Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Граѓаните и компаниите треба навреме да ги планираат своите плаќања, бидејќи денеска и утре, 7 и 8 ноември, се можни привремени прекини и ограничувања на дел од банкарските услуги. Причината се техничките прилагодувања што банките ги спроведуваат поради воведувањето нови стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат од понеделник, 9 ноември, информира Македонската банкарска асоцијација. Ограничувањата главно се ...
Додека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го претстави Скопје како Европска престолнина на културата, Европската комисија веќе укажува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, реагираат од Левица. Од партијата оценуваат дека наместо историската можност да се искористи за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да ...
Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради очекувањата за одржување предвремени парламентарни избори. Според партијата, прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“. Од Алијансата за Албанците упатија и иронични критики, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии од Кина“. ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против раководителка на филијала на штедилница во градот, осомничена дека подолг период ги злоупотребувала паричните средства на граѓаните кои имале депозити во установата. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и неправилно ги евидентирала нивните депозити, со што прибавувала противправна имотна корист. ...
ГКК Штип го комплетира третото странско засилување за новата сезона. Нов член на штипскиот кошаркарски клуб е американскиот бек Лангстон Лав, кој во Штип пристигнува со сериозно колеџ-искуство од една од најсилните кошаркарски средини во светот – американската НЦАА. Лав доаѓа од американската сојузна држава Тексас, а во досегашната кариера настапувал за универзитетските екипи на Бејлор и Џорџтаун, каде што имал можност да се докажува на ...
Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и професионална работа. На 4 ноември, амбасадорот на Франција ѝ ги врачи инсигниите на Витез од Редот на академските палми (Ordre des Palmes académiques) – едно од најзначајните француски одликувања во областа на образованието и академската дејност. Ова ...
Со топол чај и новогодишни колачиња со цимет ќе биде пречекан секој посетител во Аџико Хоум Центар, каде празничната атмосфера веќе ја најавува најубавата сезона во годината. Покрај топлиот пречек, заменик-генералната директорка Весна Даневска-Димовска најавува и бројни попусти – до 70 проценти на одредени артикли, како и 20 проценти на целиот преостанат новогодишен асортиман. Од 5 до 8 ноември 2026 година, посетителите ги очекува првиот ...
Промовирани девет нови доктори на науки на 25. Митровденски средби, кои се одржаа во НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип. Настанот се организира по повод Денот на ослободувањето на градот, а најголем дел од новопромовираните доктори се од областа на медицинските науки. Меѓу новопромовираните се д-р Љубица Прошева Пеливанова, д-р Дијана Мицева, д-р Гоце Коцевски, д-р Паулина Апостолова, д-р Љупка Арсовски, д-р Ана Панева, д-р Дино Карпичаров, д-р Васко ...
Крводарителска акција по повод 8 ноември, Денот на ослободувањето на Штип, в недела организира локалниот огранок на Левица во Штип. Хуманитарниот настан ќе се спроведе во просториите на партиската канцеларија во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Претставниците на огранокот велат дека целта е граѓаните масовно да се приклучат за да се испрати силна порака за солидарност и хуманост на овој голем празник. Ова е трета по ред ваква акција која ...
Големи снопови праз се купуваат на штипскиот пазар. Граѓаните полека се подготвуваат за зимата, па и покрај тоа што цената им е висока, велат дека мора да се купи. Празот често го има на домашната трпеза, особено во зимските месеци, кога од него се подготвуваат зелници, пити, сарми, но и разни јадења со месо.Некои купуваат и по 20 стракчиња за зимата, бидејќи, како што велат, нема зима без праз. За да ја задржи свежината и да не овене, празот ...
Голема гужва на штипскиот пазар на ден пред Задушница, граѓаните се докупуваат производи за раздавање за починатите и за празникот Митровден. Најбарани од овошјето беа мандарините, калинките и јаболката, а од зеленчукот марулата, карфиолот и морковот. Цените на почетокот на месецот за граѓаните се реални, имајки предвид дека се уште им се достапни домашни и свежи производи, иако зимата е на самиот праг. Продавачите од пазарот велат дека и ...
Започнаа активности за расчистување и уредување на просторот во кругот на СВР Штип, со цел да се овозможи полесен, послободен и побезбеден пристап за граѓаните кои доаѓаат да ги остварат своите права и потреби. Во рамки на активностите, претходно одземените возила и предмети, кои по различни основи се наоѓале во кругот на објектот, се отстранети и дислоцирани на посебна локација во сопственост на Министерството за внатрешни работи. Со цел ...
Наместо да се остава храна по гробиштата, подобро е таа да се подари на сиромашните, порача протоереј-ставрофор Добрица Јанев во очи Митровденска задушница Тој вели дека храната таму не им користи ниту на покојните, ниту на живите, напротив создава неред. Подоцна се собираат кучиња, кои храната ја газат, јадат и ги поганат гробиштата. Наместо торби со јадења, тој повикува на молитва и хуманост. „Помалку по гробиштата, повеќе за сиромашните“- ...
Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со одличните настапи во новата сезона. Актуелниот шампион успеа да слави на гостувањето во Струмица, совладувајќи го тимот на ОК Струмица со 1:3 во сетови (34:32, 16:25, 17:25, 24:26), во дербито од третото коло во групата А од Првата лига. Штипјани до победата стигнаа по голема борба, во натпревар исполнет со неизвесност, пресврти и многу возбудувања. Особено драматичен беше првиот сет, во кој двете екипи ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје. „Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици ...
„Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и ...
„Мицкоски во интервју за американскиот крајно десничарски весник „Брајтберт њуз“ (зашто во друг медиум не му даваат простор) во кусоглед и арогантен манир се пофали пред светската јавност дека е горд послушник на Доналд Трамп и екстремнодесничарската администрација на Белата Куќа“. велат од партијата Левица. „Во манир на послушен вазал, а под превезот на стратешко партнерство со САД, ја понуди Македонија за целосна експлоатација во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Денеска прекин на водоснабдувањето на две ...
Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00часот, улицата Беаз Куле, улицата Гостиварска и околината, општина Ѓорче Петров и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница, Драчево, улицата Сердарот. Текстот Делови од Драчево и општината Ѓорче Петров денеска без струја е превземен од МАКФАКС. Денеска поради планирани технички интервенции од ...
На 26 август 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу, личност чиј животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град. На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек, вели министерот за правда Јетон Шасивари. Нејзината животна приказна, како што додава, е дел и од историјата на Скопје. „Од овој град ...
Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: – Во период од 05,00ч до 07,00ч ул Беаз Куле, ул Гостиварска и околината (о Ѓ. Петров) и – Во период од 09,00ч до 12,00ч ТС Подстаница с Драчево ул Сердарот (о Аеродром). Текстот Без струја утре, делови од скопски Аеродром и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Утре 27.08.2026 година ( Четврток ) поради ...
Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците: – Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Текстот Утре, улиците Воин ...
Управата за јавни приходи денес во Дојран одржа информативно-работна средба со локалните туристички работници и претставници на дејности поврзани со туристичката дејност. На средбата, организирана во соработка со Општина Дојран, претставници на Управата за јавни приходи разговараа со издавачи на сместувачки капацитети, угостители, хотелиери и други даночни обврзници за најчестите прашања и предизвици со кои се соочуваат во текот на ...
Во текот на денешниот ден регистрирани се 20 пожари на отворен простор, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ер тракторите, како што појасни, дејствуваат врз пожарот на Китка, каде активни се неколку краци. „Даваме се од себе за да го совладаме овој огромен пожар кој е проширен на голема територија и сум оптимист дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде ставен под делумна контрола. Во текот на денешниот ден досега има ...
Денеска на Попова Шапка се измерени максимални 23 степени, на 29 Маврови Анови, 30 во Крушево, 31 во Претор, 32 во Берово, 33 Охрид, 34 Крива Паланка, Прилеп, 36 Тетово, Битола, Виница, Штип, 38 Струмица, Скопје Петровец, Велес, Скопје Зајчев Рид, Кавадарци, 39 Демир Капија, до максимални 40 сгтепени во Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните ...
Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните работи за изградба на автопатот Скопје–Блаце. „Овој автопат значи многу повеќе од нова патна инфраструктура. Подобра поврзаност, побрзо движење на луѓето и стоките, поголема безбедност и нови можности за економски развој. Автопатот Скопје–Блаце ќе ја подобри поврзаноста на Скопје и Македонија со Косово и ќе придонесе за посилни економски и ...
Штипска Брегалница продолжува со засилувањето на тимот, а по денешното враќање на Иван Николов, штипскиот клуб го промовираше и Виктор Велкоски, кој повторно ќе го облече сино-белиот дрес. Станува збор за 30-годишен искусен дефанзивец, кој може да одговори на повеќе позиции – покрај стоперската, Велкоски може да настапува и како последен играч за врска. Во својата богата кариера тој настапувал за повеќе македонски клубови, меѓу кои Вардар, ...
Стефан Спасов од Факултетот за природни и технички науки и Тамара Атанасова од Факултетот за информатика се студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кои годинава се меѓу добитниците на највисокото признание за млади инженери во државата – „Инженерски прстен 2026“. Спасов дипломирал минатата година, а сега веќе е студент на втор циклус студии на дизајн и ентериер. Тој раскажува дека оваа награда за него е признание за вложениот труд, ...
Со меко тесто и домашно сукани кори, некогаш по стар рецепт се приготвувал најубавиот зелник, кој подоцна се печел под вршник. Некогаш жените сами го меселе тестото, ги сукале корите и го подготвувале зелникот со зелка, од каде и го добил името, а потоа во се додавал и малку запржен праз, kој се распоредувал меѓу тенките, домашно сукани кори. Корите се ределе внимателно, за зелникот да биде сочен и богат, а потоа се печел до златна боја. ...