Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, додека за ...

На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна ...

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги координираше ...

На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети. Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство ...

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна” вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме? Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа ...

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново” во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено ...

Се очекува жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден да добијат технички исправна вода, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од скопскиот ...

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било ...

На 25.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.И.(55), М.И.(26), Р.А.(50) и А.П.(46), сите од Куманово. При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба во 14:00 часот, кој не бил дома, а биле затекнати неговиот син М.И., неговиот пријател Р.А. и пријателката А.П., биле пронајдени и одземени прашкаста материја, дигитална вага, предмети со остатоци од бела прашката материја, метадон и други предмети. По ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Овој текст не напаѓа никого и не брани никого. Тој нуди поинаков поглед на една тема што е важна за секој граѓанин – со цел јавноста да има повеќе од една перспектива врз информациите што секојдневно ги добива. Накратко: не напаѓам и не бранам – се обидувам да разбереме. Важно е да се направи разлика меѓу пренесувањето на фактите и нивното толкување. Информацијата треба да му овозможи на ...

Британската вечер на 66. издание на фестивалот „Охридско лето” што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земjaта, денeska во црквата „Света Софиja” од 21 часот ќе донесе концерт на пиjaнистката Исата Кане-Меjсон. Пиjaнистката Исата Кане-Меjсон е препознатлива по нejзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хajдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години ...

Некои луѓе без напор ги привлекуваат другите. Каде и да се појават, тие брзо започнуваат разговор, ја прекинуваат непријатната тишина и создаваат опуштена атмосфера. Според астролошките толкувања, одредени хороскопски знаци имаат природна харизма што ги прави луѓето среќни да ги поканат на дружење, патување и прослава. Иако секој може да биде сакан во свое друштво, астролозите веруваат дека овие три знаци се издвојуваат. Лав Лавовите имаат ...

Петм алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, објави рускиот портал Lenta. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината. Повикувајќи се на информации од рускиот Телеграм канал Shot, руските медиуми објавија дека само двајца членови на групата за искачување преживеале. Еден човек успеал сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра. Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака. Без вистинска поддршка од државата. Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален. ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше. Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех. Да имаше државата реална политика, ...

Русија изврши балистички напад врз Киев во ноќта помеѓу саботата и неделата, а според официјалните потврди, погодена е и станбена зграда. Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски објави предупредување за можен масовен напад врз главниот град на Украина, пишува „Киев Индепендент“ . Новинарите од теренот известија за неколку експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, а големи пламени биле видливи на местото ...

Соопштение за јавност на Левица: Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари “ново финансирање”. Тоа значи дека речиси секој ...

Тајфунот Ноул рано утрово ја погоди јужна Кина, носејќи силни ветрови и обилни дождови, кои го погодија и Хонг Конг во текот на викендот. Бурата расели повеќе од 715.000 луѓе во покраината Гуангдонг, додека властите го подигнаа нивото на тревога и стотици летови беа откажани. Кинескиот национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време по должината на брегот на градот Хуиџоу, во ...

Пожарникарите се борат да ги локализираат шумските пожари во југозападна Франција, додека силните ветрови ги туркаат пламените јазици кон градот Бордо, а еден официјален претставник вели дека „се далеку од тоа пожарот да биде под контрола“. Повеќе од 300.000 луѓе во Франција и Шпанија избегаа од пожарите што беснеат со денови, бидејќи ветровите и високите температури ги попречуваат напорите за нивно ставање под контрола. Во Шпанија, каде што ...

По бројните реакции за сообраќајниот хаос во Стар Аеродром, пред неколку недели биле поставени средишни столпчиња и на кракот од улицата „Фрањо Клуз“, каде со месеци наназад непрописно паркираните возила го отежнувале, а во одредени моменти и целосно го блокирале сообраќајот. Проблемот најчесто го создавале возила оставени „само накратко“ директно на коловозот, поради што останатите учесници во сообраќајот тешко се разминувале, а на улицата ...

Едно лице загина, а 16 други се повредени откако возач со автомобил удрил во луѓе во близина на парадата на гордоста во Берлин. Тројца од повредените се животозагрозувачки, осум се сериозни, а петмина имаат полесни повреди, соопштија пожарникарите. Според првичните извештаи, бел автомобил удрил неколку луѓе во паркот Тиергартен, а потоа се судрил со дрво. Потоа возачот го напуштил возилото и избегал, изјави портпаролот на берлинската ...

Соопштние за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Најмалку 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако возило за кампување удрило во колона формирана поради застој во сообраќајот. Сите повредени се здобиле со лесни до средно тешки повреди и не се во животна опасност, наведоа надлежните. Според полицијата, возачот на камперот во кој имало и две деца, не го забележал крајот на колоната и ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла” се запалиле со задоцнување во Гостивар. Колку време беше потребно за да го признае тоа? Денови откако илјадници граѓани во Гостивар се разболеа. Денови откако водата беше прогласена за неисправна во повеќе населени места. Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена” ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.56
26%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
53%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
33%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
8.25
39%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
33%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
37%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

56.46