Словенија ќе набави три илјади ракети „воздух-земја“ за потребите на своите вооружени сили, а испораката е планирана во 2028 и 2029 година, соопшти словенечкото Министерство за одбрана. Првите 1.500 ракети треба да бидат испорачани во 2028 година, а останатите една година подоцна. Ракетите со дострел до три илјади метри ќе се користат за непосредна огнена поддршка на копнените сили на словенечката армија и на сојузничките сили, како и за ...

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...

Германското сојузно обвинителство соопшти дека утрово во Пула е уапсен украински државјанин осомничен за нападите врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море. Во соопштението на германското сојузно обвинителство осомничениот е идентификуван како Владимир З., а се наведува дека го уапсиле локалните полициски сили во Пула, постапувајќи по европски налог за апсење. Тој е под сериозно сомнение дека учествувал во заедничко предизвикување ...

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана” во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и Методиј” ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на модерна и ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на ...

Соопштение на ВЛЕН: Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција. Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со ...

Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денес 19.08.2026 година Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со цел ...

Реакција на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференцијата на опозицијата, во однос на прскањето против комарците Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците. Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам. Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. -Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа што ...

Министерството за одбрана на Русија денеска објави дека е извршена размена на воени заробеници со Украина. „Денеска, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени заробеници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Минатата недела Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници. Министерството за одбрана на ...

На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица „Влашки пат” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против него ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека: – Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. – Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден Доколку временските услови не го дозволуваат ...

На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски” во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување ...

Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Наместо навремена превенција, навремена ...

На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. „Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 ...

На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(48) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. ...

Од 1 септември ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава. Градежните зафати за адаптација на објектот се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во подготовките на училиштето ...

Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...

Дваесетидеветгодишната русинка Снежана Королева починала откако беше нападната од кафеава мечка во туристички камп во селото Артибаш во рускиот Алтајски регион. Королева и нејзиниот партнер кампувале на брегот на езерото Телецкое. Според сведоците, околу 1 часот по полноќ, мечката го пробила шаторот, ја извлекла жената и ја одвлекла кон реката Бија. Нејзиниот вереник, кој наводно ѝ предложил брак само еден ден претходно, бил сведок на ...

Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег”, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика”. Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег” и во Чаршијата. Со ...

Соопштение за јавност на Левица: Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, ...

Соопштение за јавност на СДСМ: СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија. Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа” групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ”. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира ...

Од добар род до загуба за само неколку недели – македонското земјоделство повторно се соочува со истиот парадокс: земјоделците имаат производство, но немаат сигурен пласман. Падот на откупот, високите трошоци и слабата поврзаност со пазарот ги туркаат производителите кон директна продажба од нивите, додека потрошувачите истите производи ги купуваат по значително повисоки цени. Македонскиот земјоделец одамна знае како да произведе. Она што сè ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на ...

Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства. Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности ...

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1030
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
84%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Сребро

1666.05