Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат ...
Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на ...
Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Она што требало да биде обично патување од Грција до Германија за прослава на роденденот на неговиот брат, за српскиот претприемач Љубиша Каровиќ се претворило во вистински кошмар кој засекогаш ќе му го промени животот. Денес, 11 дена по драматичниот инцидент во авионот на „Рајанер“, 61-годишниот Србин сè уште се буди среде ноќ од звукот на експлозијата што ја слушнал непосредно пред да биде делумно исфрлен низ прозорецот на авионот. Во ...
Силното невреме што попладнево зафати поголем дел од Македонија зад себе остави големи материјални штети, повредени лица и оштетувања на јавни и државни објекти. Полициските службеници, заедно со останатите надлежни институции, се на терен и работат на расчистување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека постапуваат по сите пријави поврзани со невремето, при што се ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика сериозни последици низ градот. Повредени се најмалку 15 лица, оштетени се јавни објекти, а службите за итни случаи биле затрупани со повици од граѓани кои пријавувале штети и опасни ситуации. Според информациите од здравствените установи, девет пациенти биле примени на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ. Две лица се здобиле со потешки повреди – една жена со повреда на главата е ...
Големо невреме кое во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според најавите на метеоролозите, нестабилната облачна маса се движи од запад кон нашата земја и во наредните часови се очекува да предизвика локални поројни врнежи од дожд, засилен ветер и услови за појава на невреме на повеќе места. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје го собори големиот 60-метарски јарбол на кој беше истакнато државното знаме на Македонија, лоциран на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт“ (поранешен хотел „Континентал“). Според првичните информации, конструкцијата на јарболот попуштила под налетите на силниот ветер, по што металниот столб се срушил и завршил на земја. На местото веднаш пристигнале надлежните служби кои работат на ...
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...
Соопштение за јавност на ДОМ: Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано ...
Основниот суд во Гостивар им одреди 30-дневен притвор на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар. Станува збор за в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Дервиши, кои мерката ќе ја издржуваат во КПУ „Затвор Скопје“. Судијката Драгослава Веселинова информираше дека судија на претходна постапка ...
Македонија и Индија отвораат ново поглавје во билатералните односи со фокус на економската соработка, инвестициите, дигиталната трансформација и новите технологии, порачаа претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму на заедничката прес-конференција по повод првата официјална посета на шеф на индиската држава на земјава. Сиљановска-Давкова истакна дека иако политичките односи меѓу двете држави се традиционално добри, дојдено е ...
Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека истрагата за масовното труење во Гостивар е сѐ уште во почетна фаза, но не ја исклучува можноста да бидат опфатени и други лица и институции доколку се утврди нивна евентуална одговорност. На денешниот брифинг со новинарите, на кој присуствуваа републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, шефицата на ОЈО Гостивар Елизабета Јосифовска и обвинителите вклучени во предметот, беше презентирана ...
Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски”. ...
„Најдобра банка за физички лица” НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија” од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно ...
Од Град Скопје информираат дека екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. „Кризниот штаб на Град ...
На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Пишува: проф. д-р Иван Анастасовски Постојат моменти кога политиката престанува да биде борба за власт и станува прашање на живот, но веројатно тие момемти во Македонија се редовни и веќе етаблирани за жал. Таков момент е секогаш кога граѓаните ќе почнат да се сомневаат во безбедноста на водата што ја пијат, и од тој миг, кризата повеќе не е комунална, туку таа станува државна (политичка). Сепак за поздравување е брзата реакција на ...
Контрадикторни информации, задоцнети реакции и сериозни прашања за начинот на кој со недели се следел квалитетот на водата во Гостивар произлегоа од денешната заедничка прес-конференција на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска и министерот за животна средина, Муамет Хоџа. Иако истрагата на Обвинителството утврди дека диви пумпи ...
На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...
Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и за раководители во претпријатието, поради основано сомнение за сторени тешки дела против животната средина и природата. За ова кривично дело е предвидена минимална затворска казна од четири години. Во моментот, осомничените се изведени на распит пред судија на претходна постапка, каде што се очекува одлука за нивно подложување на соодветни мерки. ...
Пратеничката Славјанка Петровска повика политичките препукувања околу случајот со загадената вода во Гостивар да престанат и фокусот да се насочи кон итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Според неа, по сè што се случи, на жителите на Гостивар не им се потребни нови политички обвинувања, туку конкретни решенија кои ќе гарантираат дека водата што ја користат е безбедна. Петровска предлага Владата привремено да го преземе ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации. Венко Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата. Дали Венко Филипче го поддржува ...
Иран соопшти дека извршил напади врз американски воени цели во Јордан, Бахреин и Кувајт, гаѓајќи радарски системи, воени бази, воени авиони и други објекти. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека при ракетен напад врз американската база во Јордан уништен е радарски систем за ракетна одбрана и борбен авион Ф-15, што бил во хангар. Според ИРГЦ, целта на операцијата била да се ослабне радарската покриеност на регионот и понатамошни ...
Тројцата осомничени во случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар денеска беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, откако Основното јавно обвинителство отвори истрага против нив за кривичното дело тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејства на загадување на водата за пиење. Пред судот беа спроведени вршителката на должност директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан ...
На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска” во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од ...