Прва блокада во вода беше организирана денеска на Охридското Езеро, каде граѓани со СУП даски пренасочуваа бродови, глисери и скутери, барајќи да се почитуваат правилата за пловидба и безбедноста на крајбрежјето. Акцијата ја организираше здружението „Стар Лагадин“, со поддршка од „Зелена народна стража“, а организаторите велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што тврдат, недоволната реакција на надлежните институции. Учесниците со ...

Норвешка планира во фискалната 2027 година да обезбеди нова финансиска поддршка за Украина во износ од 85 милијарди норвешки круни (9,2 милијарди долари), исто колку и во тековната фискална 2026 година, соопшти норвешката Влада. Норвешка е меѓу најголемите поддржувачи на Украина, заедно со останатите скандинавски и прибалтички земји. Владата на премиерот, Јонас Гар Стере, изработи долгорочен план за помош на Киев, поддржан од сите партии во ...

Украина верува дека Русија планира да регрутира дополнителни 300.000 војници за војната по парламентарните избори што ќе се одржат кон средината на септември, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Воените сили на Москва продолжуваат со напорите за освојување на остатокот од индустријализираниот регион Донбас во источна Украина, каде што Киев тврди дека неговите сили напредувале со големи загуби. Зборувајќи со новинарите, Зеленски ...

Мигрантите се судрија со полицијата во прифатен центар во северна Грција и пробија ограда, а 35 од нив избегаа пред властите повторно да уапсат половина од нив, соопштија денес тамошните власти. Грција е клучна влезна точка за мигрантите на нивниот пат кон Европа, а миграцијата е актуелен проблем во земјата. Конзервативната влада на Грција ја заострува својата миграциска политика. Полициски засилувања беа повикани доцна синоќа во ...

Умерен земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во недела во 12:24 часот на 30 километри северно од Сплит, соопшти Хрватската сеизмолошка служба, која го процени интензитетот на земјотресот во епицентарот на ниво IV според ЕМС скалата. Сеизмографите на Сеизмолошката служба го регистрираа земјотресот во 12:24 часот, а според нивните податоци, епицентарот бил 30 километри северно од Сплит. Интензитетот на ...

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од ...

Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18″ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки во кое биле И.И.(34) и Ш.И.(42). Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени ...

На 22.08.2026 во 15:15 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:00 часот под дејство на алкохол во семејниот дом физички ги нападнал неговата 71-годишна мајка и неговата 45-годишна сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 22.08.2026 во 15:15 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го ...

Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор. Од нив, 10 пожари се активни, два се под контрола, додека еден пожар е изгаснат Уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино. Двата пожари под конторла се општините Маврово и Ростуше и Врапчиште, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина. Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски. Според него, изборите би биле „цунами“ што „би ја ...

Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во Балтикот откако силни бури и дождови го погодија регионот. Итните служби извлекоа тело на маж од под паднато дрво во литванското село Мазионис, додека друг маж загина од паѓање на градежен отпад во латвискиот град Јелгави. Неколку лица се хоспитализирани со повреди. Повеќе од 250.000 домаќинства привремено останаа без електрична енергија во Литванија, објави ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската. Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира. Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на ...

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со ...

Српската полиција уапсила државјанин на Македонија во близина на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски „Телеграф“, повикувајќи се на полициски извори. Засега нема официјални информации кој требало да биде цел на наводно планираната ликвидација, а истрагата треба да ги утврди сите околности околу случајот. Според информациите што ги пренесува медиумот, осомничениот наводно бил ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Одговор не добивме. Пред трагедијата во која во Тетово загинаа 14 лица, нивниот молк продолжува. Во меѓувреме, се отвораат уште повеќе прашања за начинот на кој Обвинителството дошло до заклучокот да ја затвори постапката за јавните набавки за 19-те модуларни болници. Ислам Абази, кој денес раководи со Обвинителството за гонење на ...

Новак Ѓоковиќ ќе биде четвртиот носител на претстојното Отворено првенство на САД, а резултатот од полуфиналето на Мастерсот во Синсинати му даде поповолен распоред пред последниот Гренд слем во сезоната. Французинот Артур Фис го победи седмиот светски тенисер Фабио Коболи со 2-0, 6-3, 6-4 и се пласираше во финалето на турнирот. Овој исход значи дека Фис ќе ја преземе позицијата на носител, што е важно за распоредот на играчите при ждрепката ...

Три лица биле повредени во инцидент на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќа, во Босна и Херцеговина, кога возач со автомобил влетал меѓу присутните и ги газел луѓето. Полицијата соопшти дека интензивно трага по осомничениот, а случајот се истражува како обид за тешко убиство. Според најновите информации, полицијата трага по Жељко Вујовиќ од Билеќа, осомничен дека управувал со автомобилот. Заедно со него побегнал и М.С., за кого ...

Соопштение за јавност на Левица: Во изјава за Сител ТВ, пратеникот Амар Мециновиќ, потврди дека Левица е подготвена веднаш за избори: „Животот во државата не напредува во ниту еден поглед. Напротив, само се уназадува. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и урбаните средини. Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме ...

Вредноста на доларот на светските пазари падна во однос на кошничката валути минатата недела, бидејќи инвеститорите беа загрижени за интервенцијата на Министерството за финансии на САД на пазарот на обврзници. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни валути, падна за 0,8 проценти минатата недела на 98,84 поени. Доларот ослабе за 0,9 проценти во однос на еврото, достигнувајќи 1,1680 долари. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава”. За оваа криминална власт „сериозна” држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување. За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Поминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да ...

Вчера се одржа вториот натпреварувачки ден на 20. Медитерански игри кои се одржуваат во Таранто, Италија. По првите поделби на медалите најупешни нации се Турција и домаќинот Италија. Турција има најмногу златни медали, вкупно четири, а има и две сребра и една бронза. Најмногу медали има домаќинот Италија вкупно 13 а од нив, три се златни осум сребрени и два бронзени. Во Топ 5 најуспешни нации се уште и Грција, Португалија и Франција. ...

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...

56-годишен српски државјанин бил извлечен во несвест од морето во близина на Агиос Николаос на Халкидики. Спасувачот на плажата прво му пружил прва помош, но без успех. Потоа со возило на брза помош бил префрлен во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што била констатирана смрт. Третата пристанишна управа на Неос Мармарас, во рамките на Пристанишната управа на Јерисос, спроведува прелиминарна истрага, а наредено е да се изврши обдукција ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

Многумина кои се обидуваат да ослабат се соочуваат со ист проблем – и покрај промените во исхраната, резултатите не доаѓаат со очекуваното темпо. Во последните години повторно се актуелизира теоријата дека и крвната група може да има одредена улога во начинот на кој организмот реагира на храната. Според нутриционистката Сима Кана, луѓето со крвна група АБ+ или АБ- наводно може потешко да се приспособуваат на одредени режими на исхрана, додека ...

Пожарот во реонот на селото Палиград се приближува кон населеното место, а противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и неговите жители. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва е директно на терен во Палиград, каде заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје ја следи состојбата и активностите за локализирање и ставање на пожарот под контрола. ...

Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ). Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Злато

130856.75