На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од ...

Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари. Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви. – Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“. Сличен систем ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото ...

Мароко ја предупредило Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Тврдењето подоцна беше демантирано од Мадрид, јави ДПА. Во последните денови околу 50.000 лица, претежно марокански државјани, пристигнале или се обиделе да пристигнат во шпанската полуенклава Сеута пеш или пливајќи од соседниот ...

Македонскиот женски клупски фудбал е збогатен со ново име, откако денеска официјално е објавен почеток на функционирањето на женскиот фудбалски клуб ЖФК Пелистер – Битола кој во претстојната сезона ќе настапува и во прволигашката конкуренција. „Со формирањето на ЖФК Пелистер, клубот отвора ново поглавје во својата историја и го проширува своето семејство со цел да придонесе кон развојот и афирмацијата на женскиот фудбал во Битола и ...

Најмалку пет лица загинаа во украински напади со дронови во Московската област, додека најмалку пет цивили ги загубија животите во руски воздушни напади врз Украина – соопштија денеска властите на двете земји Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години, Украина разви беспилотни летала со долг дострел, способни да погодуваат цели длабоко на руска територија. Во изминатата година тие извршија напади врз рафинерии, големи ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе ...

Доенчињата и предучилишните деца се особено чувствителни на високите температури, бидејќи нивниот организам потешко ја регулира телесната температура и зависат од возрасните за соодветен внес на течности, избор на облека и обезбедување безбедна средина. Поради тоа, при топло време тие имаат зголемен ризик од прегревање, дехидратација и други здравствени последици поврзани со топлината. За доенчињата и децата важат општите препораки за заштита ...

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...

Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување. Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“. Во операцијата учествуваат британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод на ...

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ангажирани ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година покажува јасна промена во распределбата на јавните средства, при што дополнителниот фискален простор е насочен кон области кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и економскиот развој. Наместо рамномерно зголемување на расходите, Владата определува приоритети здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството и капиталните инвестиции добиваат најголем дел од дополнителните ...

На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да ...

На ден 04.08.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен пожар: Општина Кавадарци: с. Раец – с. Ќесендре – с. Дреново (нискостеблеста шума и ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Прилеп: ул. Дебарска, кај м.в. Теќе (депонија); Општина Теарце: с. Шемшово – с. Сиричино (ѓубре); ...

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука. Од вечерва на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар. Цената на ...

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски ...

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, денес ги повика властите да ги засилат напорите за помош на населението погодено од рекордниот топлотен бран во земјата, нарекувајќи го национална катастрофа. Досега, 19 смртни случаи се припишани на тешките временски услови. Зборувајќи на состанок на кабинетот, Ли им нареди на службениците да преземат неопходни мерки за да им биде побезбедно на луѓето да ги извршуваат секојдневните задачи и да ги ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на Собранието во центарот на Скопје, при што, според првичните информации, повредени се две лица. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман. Во судирот учествувале две патнички возила, кои се видно оштетени, а од силината на ударот бил урнат и семафорот ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Максим Димитриевски се обидува да објасни дека ЗНАМ постои. Сите знаат дека не постои. ЗНАМ постои само во договор меѓу Максо и Мицкоски. Создаден и финансиран од Мицкоски за да го ослабне тогашниот СДСМ и да ги подели гласовите на опозицијата. Мицкоски дојде на власт со лаги и со лажна опозиција која денес е дел од тендер-коалицијата. ЗНАМ прво ја предаде сопствената партија. Потоа ги предаде своите гласачи. ...

Најмалку пет лица се убиени, а шест се повредени утрово во украински напад со беспилотно летало врз Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Воробјовиг објави на Телеграм дека по нападот со украински дрон врз Московскиот регион, во индустриската зона Новоселки избувнале неколку пожари, од кои најголемиот бил во магацин и веќе е изгаснат. Тој истакна дека нападите оштетиле и електрична трафостаница и административна ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11