Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со „огромни ...
Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два ...
Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 ...
Денес се навршуваат десет години од катастрофалното невреме што на 6 август 2016 година го погоди скопскиот регион и предизвика една од најголемите природни трагедии во поновата историја на Македонија. Во разорните поплави животот го загубија 22 лица, а десетици беа повредени, додека илјадници граѓани останаа без своите домови или претрпеа огромни материјални штети. Невремето започна во попладневните часови со поројни дождови, силен ветер и ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски”, изјави градоначалникот ...
Онколошки пациенти денес ќе одржат симболичен протест пред Министерството за здравство, револтирани од повторливиот недостиг на лекови на Клиниката за онкологија. Поради екстремно високите температури, се очекува протестот да биде со ограничено присуство, а неколку пациентки ќе ги пренесат барањата до надлежните институции. Главното барање е итно да се обезбеди непречено и континуирано снабдување со терапија, бидејќи, како што велат ...
Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција што започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел ...
Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара ...
Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека до крајот ...
Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се исти ...
На 05.08.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на контролата изречени се 50 санкции, од кои девет за возачи на лесни електрични возила (тротинети), ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато ...
Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани, Општина Бутел. Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара. Дел од корисниците во Општина Бутел денеска ќе имаат прекин во снабдувањето ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Брзата интервенција на пожарникарите од Виница спречи поголема катастрофа, откако при работа со брусилица избувнал пожар во сува трева, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, лицето со брусилица сечело делови од возило, при што искрите ја запалиле околната сува вегетација. Огнот за кратко време почнал да се шири, но благодарение на навремената реакција на виничките пожарникари, пожарот ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата на Мицкоски го призна бизнисот со вода и тоа во време кога граѓаните на Гостивар се труеле. Бизнис зделка од 100.000 евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. На грбот на народ во ваква ситуација. Компанијата со која терале бизнис чива е? На градоначалник од ВМРО и поранешен потпретседател. Со кого? Со Ивица Томовски од СОЗР, познат по тендерите на семејната фирма. Случајно? Откако Владата ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ограничи употребата на критични минерали од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја претставува уште еден сигнал дека суровините сè повеќе се третираат како прашање на национална безбедност и стратешка независност. Според новите правила, американската воена индустрија ќе може да користи само минерали со потекло од САД или од сојузнички земји, а потеклото на металите ќе се проверува за ...
На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината ...
Соопштение за јавност на ДУИ: За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период. Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа храна, ...
Верижен судир се случил утрово на патот Прилеп – Битола во која се повредени осум лица меѓу нив и двајца државјани на Србија. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во ...
На 04.08.2026 во 07:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(22), удрил во пешакот Ц.Н.(83), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ц.Н., додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски” Скопје и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид ...
На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче”, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен ...
Соопштение за јавност на СДСМ Министерството за надворешни работи денеска демантира „тајни преговори” за францускиот предлог. Ама Тимчо Муцунски самиот претходно рече дека има разговори „под радарот” и дека се тајни. Тајни за кого? За гласачите на ВМРО. Сега разговараат со Бугарите. Сега целта е полноправно членство. А Мицкоски претходно бараше членство заедно со Вучиќ – без право на глас. Идентитет? Јазик? Гордана Сиљановска веќе рече дека ...
Соопштение за јавност на Левица На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс” се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна. Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М. (53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение дека сторил кривични дела „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 20 април 2026 година, без претходно одобрение за сеча и спротивно на одредбите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот на локалитетот Лениште, во атарот на селото Мислодежда, пријавениот ...
Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и ...