трета по ранг на натпреварување. Во Виница се одигра натпреварот меѓу Винеам и Хераклеа, домашниот состав пред верната виничка публика доживеа пораз со резултат од 60:71. Поразот за Винеам на домашен терен е изненадување, со оглед на тоа што во Виница тешко се стигна до бодови, па така битолчани доаѓаат до важен триумф со кој може да прогресират ...
Вонредното 13. коло на Првата кошаркарска лига ќе се одигра во следните два дена односно среда и четврток. Во рамки на групата Б – кошаркарите на Соколи од Штип ќе бидат слободни, па нивниот фокус ќе биде на останатите натпревари односно резултатите од истите. По поразот на Соколи од Струмица ФМП ова ќе биде момент за одмор и дополнителни подготовки за следниот викенд меч од 14. коло, а во кој штипјани одново ќе гостуваат во Струмица, но овој ...
Неколку екипи кои се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига започнаа со зимските подготовки, а останатите екипи ќе стартуваат во следниот период. Едно е сигурно – познати се екипи кои сериозно ќе се борат за влез во Втора лига, односно најпрво да го потврдат првото место и да бидат шампиони во своите третолигашки региони, а потоа да го поминат баражот како последна пречка и на тој начин да се изборат за влез во Втората лига за ...
Женскиот кошаркарки Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се игра во Македонска Каменица, откако женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од малото рударско гратче ја доби организацијата за финалниот турнир. Како што истакнаа од Кошаркарската федерација на Македонија, раководството на Баскет кам кој е актуелен шампион, пројавил интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, при што биле исполните условите поставени од јавниот повик за ...
Брегалница денес го претстави своето трето зимско засилување – станува збор за Костадин Капсаров, кој доаѓа од редовите на Беласица. Новото засилува ја зголемува конкуренцијата во офанзивните редови. Неговата природна позиција е крилната позиција, се служи одлично со двете нозе, а посилна му е левата. 20-годишниот Капсаров покрај за Беласица има настапуивано и за Брера Струмица, Кожуф и за Детонит Плачковица од Радовиш. Брегалница претходно ...
Општина Штип преку соопшение информираше дека распишаниот јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на територија на општина Штип е продолжен до 30 јануари. На овој начин се добива на време за сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат на истиот да ја подготват соодветната ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција. Во рамки на посетата ...
Состојбата по поплавите во Струмица се стабилизира, соопшти Центарот за управување со кризи. Од таму, исто така, наведуваат дека до овој момент во РЦУК Скопје нема пристигнато пријави за штети предизвикани од врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Струмички регион Според информациите од ЕЛС Струмица, состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска го одбележа 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот. На овој настан, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, имаше поздравно обраќање при што оддаде почит кон жртвите и денешните наследници на македонските Евреи кои во 1943 година биле присилно депортирани. Тој нагласи дека, како полноправна земја членка на ...
Времето утре претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени. Во Скопје, ќе биде облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ...
На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, изјави владината портпаролка Марија Митева. „Владата денес направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот ...
Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за манипулативни изјави, недостаток на вистински дијалог и неподготвеност да ги исполни обврските преземени согласно Европскиот консензус од 2022 година, пишуваат бугарските медиуми. „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување ...
Во итни случаи, секунда може да значи разлика меѓу живот и смрт. Токму затоа, познавањето на итните телефонски броеви е од пресудно значење за навремена реакција и спречување на несакани последици. Во услови кога несреќите и итните случаи се се почести во денешницата, граѓаните на Штип се согласни дека овие броеви мора да се знаат на памет. Но, колку навистина се подготвени кога ќе се соочат со опасност? Во продолжение проверивме дали ...
Автокефалната Српска црква, денес го одбележува најголемиот верски празник посветен на Свети Сава. И во Македонија 19 години по ред овој ден е прогласен за национален празник на Србите во државава. За овој празник и годинава сплотениот и верен народ во државата им посакаа многу здравје, љубов и мир, нарекувајќи ги како браќа и пријатели. Покрај граѓаните, почит на србите во Македонија, денес им оддаде и премиерот Христијан Мицкоски ...
Продолжуваат блокадите на граничните премини од страна на камионџиите, а има најави да се прклучат и автобуските превозници, премиерот Мицкоски очекува проблемот да се реши. Како што истакна денеска во својата изјава , во процесот е вклучен министерот за надворешни работи. Тој нагласи дека Владата работи во интерес на граѓаните и очекува проблемот што побргу да биде надминат. Најави и телефонски разговор со претседателката на Европската ...