Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. „Нашата обврска не е само да ја санираме ...
Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги чинат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот, праша Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба од СДСМ. „Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на ...
Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка. „Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој проект ...
Геенералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати јавен повик до Апелациониот суд да постапи во „Талир 2“ и рече дека случајот не смее да заврши со спас на Никола Груевски. „Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за ...
Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни. „Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен ...
Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, велат од СДСМ. „Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се ...
Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“, велат од Левица. „Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а ...
Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ. „Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува ...
Утрово во 03:00 часот завршија теренските активности за вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот, Бобан Стефковски. Во текот на ноќта екипите поминаа низ Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека постојат сериозни индиции дека пожарот во депонијата „Мелци“ е подметнат. Доцна синоќа тој се огласи на „Фејсбук“ и сподели видеа и фотографии од борбата со огнот. „На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат во текот на целата ноќ, се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола. Станува збор ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
ФК Пелистер продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а клубот денеска официјално го потврди трансферот на искусниот офанзивец Иван Ивановски. Триесет и едногодишниот Ивановски во Битола пристигнува со сериозно искуство од македонскиот фудбал, а последен клуб му беше Тиквеш. Во својата кариера настапувал и за Силекс, Гостивар, како и за босанскиот Звијезда Градачац, додека има и интернационално искуство од настапите за Ал-Рамта во ...
Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на седницата се разговарало за изработка на нова програма ...
„Благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари, огнот којшто излезе надвор од депонијата покрај Кавадарци бргу беше совладан, со што беа заштитени околните лозови насади“, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарникарите продолжија цело попладне да фрлаат тони и тони вода врз депонијата. Таа е делумно изгасната, но се уште има внатрешно согорување. За поголем ефект ангажирани се и два БТР-и на ДЗС којшто со ...
Општина Штип ги повикува сите угостители заинтересирани за учество на „Пастрмалијада 2026“ да присуствуваат на состанок на кој ќе бидат презентирани деталите околу организацијата на манифестацијата. Состанокот ќе се одржи во среда, 26 август 2026 година, со почеток во 16:00 часот, во просториите на Општина Штип, на четвртиот спрат. Целта е навремено да се информираат сите заинтересирани угостители за условите и правилата за учество, како и за ...
„СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...
„Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори. Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа ...
„Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат ...
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка, извести Општина Карпош. „Целта на оваа ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...
„Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите. Сега Мицкоски го напушта линеарното усогласување и најавува дека ќе ја примени методологијата на СДСМ. И пензионерите ги излажа“, велат од СДСМ. „Линеарниот модел на Владата ги оштети сите пензионери. Со линеарните зголемувања на пензиите во септември 2025 година и во март 2026 година од по 1.000 денари, ...
Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот, извести Општина Илинден. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е извршено ...
Општина Ѓорче Петров и оваа учебна година продолжува со конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. Во новата учебна година, во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор. „Во изборот на ранчињата, денес учествуваа и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите директно беа вклучени во подготовките за ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети, извести МВР. „Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно ...
Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело, извести МЗ. Заедно со решенијата врачени пред неколку месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, кои се неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија. Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафати околната сува вегетација, сува трева, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата. „Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите ...
Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром. „Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа ...
Засилените сообраќајни контроли за возачите на електрични тротинети продолжуваат низ целата држава, а во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година полицијата констатирала вкупно 965 прекршоци. Во акциските контроли спроведени од Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи биле опфатени возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети. На подрачјето на СВР Штип биле регистрирани 18 прекршоци, со што ...
ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. Според партијата, ова е важен чекор, но тука не завршува приказната. „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје, на која беа разгледани приоритетните активности и проектите од надлежност на компанијата, со посебен фокус на развојот на гасната инфраструктура и зголемувањето на користењето на природниот гас во земјата. На средбата беше разговарано за тековните стратешки проекти кои се од особено ...