Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната, а новите геополитички шокови би можеле повторно да го закочат економското закрепнување, се наведува во денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Вредноста на индексот на доверба на потрошувачите (ЦЦИ) меѓу февруари и април падна за околу 12 поени, што е удар чиј интензитет е речиси споредлив со падот од 15 поени забележан во првите два месеца по ...
По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира”, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „ Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 година во ...
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, трговија со луѓе и погрешно толкување на одлука на шпански суд, што ги навело мигрантите да веруваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени. ...
Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин “Дојран”. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП “Дојран”, од каде велат дека причина е огромниот број на возила за кои надлежните служби од грчка страна веќе немале капацитет да ги примат, па метежот се прелеал од македонската страна на границата. – Застојот е на ...
Во текот на изминатата недела (27.07.-02.08.2026), полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги. При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава ...
Иранските власти извршија смртна казна над двајца мажи осудени за шпионирање во корист на Израел, пренесоа денеска иранските медиуми. Во извештаите се наведува дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, им испраќале на офицери на Мосад координати, слики и информации за воени и безбедносни центри, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Се наведува ...
Финалето на ВТА турнирот од серијата 500 во Вашингтон меѓу американската тенисерка Џесика Пегула и нејзината филипинска ривалка Александра Еала беше прекинато синоќа поради невреме проследено со грмотевици што го зафати главниот град на САД во неделата. По речиси тричасовно доцнење на почетокот на финалето, третата светска тенисерка Пегула го доби првиот сет со 6-4, а Еала имаше водство од 2-1 во гемови во вториот сет кога временските услови ...
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле ...
Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36). При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...
Соопштение на СДСМ: Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски упати апел до граѓаните: „Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист, уреден и убав.” Ова се истите фрази што прво ги презеде Мицкоски од Вучиќ, а сега се шират кај функционерите на ВМРО-ОКГ. Тие „работат нон-стоп”. Не спијат. Не знаат за одмор – знаат само за екскурзии. Оваа циркуска претстава на ...
Соопштение на ВЛЕН: Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) не ја брани албанската кауза, туку ја држи во заложништво. Логиката им е проста. Или тие ќе седат во фотелјите или ќе закочат сè. Ако се на власт, се им е тамам. Ако не се, одеднаш ништо не чини. Е па, тој филм веќе не поминува. Ама да расчистиме една работа. Албанците не им должат вечна власт на фотелјашите од Мала Речица. Не им должат ни министри, ни директори, ни тендери. А ...
Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење. Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...
Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во наредните денови ...
На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...
Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа, соопшти државната електроенергетска компанија наведувајќи дека околу 10 милиони жители на островската земја се во мрак. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила ...
Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од ...
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари ...
Соопштение на Левица: Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци”. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата која ...
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Руското Министерство за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, а ...
Проблемот е веројатно во наводнувањето, најчестата причина за гниење на растенијата, но иронијата е што симптомите на премногу и премалку вода изгледаат речиси идентично. Во светот на собните растенија, водата е и извор на живот и тивок убиец. Повеќето сопственици на растенија прават грешки со најдобри намери, верувајќи дека повеќе вода е секогаш подобро. Сепак, вистината е дека прекумерното наводнување е одговорно за повеќе гниење на ...
Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА. Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата. Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...
Жителите на Трпејца реагираат дека веќе трет ден селото е без вода, и тоа во екот на туристичката сезона, кога бројот на посетители е најголем. Според нивните тврдења, од ЈП „Водовод“ им било соопштено дека нема дефект на водоводната мрежа, туку дека причината за прекинот е зголемената потрошувачка на вода. Жителите велат дека до нив стигнале информации оти повремено се исклучува струјата на пумпите со цел да се намалат трошоците за ...
Според најновите прогнози на метеоролошките модели, од 5 август се очекува дополнително засилување на африканскиот топлотен бран што веќе го зафати Балканот. Најекстремни температури се прогнозираат за Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, каде што локално живата во термометарот може да достигне и до 45 степени Целзиусови. Времето ќе остане стабилно, суво и претежно сончево, без значајни врнежи, бидејќи станува збор за сув и многу топол ...