Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани. Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, ...
Претседателот на иранскиот парламент, зборувајќи за Ормутскиот теснец, кој е клучен за глобалната трговија со нафта, рече дека безбедноста на теснецот зависи од тоа дали таму ќе има или ќе нема стационирани американски сили. Иран се заканува дека ќе го спречи извозот на нафта од други земји во регионот ако не може да ја извезува својата поради конфликтот со САД. „Оваа војна не остава средина, сè е или ништо“, напиша на Х Мохамад Багер Галибаф ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност. Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува воена акција во Мали против групата JNIM поврзана со Ал Каеда, изјавија сегашни и поранешни американски функционери запознаени со дискусиите. Доколку Трамп ги одобри нападите, Мали ќе стане осмата земја каде што тој наредил воени напади од почетокот на неговиот втор мандат, пишува „Вашингтон пост“ . Не постои консензус меѓу високите американски претставници за тоа дали да ...
Времето во Македонија денеска ќе биде ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се искачат до 34тиот степен во јужниот и југоисточниот дел од државата додека во Скопје температурата ќе биде околу 30 степени Целзиусови ...
Министерот за здравство Сашо Клековски апелираше да нема „слободни јавачи на епидемијата“ во јавниот простор, посочувајќи дека за состојбата во Гостивар треба да зборуваат стручни лица од областа на епидемиологијата и инфектологијата, а граѓаните да ги следат исклучиво официјалните препораки. Тој истакна дека во изминатиот период различни лекари кои не се епидемиолози или инфектолози изнесувале ставови и совети во јавноста, што, според него, ...
Македонски државјанин е уапсен во Србија откако со камион удрил во санитетско возило кое било запрено на стопирачката лента кај Грделица. По приведувањето, надлежните органи му одредиле задржување во траење од 48 часа, соопшти Полициската управа во Лесковац. Тешката сообраќајна несреќа се случила во вторникот попладне на автопатот во близина на Грделица. Санитетското возило превезувало десетгодишно дете од Врање кон болницата во Ниш, кога ...
„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5. Тој посочи дека ...
АД ќе уништуваат по еден мост или електрана секогаш кога Иран ќе пука врз брод во Ормускиот теснец, најави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Најновата закана на Трамп за напади врз цивилна инфраструктура доаѓа во време кога непопуларната војна ескалира без јасен излез, создавајќи ризик за дополнителни глобални економски нарушувања и предизвикувајќи раст на цените на горивата пред претстојните меѓуизбори во САД оваа есен. Двете ...
Денес одржавме координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумираме штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, предизвика паднати дрвја и гранки, оштетени возила, покриви, фасади, електрични водови, урбана опрема и ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...
Премиерот Христијан Мицкоски достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за избор на Зулфикар Зејнула за министер без ресор во Владата. Предлогот веќе е доставен до претседателот на Собранието, Африм Гаши, а пратениците ќе треба да се произнесат за неговиот избор на една од наредните собраниски седници. Зејнула е дипломиран криминалист со долгогодишно искуство во државните институции, локалната самоуправа и управувањето со ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, изјави: „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно работата се презема, после летаргијата којашто ја имаше ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
На 21.07.2026 во 17:00 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Т.(65) од Куманово. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булевар „Октомвриска револуција” додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан остварија средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во ...
Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау ам Ин денеска, по неколкугодишно реновирање, ќе се отвори како полициски центар. Како што е познато, потегот треба да спречи зградата на границата со германската покраина Баварија да биде собиралиште на неонацисти, како во минатото. Родното место на Хитлер постојано привлекуваше крајно-десничарски елементи. Куќата каде што првично живеел Хитлер (роден 20 април 1889 година), долго време ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и на отстранување на ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока за 8,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
Соопштение на Левица: Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. Ова е ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата”. Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП „Национални Шуми”, ...
На ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје денеска беше пуштено во употреба целосно реконструираното Одделение за трауматологија, во чија обнова се инвестирани речиси 230.000 евра. Како што истакна директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, капацитетот на одделот изнесува 26 кревети, каде што девет хирурзи трауматолози годишно изведуваат речиси 1.100 ...
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули”. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, ...
Клиничка болница – Штип денеска ги извести сите болници и здравствени домови во Источниот регион пациентите кои се со скршеници во наредните денови да не ги препраќаат или да ги транспортираат на штипското Одделение за ортопедија. Причината е штетатa од синоќешното невреме, по кое од силниот ветар кој се движел со брзина од 134 километри на час падна дел од кровната конструкција на Клиничка болница-Штип. -Ве известуваме дека поради ...
Долгогодишниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, најави дека во таа централноамериканска земја повеќе нема да се одржуваат избори, со што се анулира можноста за изборни промени во земјата по истекот на неговиот мандат следната година. „Повеќе нема да има избори, на кои тие би се обиделе да ја преземат владата и власта“, рече Ортега во обраќањето по повод годишнината од сандинистичката револуција од 1979 година, во која учествуваше во ...
Вчерашното невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа 2.308 трафостаници на Електродистрибуција, информираат од ЕВН Македонија. Нагласуваат дека засилени екипи на компанијата работеа без престан во исклучително тешки услови и успеаја да санираат дури 90 отсто од ...
Професионалната јавна администрација не се гради само со закони. Таа се гради со јасни правила, објективни критериуми и алатки што секојдневно ќе се применуваат во институциите. Токму во таа насока, Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна. Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и ...
Според експертите, фиксните камери не можат да снимаат на стотици метри одалеченост. Нивните системи работат во точно определена зона на мерење, во која ја регистрираат брзината на возилото и, доколку има прекршок, го фотографираат. Еден од најраспространетите системи во Европа е „GATSO RT4“. Тој ја мери брзината на приближно растојание од 10 до 100 метри, што значи дека уредот може да го евидентира прекршокот откако возилото ќе влезе во тој ...