Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, С.Ј.(25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото. Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
Посетата на претседателката на Индија Друпади Мурму на Македонија, претставува историски момент во односите меѓу двете држави. Фактот што станува збор за прва билатерална посета на индиски претседател на Македонија е силен сигнал дека политичките односи меѓу Скопје и Њу Делхи добиваат нова динамика и се поставуваат на повисоко ниво. Официјалните посети на највисоко државно ниво секогаш имаат пошироко значење од протоколарниот дел. Тие се ...
Водата во Општина Пласница не е за пиење, покажуваат документи од Центарот за јавно здравје во Прилеп од последните испитувања на водата од 14 јули годинава. Последните лабораториски испитувања покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедна употреба. Жителите се жалат дека со децении пијат загадена вода и никој не презема ништо. Планица е четвртата општина во која месецов е забранета употребата на водата од водоводот. Забрана за ...
Соопштение на Левица: Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието на Република Македонија одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. ...
На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан, Република Кореја. Министерот Муцунски информираше дека во првичниот предлог на одлуката било предвидено Охридскиот Регион веднаш да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. По усвојувањето на амандманот, ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции. СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните. ...
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко ...
Соопштение за јавност на СДСМ: СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, ...
Ветеранот одбранбен играч Николас Отаменди го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал по 17 години со Аргентина, со што заврши едно од најуспешните поглавја во историјата на националниот тим. 38-годишниот дефанзивец одигра 139 натпревари за „гаучосите“ и учествуваше на четири Светски првенства за време на неговата меѓународна кариера. Тој беше еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата што ја освои титулата на Светското ...
Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Folk Fest Skopje 2026″ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег”, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место. „Честитки ...
Основниот кривичен суд Скопје го укина притворот за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, откако судија на претходна постапка ја прифати понудената гаранција во вредност од над 1.150.000 евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот. Истовремено, за да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот тек на постапката, на Сејдини му е определена мерка на ...
Недостигот на бакар станува глобален предизвик. Според Меѓународната агенција за енергетика, новите наоѓалишта се сè поретки, а постојните рудници работат со сè посиромашна руда. Тоа значи дека понудата тешко ќе ја следи растечката побарувачка, што ќе создава дополнителен притисок врз цените. Во вакви услови, земјите што располагаат со бакар добиваат стратешка предност. Македонија е една од нив, благодарение на наоѓалиштето во Иловица, каде ...
САД воведоа нови царини од 10 до 12,5 проценти за увоз од 60 земји и економски блокови, отворајќи ново поглавје во глобалните трговски тензии. Одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп доаѓа само неколку месеци откако Врховниот суд на САД ги поништи претходните реципрочни царини, оценувајќи дека биле воведени врз несоодветна правна основа. За да ја заобиколи судската пресуда, Белата куќа прво воведе привремена глобална ...
Соопптение за јавност на ДУИ: Јавното признание на претставниците на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата не е оправдување, туку доказ за целосен политички неуспех. Во време кога регионот оди напред, Северна Македонија останува сè поизолирана, додека политичката и институционалната положба на Албанците се деградира од ден на ден. Застапеноста се намалува, албанскиот јазик се исклучува, институциите се затвораат за Албанците, а ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Ако не беше оваа регионална турнеја во пакет со Молдавија и Романија, можеби немаше ни да забележиме какво дно допре македонската дипломатија! Додека Кишинев и Букурешт потпишуваа конкретни меморандуми, обезбедуваа нови пазари за своите земјоделци и договараа реални инвестиции во фармацијата, ИТ секторот и логистиката, нашиот државнички врв ја пречека индиската претседателка со обичен протоколарен фолклор, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Истрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка. Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како “сомнителен заем од кинески пари”. Покрај кредитот, тука се и ...
Во текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување. Годишните одмори, патувањата, високите температури и променетиот ритам на секојдневието се дел од причините поради кои граѓаните поретко се одлучуваат да даруваат крв. Во исто време, потребата од крв не се намалува. Секојдневно, крвта е неопходна за хируршки интервенции, лекување на пациенти со тешки заболувања, лица повредени во сообраќајни незгоди, породувања, како и во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на ...
Жителите на Крушево во наредниот период ќе треба да бидат внимателни при користењето на водата од градскиот водовод, откако ЈП „Комуна“ соопшти дека таа е бактериолошки неисправна. Повикувајќи се на резултатите од анализите на Центарот за јавно здравје од Прилеп, од претпријатието препорачуваат за пиење да се користи исклучиво пакувана вода. Во соопштението не се наведува за каков вид бактериолошка неисправност станува збор, ниту кои ...
Нови детали поврзани со случувањата во гостиварски „Комуналец“ отвораат дополнителни прашања за настаните што му претходеле на загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Како што објави ТВ Телма, вработен во ЈП „Комуналец“ загинал на 15 јуни годинава при интервенција во водоводниот систем, само десет дена пред поставувањето на пумпите кои подоцна го загадиле водоводниот систем и предизвикаа здравствена криза во градот. Според првичните ...
Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум светот. Со Џафар Џексон во главната улога, се најде на листата како ...
Умереното консумирање црно кафе не е поврзано со поголем ризик од срцеви заболувања, па дури може да има и заштитен ефект, според нова студија на Американската асоцијација за срце. Сепак, експертите предупредуваат дека количината, начинот на подготовка и индивидуалните разлики одредуваат дали кафето е корисно или штетно за телото. Најновото истражување носи добри вести за милиони љубители на кафе, што укажува дека овој омилен утрински пијалок ...
Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде историски скок кон мирот на Блиски Исток, објави денеска премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на платформата Икс. Но, тој не го спомена договорот за цивилна нуклеарна енергија помеѓу САД и Саудиска Арабија, што беше објавен вчера. Претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека договорот помеѓу САД и Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна програма ќе биде одобрен само доколку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со „голема воена казна“, обвинувајќи го Техеран за нападите на јеменските бунтовници Хути врз два саудиски нафтени танкери во Црвеното Море, со што, според него, конфликтот на Блискиот Исток се проширува и кон уште една клучна светска трговска поморска рута. Стравувањата дека нарушувањата во поморскиот сообраќај би можеле да се прошират и на Црвеното Море предизвикаа нагло ...
Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС Опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк. Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие ...
Соопштение на СДСМ: Во истиот ден додека Христијан Мицкоски свечено отвора базен, новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави истрага за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски. Маѓар јасно посочи да постои сомнеж дека парите наменети за поддршка на унгарски фирми биле искористени за јакнење на политички сојузник. Истрагата е веќе предадена на полиција. Додека во Унгарија почнуваат да испитуваат каде ...
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале од британската воздухопловна база Ферфорд, ...