Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, отпатувал во Москва на разговори кои досега не беа најавени, објави Би-би-си. Џон Ретклиф, наводно, денеска пристигнал во руската престолнина. Ниту Вашингтон ниту Москва не ја потврдиле природата на посетата или со кого требало да се сретне. Разговорите во живо меѓу високи американски и руски претставници се ретки. Податоците за следење на летовите потврдиле дека ...
Шкендија и Ардијан Цуцули ставија крај на соработката. Тетовскиот клуб официјално потврди дека Цуцули повеќе нема да ја извршува функцијата спортски директор, по три години поминати во клупската структура. Тетовскиот клуб попладнево се огласи со официјално соопштение, потврдувајќи ја разделбата со поранешниот капитен, кој во изминатите три години беше дел од раководната структура на „црвено-црните“. Цуцули на позицијата спортски директор ...
Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка уште на првата пречка го завршија настапот на САД Опен во конкуренција на мешани двојки. По пресврт ги совладаа Чехинката Катерина Сињакова и Британецот Хенри Патен. Резултатот беше 1:4, 4:2, 10:2 во корист на Сињакова и Патен, најдобрите дубл-играчи во моментов во женска, односно машка конкуренција. Сињакова и Патен и во следното коло ќе имаат многу познати противници. Во четвртфиналето ривали ќе им бидат ...
Румер Вилис (38), актерка и најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, отворено зборуваше за своето здравје и стравовите од потенцијални генетски ризици, особено откако на нејзиниот татко му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција. Во интервју за списанието „Пипл“, Румер зборуваше за генетските тестови што можат да се користат за проценка на ризикот од развој на Алцхајмерова болест. Таа сподели и кратко емотивно видео во кое зборува ...
Во пожар кој избувнал вчера во селото Гујновци кај Пробиштип, изгореле куќа и помошна просторија, информира МВР. „На 24.08.2026 во 12:33 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека настанал пожар во с.Гујновци, пробиштипско. Од пожарот била зафтена и изгорена една куќа и помошна просторија кај с.Гујновци, сопственост на З.С. од Штип. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Извршен ...
Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат враќање на дипломатите во амбасадите на Блискиот Исток кои беа евакуирани пред и за време на војната со Иран, што укажува на проценката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наскоро нема да има обнова на судирите во полн обем, објави „Њујорк тајмс“. Според интерен документ на Стејт департментот, во кој американскиот весник имал увид, враќањето на службениците би можело да ...
Ландо Норис продолжи со одличната форма по летната пауза, откако по триумфот во Унгарија славеше и на трката за Големата награда на Холандија. Возачот на Мекларен со новата победа ја намали разликата во генералниот пласман и повторно се вклучи во шампионската трка. Сепак, Британецот е внимателен и смета дека неговиот болид сè уште има слабости кои можат да бидат проблем во продолжението од сезоната. „Сигурен сум дека имаме силен болид, но ...
Македонската кошаркарска репрезентација го одржа првиот собир во Скопје и ги започна кратките подготовки за гостувањето кај Австрија во втората рунда од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има 14 кошаркари, а единствено надвор од составот е Јакимовски. Шпанскиот стратег смета дека Македонија во моментов располага со исклучително квалитетен ростер, но потенцијалот ќе мора да ...
Со години се зборува за сличноста на холивудските актери Вуди Харелсон и Метју Меконахи. Но, се чини дека нивната поврзаност можеби е подлабока отколку што мислевме. Харелсон откри дека постои можност тие всушност да се во роднинска врска, а сè започнало со една необична реченица од мајката на Меконахи, пишува „Е Њуз“. Неочекувано откритие за време на разговор Харелсон за „Верајети“ раскажа како пред три години разговарал со Мери Кетлин, ...
Овој човек ѝ беше животен партнер на Сара Пројковска, која трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025. Четири години стар спомен со професорката по пијано и придружен вокал на „ДНК“, денеска повторно се појави на социјалните мрежи. Фотографијата ја сподели нејзината блиска пријателка и колешка Ана Костадиновска. На фотографијата Сара е прегрната со нејзината љубов Златко, со букет цвеќе во рацете и ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Краљево, автомобил излетал од патот и удрил во мајка со две деца на тротоарот. Едното од децата починало денеска во болница како последица на повредите, пренесе Н1. Снимките од безбедносните камери го снимиле моментот на несреќата. Според видеото, автомобилот се движел помеѓу две сообраќајни ленти. Кога друго возило му се приближило од спротивната насока, возачот на црниот автомобил ...
Борнмут доби ново засилување меѓу стативите, откако англискиот клуб официјално потврди дека Микеле Ди Грегорио ќе го носи дресот на тимот до крајот на сезоната како позајмен фудбалер од Јувентус. Финансиските детали од договорот не се објавени, но италијанските медиуми пренесуваат дека Борнмут добил можност по истекот на сезоната да го откупи договорот на 29-годишниот голман за сума од околу 14 милиони евра. Ди Грегорио во Јувентус пристигна ...
56-годишен ловокеадец од Неготино вчеравечер е уапсен откако ловочувар го фатил со отстрелано животно во ранецот, за време на ловостој, соопшти МВР. „На 24.08.2026 во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода К.В.(56) од Неготино. Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од Неготино го затекнал К.В. со ранец во кој ...
Првиот случај на западнонилска треска е потврден во Албанија, при што вирусот е дијагностициран кај 72-годишен маж од Корча. Тој моментално се наоѓа во Регионалната болница во Корча, каде што прима соодветен третман, пренесе Балканњуз. Според албанското Министерство за здравство, човекот бил каснат од комарец додека бил во својата градина, каде што поминувал многу време. Откако му се појавиле здравствени проблеми, отишол во болница, а ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, откако во четвртфиналето убедливо го совлада Ариол Зенели од Албанија. Рустемовски од самиот почеток на мечот наметна силно темпо и целосно ја контролираше борбата. Со доминантен настап успеа да стигне до победа со технички нокаут и да го завери своето место меѓу најдобрите четворица боксери во категоријата. Со пласманот во полуфиналето, ...
„Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските државјани“, изјави за српската редакција на „Радио Слободна Европа“ Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од Шенген, меѓу другото, потребно е целосно да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија, што за ...
Само неколку дена по објавувањето на долгоочекуваните концерти на контроверзниот американски рапер Је, попознат како Канје Вест, во Русија, се чини дека настапите ќе бидат откажани. Управата на стадионот во Санкт Петербург, каде требаше да се одржат двата концерта на Канје Вест, сега соопшти дека концертите нема да се одржат на местото, иако промотoрот нагласи дека тие не се откажани, пренесуваат странските медиуми. „Газпром арена“ претходно ...
Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак, вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, пренесува Катимерини. „Целта е плажите да останат слободни и достапни за сите“, соопштија локалните власти. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле ...
Баскет Кам и Про Баскет Кавадарци и во новата сезона ќе бидат дел од највисокото друштво во женската кошарка. Двата клуба добија зелено светло за настап во Првата лига, откако нивните жалби по првичната одлука за неиздавање лиценци биле прифатени. По разгледувањето на дополнително доставената документација, Комисијата за лиценцирање утврдила дека двата клуба ги исполнуваат условите за учество во сезоната 2026/27, вклучително и критериумите ...
Две 18-годишни момчиња од тетовското село Брвеница кривично ќе одговараат откако во Тетово тепале и повредиле 23-годишна девојка, соопшти МВР. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(18) и Н.П.(18), двајцата од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.04.2026 во Тетово, пријавените физички ја нападнале 23-годишната П.Т. од села Туденце, општина Јегуновце, нанесувајќи ѝ ...
Рафаел Леао би можел во финишот на преодниот рок да го напушти Милан и да се пресели во Астон Вила. Клубот од Бирмингем е подготвен да понуди околу 50 милиони евра, а Милан би можел да ја прифати понудата доколку таа ги задоволи неговите финансиски барања. Унаи Емери го гледа Португалецот како идеално засилување за нападот, особено по лошиот старт на сезоната на Астон Вила. Премиерлигашот веќе подготвува офанзива за потписот на Леао. ...
Татјана Матејаш Камерон (56), икона на хрватската поп музика во 90-тите, попозната како Тајчи, со години беше далеку од поп сцената откако се пресели во Америка и таму продолжи да го гради својот живот. Тајчи се посвети на семејниот живот и со својот сопруг, Метју Камерон, кој почина во 2017 година, доби три сина – Данте (26), Амадеус (24) и Блејс (21). Тајчи деновиве со нив била на патување во Европа, па уживале во Париз. Како што открила ...
„ОпенАИ“ забрани група на „Четџипити“ профили кои потекнувале од Русија, за кои компанијата денеска соопшти дека биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за влијание и за ширење дезинформации. Компанијата го открила случајот откако истражувала различни објави на социјалните мрежи генерирани со вештачка интелигенција, што ја довело до „многу поширока операција за влијание“. „Кампањата беше изградена околу веб-страница со копирани и ...
Праксата учениците да носат униформи во училиштата за многумина значи рамноправност, но разочарани родители од општините Центар, Аеродром и Гази Баба, кои им даваат бесплатни униформи на учениците, се обратија до нашата редакција и се пожалија дека минатата година нивните деца добиле униформи со лош квалитет, изработени од 45 отсто полиестер и 55 отсто памук. Ниеден родител не сака детето да му биде изложено на ризик, вели мајка од општина ...
Деветмина Палестинци се убиени од оган на израелската армија во Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на загинати од октомври 2023 година се искачи на 73.431 лице, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесe ТРТ. Во соопштението Министерството наведe дека меѓу жртвите има шест лица убиени од израелските сили, две лица што им подлегнале на повредите и едно лице чие тело било извлечено од урнатините. „Уште 36 лица се ...
Постојат моменти кога повеќе не можеме да побегнеме од последиците на сопствените постапки. Еден хороскопски знак наскоро би можел да почувствува како некои стари одлуки, неправди и нанесени повреди се враќаат во неговиот живот. Она што им го правел на другите од себичност, гнев или одмазда, сега би можел да го искуси на сопствената кожа. Скорпија Скорпиите важат за силни, одлучни и исклучително интуитивни личности, но кога се повредени, ...
Тригодишно девојче во саботата завршило со тешки повреди откако вратата од лифт ненадејно се отворила и се затворила додека се возело со мајка си во станбена зграда во Радишани. „На 24.08.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што ...
Нападите на украинските вооружени сили врз рафинериите предизвикаа нова криза со горивото во Русија. Според наводите на новинската агенција Ројтерс, погодени се најмалку 30 региони. За разлика од претходниот бран на недостиг на гориво, кој започна кон крајот на мај и траеше до средината на јули, сегашната криза особено силно ги погодува Москва и Московскиот регион, според корисниците на социјалните мрежи. Синџирите на бензински пумпи „Газпром ...
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно со тутун, но и со сончоглед, пченка и пиперки, се уништени вчера во силното невреме со град кое го зафати Прилепско, правејќи најголема штета во Долнени и околните села, објави ТВ „Алфа“. Градот со големина на орев и силниот ветер на некои места го уништиле целиот род. Земјоделците, од кои повеќето не се осигурани, стравуваат дека приносите значително ќе им бидат намалени, што ќе им донесе голема ...
Од 26 август лекот „Мифортик“ од 180 и од 360 милиграми ќе биде достапен за пациентите со трансплантиран бубрег без доплата во аптеките, информира Фондот за здравство. Инаку лекот „Мифортик“ беше бесплатен, ама наеднаш поскапе на 3.450 денари, откако ФЗОМ воведе генерички верзии. Сега се поправа ситуацијата, односно се враќа во првобитната состојба. „Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени ...