Доналд Трамп најави пакет од три милијарди долари за нови американски рударски проекти со кои Вашингтон сака да ја намали зависноста од странски извори на критични минерали. Најголемата поединечна инвестиција во пакетот е вредна една милијарда долари и е поврзана со бакар. Трендот покажува дека бакарот сè повеќе се третира како стратешки ресурс, а државите се подготвени да вложуваат значителни средства за обезбедување сигурно снабдување. ...

Прес-конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо. Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР. Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции. Мислеа дека ќе ги замолчат. ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца”, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија” и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во ...

На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на ...

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. -Воедно, ги потсетуваме ...

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв”, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN” – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје. Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото ...

Соопштение за јавност на Левица: На 29 јуни од Центарот за јавно здравје Тетово, со потпис на потпис на Берун Мустафа, излегува стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи”. Во тој момент, и според подоцнежната обвинителска истрага, спорните пумпи веќе биле поставени и загадена вода веќе влегувала во водоснабдителниот систем. На 13 јули следува уште едно зелено светло дека водата е безбедна. Само еден ден потоа ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје. Додека СДС крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихачка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари нивните партиски ...

Борбени авиони на НАТО утрово соборија дрон што влезе во воздушниот простор на Латвија, во регионот Балви на истокот од земјата, соопштија Латвиските национални вооружени сили (НБС). Според НБС, дронот влегол во латвискиот воздушен простор како резултат на руското електронско војување, објави порталот Делфи. Борбени авиони од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор на балтичките земји беа активирани, а потоа го соборија авионот. ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број. Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две бројки јасно ја покажуваат насоката на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или ттре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел. Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и ...

Силен пожар го зафати хрватското летувалиште Омиш, предизвикувајќи големи материјални штети. Хрватската противпожарна служба (ХВЗ) утрово извести дека четири противпожарни возила биле испратени на пожарот кај Локва Рогозница, кој се проширил и во Омиш, во 6 часот наутро. Со амбулантното возило биле згрижени 19 лица, куќите биле запалени, а поради зголемениот број на евакуирани лица биле отворени и прифатни центри. Сепак, кратко потоа, сите ...

Австриската полиција уапси македонски државјанин кој бил баран поради сомнение дека со нож тешко повредил маж за време на средба поврзана со купопродажба на дрога во Велс. Според информациите на полицијата во Горна Австрија, осомничениот бил лоциран и уапсен во средата претпладне на железничката станица „Вестбанхоф“ (Westbahnhof) во Виена. По апсењето, тој бил спроведен во затвор во Велс. Случајот за кој се товари се случил на 29 април ...

Превртувањето со очите што можеби не го сметате за важно или некои работи што ги правите пред вашиот партнер имаат сериозни последици врз детето. Децата често забележуваат повеќе отколку што признаваат возрасните. Тие не само што го апсорбираат она што им се кажува директно, туку и следат како зборуваме за себе и за другите, што кажуваме за нив на трети лица и како се однесуваме воопшто. Терапевтите објаснија што децата забележуваат, а што ...

Иако најчесто се поврзува со постарите лица, деменцијата може да се појави и кај помладите луѓе без други здравствени проблеми, при што раното препознавање е клучно за утврдување на причината, поставување соодветна дијагноза и навремено започнување со третман, предупредуваат експертите. Симптомите можат да бидат различни во зависност од видот и причината за болеста. Еден таков специфичен облик е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која ...

Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека 13 август 2001 година не е само значаен датум во современата историја на Северна Македонија, туку момент кој го промени текот на државата и им даде можност на илјадници семејства повторно да размислуваат за иднината. Во својот говор, Ферати истакна дека некои денови остануваат запишани ...

Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. „Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува“, рече Ангелов. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. ...

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата професионална посветеност и придонес ќе останат во ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
82%
998
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
994
weather icon

Софија

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
61%
1007
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.1
89%
1004
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
98%
995
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
4.92
84%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
51%
1007
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
68%
1006
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
83%
1005
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
97%
999
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
8.23
94%
1013
Currency

61.722

Currency

55.489

Currency

73.866

Currency

38.023

Currency

39.042

Currency

66.854

Currency

8.3269

Currency

0.66988

Currency

0.34813

Currency

0.52464

Currency

1.1043

Currency

0.59198

Сребро

1620.38

Цинк

3.79

Иридиум

324722.54

Кобалт

33.53

Злато

124908.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.41

Платина

48836.98

Алуминиум

3.01

Калај

47.40

Паладиум

31700.64

Родиум

294983.10