Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое ...

Израелски воени авиони ноќеска извршиле напади врз градот Мансури во јужен Либан, објави либанската Национална новинска агенција. Според извештаите, силни експлозии одекнувале и во околните села и градови. Израелските сили извршиле напади и во населените места Хадата и Тири, во областа Бинт Џбејл. Дополнително, биле пријавени израелски воздушни активности и напади во поширокиот регион на јужен Либан. Нападите се случуваат во период на ...

Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н. Е. Мартин Памер, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството. Соработката со Австрија не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата европска ...

Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови. – Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се ...

Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата. – Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,8%, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства”, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства”. Најновото соопштение за монетарните ...

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...

Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Утре во ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...

Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи. Вие велите дека апликацијата ја ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...

Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера. Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на ...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека уапсило 35-годишна жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк во Олбани, каде се наоѓа и канцеларијата на гувернерката, Кети Хочул. Според судскиот поднесок на ФБИ, извесна Џесика Бови, во онлајн комуникација се заколнала на верност кон терористичката организација Исламска држава (ИД) и во јули почнала да го ...

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната ...

Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето. „Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз. Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога поради повреда мораше да го откаже настапот, а потоа ги пропушти турнирите: Ролан Гарос, Вимблдон, ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за ...

Осум лица загинале при пад на чартер-авион во близина на оддалечена радарска станица во западниот дел на американската сојузна држава Алјаска, соопшти американската војска. Несреќата се случила во близина на аеродромот на радарската станица „Лонг Ренџ“ кај Кејп Нуенем, околу 725 километри западно од Енкориџ. Радарската станица е дел од системот на оддалечени пунктови што го следат воздушниот простор над Алјаска и долж нејзините граници. Не ...

Соопштение на Левица: Повторно гледаме како во Македонија не се менуваат системи, туку чувари на истиот режим на привилегии. Едните заминуваат од власт натоварени со афери, другите пристигнуваат со заклетви за правда до крај, а меѓу две изборни смени останува недопрена најважната инфраструктура на поредокот, т.е. механизмот на заемна неказнивост. Криминалот станува предмет, предметот предистрага, предистрагата фиока, фиоката застарување или ...

На спектакуларната бела површина на Туз Ѓолу, односно Соленото Езеро, во регионот Аксарај, во Централна Анадолија, денеска започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail, еден од највпечатливите и најнеобични ултрамаратони во Туркије. Во периодот од 21 до 23 август 2026 година, стотици спортисти и љубители на природата ќе имаат можност да бидат дел од уникатно искуство во еден од најубавите природни предели во земјата. Овогодинешниот Runfire Salt ...

Организаторите на УС опен како и што се очекуваше го зголемија наградниот фонд за 2026 година, а тоа значи дека зголемување ќе има и за тенисерите и тенисерките во секое коло. Победниците т.е. шампионите на овој Гренд слем турнир ќе добијат по 5,5 милиони долари, додека за финалистите е предвидена награда од 2.800.000 долари. Минатата година победници добија по 5 милиони долари. Зголемена е и паричната награда и за учесниците во првото коло, ...

Соопштение на ВЛЕН: Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните. Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот ...

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во 21 часот во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, ...

Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откако германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот Северен поток, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула. Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откако беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

13ᴼ / 9ᴼ
2.57
59%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
52%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
54%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
50%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
67%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32