Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека и покрај состојбите со цената на нафтата, цените на услугите на нашиот транспортен сектор остануваат стабилни поради конкурентноста на компаниите. Очекува до примената на новиот систем за влез во Шенген зоната да се решат проблемите за престојот на превозниците, а тоа, потенцира, државава го решава индивидуално. Апелира јавноста и превозниците во Македонија, како што рече, ...
Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на ...
„Навистина е прашање колку жртви однесе навистина молкот на институциите?”, праша претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, на тркалезната маса „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство”, организирана од Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски. „Слушам институциите треба да постапуваат за да има ...
Дваесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е лишен од слобода откако полицијата открила дека со денови држел во заробеништво, физички малтретирал и силувал 22-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата неодамна пристигнала од Германија за да се сретне со осомничениот, со кого претходно се познавала. Пеколот за младата жена започнал на 23 февруари, кога во неговиот дом во скопската населба Гази Баба тој ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги отвори обновените спортски терени на кејот на реката Вардар, реализирани во партнерство со Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски. Проектот вклучува реконструкција на терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, поставување урбана опрема и воспоставување современи отворени фитнес-зони. Во рамки на иницијативата се предвидени и уредувања на спортските површини во Маџир ...
Изминува првата недела од војната помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна. Додека конфликтот се проширува, расте и бројот на човечки жртви како и бројот на повредени лица. Од почетокот на војната во Иран загинале над 1350 лица, додека 2000 лица се повредени и примаат медицинска помош. Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур, ги сподели овие информации: Повеќе од 2.000 повредени лица моментално се на ...
На 06.03.2026 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ф.Ј.(42) од Куманово. Тој бил осуден на пет години затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. На 06.03.2026 во 05.00 часот, полициски ...
Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека се одземени лиценците на уште три компании кои одгледуваат канабис за медицински цели, со што вкупниот број на фирми што останаа без дозвола се искачи на девет. Претходно, на 24 февруари, Владата донесе одлука за одземање на лиценците на шест компании – „Алфа фарм“, „Грин лајф“, „ЦБД мед план“, „Лајф плант“, „Ата фарм“ и „Канабидоис“. Воедно беше најавено дека ќе се спроведат засилени ...
ВАРДАКС АД ја информира јавноста дека повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања. Квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, можат да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата. ВАРДАКС АД ја ...
Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Ова ...
На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 05.03.2026 во 06:00 часот во скопско, ...
Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две престижни признанија на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, потврдувајќи ја својата позиција како една од водечките агенции во индустријата за организација на настани и бренд комуникации во Македонија. Агенцијата беше наградена со признание за најдобар ПР настан за проектот „50 години две легенди – BMW серија 3 и Влатко Стефановски“, како и за најдобар ...
Русија и Украина денеска разменија воени заробеници во форматот 300 за 300, објави руското Министерство за одбрана. Руските медиуми објавија дека ослободените руски војници моментално се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што ја добиваат потребната психолошка и медицинска помош. Оттаму истакнуваат дека тие потоа ќе бидат однесени во Русија на лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана. Русија и ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека повлекувањето на пријавите од страна на жртвите останува еден од најсериозните предизвици во справувањето со семејното насилство. Пред почетокот на тркалезната маса посветена на заштитата на жените, Тошковски нагласи дека жртвите не треба да бидат осудувани за ваквите одлуки, бидејќи најчесто се наоѓаат под силен притисок од насилникот. Тој посочи дека е потребна поефикасна ...
Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби, предупреди дека сите производители на енергија од Заливот би можеле да го прекинат извозот во рок од неколку недели ако конфликтот во Иран продолжи и цената на нафтата ќе достигне 150 долари за барел (моментално 89 долари за барел во Европа). Предупредувањето доаѓа откако Катар веќе го запре производството на течен природен гас (LNG) поради иранските напади врз земјите од Заливот, што дојде ...
Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета што ја спроведе ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во рамки на работната посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, вчера (5 март), оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони. На средбата која се реализира во Пентагон, Вашингтон, се потврди тридецениското партнерство и соработка помеѓу двете Армии. Во оваа прилика, генералот ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја обвини Будимпешта дека „зела заложници“ седум вработени во државната банка на Украина откако вчера беа приведени во Унгарија. Вработените во „Ошчадбанка“, државната украинска банка, беа приведени додека транзитирале пари меѓу Австрија и Украина со две банкарски возила, пишува „Киев Индепендент“ . Статусот на приведените лица засега е непознат. Овие сериозни обвинувања доаѓаат во ...
Синоќа и утрово дел од бензинските пумпи не точат дизел гориво. Екипа на 24инфо.мк и самата направи мала обиколка на неколку бензински пумпи низ Скопје. На две бензински пумпи на „Макпетрол“ од страна на вработените беше кажано дека немаат дизел гориво, а на прашњето дали ќе стигне наскоро не дадоа одговор. За разлика од „Макпетрол“, на „Лукоил“ се точи и дизел гориво како и останатите видови на гориво, а вработените уверуваат „дека не може ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Една слика, илјада зборови. Асмир Јахоски, сопственик на познатата компанија Пуцко Петрол на состанок во Мицкоски во Владата. Колку само прес конференции ВМРО-ОКГ одржа против Јахоски и Пуцко Петрол, дека бил криминалец, дека го труел народот, што ли уште не. Колку само изјави лично од Мицкоски? Во март, минатата година, Јахоски беше приведен, беше спроведен во притвор како осмничен во врска со сучај за мазут ...
Министерот за правда , Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на ...
По повод претстојниот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, вршителката на должност претседателка на Основен кривичен суд Скопје, судијката Даниела Димовска, денеска го посети притворското одделение во рамки на Затвор Скопје, каде во моментов се сместени 12 жени против кои се води кривична постапка и за кои сѐ уште нема правосилна судска одлука. Од судот информираат дека посетата не била само институционална обврска, туку и порака дека ниту ...
Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од ...
Група христијански пастори се собраа синоќа во Овалната соба на Белата куќа за да се молат за претседателот Доналд Трамп, додека американско-израелската воена кампања против Иран, која сега влегува во својата втора недела, продолжува да ескалира. Конфликтот досега одзеде околу 1.000 животи, вклучувајќи го и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Се молев за Трамп и војниците Заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Ден Скавино, ...
Вкупно 52 француски брода моментално се блокирани во Арапскиот Залив, додека уште осум се заглавени во Црвеното Море, изјави францускиот министер за транспорт Филип Табаро, додека Париз се обидува да формира меѓународна коалиција за обезбедување на поморскиот сообраќај во регионот. Табаро рече дека француските власти одржуваат постојан контакт со екипажите, истакнувајќи дека на неколку од бродовите има француски морнари . Тој додаде дека ...
Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што ѝ се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денес премиерот Виктор Орбан. „Го запревме извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за Украина, сè додека не добиеме одобрение од Украина за испораки на нафта“, рече унгарскиот премиер. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, на 52-годишна возраст загинал нивниот колега Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Во соопштението од ЦУК се наведува дека Бучукоски бил долгогодишен и посветен професионалец, кој со својата работа и човечност оставил силен печат меѓу колегите и во заедницата. „На 05.03.2026 година, во ...
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нашаднал 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по ...
На 7 март со почеток во 11:00 часот, на Малата сцена на Македонската опера и балет премиерно ќе биде изведена новата интерактивна музичко-сценска претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Претставата е наменета за најмладата публика и носи динамична приказна исполнета со музика, игра и интеракција со публиката, со цел децата активно да учествуваат во сценската авантура. Истата ден ќе биде одиграна и реприза со ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, ...