Воен хеликоптер на чешката армија со пет припадници на вооружените сили денеска се урна на истокот од Чешка, соопшти војската на социјалната мрежа Икс. Во соопштението се наведува дека службите за итни случаи се на местото на несреќата во воената база во градот Намешт, над Ославоу, на околу 180 километри југоисточно од Прага. Досега не се објавени информации за причината за несреќата или за состојбата на луѓето што биле во хеликоптерот. ...

Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...

Грчките здравствени власти алармираат за зголемен број случаи на вирусот Западен Нил, откако во земјата се регистрирани вкупно 21 заразено лице, а дури 14 од нив се потврдени во текот на изминатата седмица. Според најновиот неделен извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), кај речиси сите заразени се развиле сериозни компликации кои го зафаќаат централниот нервен систем. Од вкупно 21 случај, кај 20 пациенти биле ...

Од денес започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, иницијатива на Општина Чаир која има за цел да прерасне во традиционална годишна манифестација и еден од најзначајните културни настани во Скопје. На прес-конференцијата, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со уметничките директорки Инва Мула и Дешира Ахмети-Керлиу, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, претседателката на Комисијата за ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. „Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. ...

Жителите на Гостивар би можеле веќе до крајот на оваа недела да добијат технички исправна вода, додека доколку сè се одвива според планираниот распоред, водата за пиење ќе биде безбедна кон крајот на следната недела, најави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски посочи дека процесот на санација на водоводниот систем во Гостивар се ...

Сериозен безбедносен инцидент е регистриран ноќеска во Скопје, откако засега непознати сторители украле ГПС уред за следење на железничкиот сообраќај во близина на Железничката станица Маџари, со што била загрозена безбедноста на возниот сообраќај. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 00:30 часот. Кражбата била извршена со употреба на погоден алат, при што бил отстранет уредот ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа: – Направена е измена на дефиницијата на овој тип возила која гласи: „Лесно електрично возило” е ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете”. При контрола во објектот на улица „Партизанска” во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде ...

21-годишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, по претходна семејна расправија, без нејзина согласност го зел нивното 10-месечно бебе и го одвел во Швајцарија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 08:10 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Ш.А. (21) навела дека во семејниот дом претходно имала расправија со сопругот С.А., по што тој противправно и ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок во Град Скопје, Општина Аеродром веднаш формира Комисија за утврдување на фактичката состојба и ја започна постапката за прием на барања, како предуслов за обесштетување на граѓаните, што ќе се реализира во соработка ...

Две нови постапки за семејно насилство отвори Основното јавно обвинителство Тетово, при што едниот осомничен се заканувал дека ќе ја убие сопругата затоа што не сакала да го промени исказот даден пред обвинителството, а другиот физички го нападнал сопствениот татко и му се заканувал со убиство. Во првиот случај, обвинителството поведе постапка против 50-годишен маж за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“, а до надлежниот суд е доставен ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...

Во само еден ден, полицијата регистрираше повеќе случаи на несовесно и незаконско управување со моторни возила, при што меѓу приведените има и тројца малолетници. Особено загрижува случајот во Гостивар, каде 18-годишен волонтер на Црвениот крст без дозвола зел службено возило и предизвикал материјална штета удирајќи во повеќе паркирани автомобили. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 23 јули околу 00:10 часот на ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни инспекциски контроли во угостителски и прехранбени објекти во Гостиварско, при што беше утврдено дека сите контролирани оператори ја почитуваат забраната за користење вода од градскиот водовод. Сепак, инспекторите открија низа други сериозни неправилности – нерегистрирани фирми, небезбедна храна и вработени без задолжителни здравствени прегледи. Контролите ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денес постигнаа договор за 21-от пакет санкции против Русија. Писмена постапка за формална одлука ќе биде покрената попладнево, дознаваат дипломатски извори. Преговорите за 21-от пакет траеја со денови, а последна пречка беше барањето на Грција на нејзините шпедитери да им биде дозволено да транспортираат течен руски гас наменет за трети земји. Компромисот беше постигнат утрово. Тој ...

Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија во седиштето во Мала Речица. Државниот симбол е виден за време на средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер. Впечатливо е дека Ахмети во изјава за порталот на албански јазик Тетова сот рекол дека отсекогаш бил за унитарна држава но и дека државното знаме го поставил во канцеларијата по сугестија на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини и со Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани последиците од неодамнешното невреме и мерките за помош на граѓаните чии домови претрпеле штети. Како што соопштија од Град Скопје, било договорено сите општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите. По приемот на пријавите ќе следува ...

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе” на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе” ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Во периодот додека беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм, Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. „За деца, за ...

На ГП Богородица кон Грција се бележи зголемена фреквенција на возила, но времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути, информираат од АМСМ На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во однос на условите на патиштата, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе” граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години”! Денес, кога одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ветувањата, ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки” од страна на Мицкоски. Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Најновиот пример се горивата. Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија. Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува нов ...

Шри Ланка се соочува со најлошата епидемија на денга треска во последните десет години. Властите ангажираа армија која користи беспилотни летала за пребарување на покриви и други потенцијални места за размножување на комарци за застоена вода. Вирусот одзеде 56 животи во јужноазиската земја оваа година, а повеќе од 77.000 луѓе се заразени, од кои повеќе од една четвртина се регистрирани само во јули. Денга треската, која ја пренесуваат ...

Соопштение за јавност на Левица: Советот на Општина Центар покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија, СДСМ и ДПМНЕ повторно настапуваат како едно. И покрај аргументите и предупредувањата на Левица, советниците на двете партии заеднички го изгласаа Нацрт-ДУП-от за Водно, отворајќи пат за нова бетонизација на еден од највредните природни простори во Скопје. Наместо да ја преземе политичката одговорност за ваквото гласање, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
55%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.72
64%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.2
77%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
68%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
79%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
44%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
50%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Цинк

0.00