Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се ...

Двегодишно дете вчера било донесено во Општа болница Куманово по труење со лекови. Детето по укажаната медицинска помош денеска е пуштено на домашно лекување. – На 09.08.2026 во 14:28 часот во СВР Куманово, лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено од лекови, информираат од Секторот за внатрешни работи. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на ...

Првото издание на „Џез-вечери”, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето”, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ” и на НУ „Охридско лето”. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија” и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...

На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

На 10.08.2026 во 04:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.П.(39) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна невенчана сопруга. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.П. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

На 09.08.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, Г.С.(67) од кочанско пријави дека околу 07:30 часот на подрачјето на Центар, две лица ѝ се доближиле, при што едното од нив со употреба на физичка сила и одзело женски ранец со документи и лични предмети и избегале. Според пријавеното, таа тргнала по нив и влегла по нив во автобус сакајќи да си го врати ранецот, по што истото лице со тврд предмет ја удрило и избегале. Се преземаат мерки за ...

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Алијансата за Албанците изразува длабока загриженост во врска со владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, во кој Албанците се речиси целосно исклучени, додека албанскиот јазик целосно отсуствува. Неприфатливо е еден официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде изграден врз едноетнички наратив, создавајќи впечаток дека оваа ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот ...

На ден 10.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а 2 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак ...

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен ...

Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити – 0 седници. Беким Сали – 0 седници. Арбен Фетаи – 0 седници. Вкупно: нула. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата може да се нарекува „прв заменик-премиер“, може да има ...

Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје ја претставува новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги ...

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. ...

Високите температури во Македонија продолжуваат и втора недела, а Институтот за јавно здравје предупредува дека најголем ризик имаат повозрасните лица, хронично болните и луѓето кои редовно користат терапија. Според ИЈЗ, лицата над 65 години потешко се приспособуваат на продолжена изложеност на жештина, а одредени лекови дополнително можат да влијаат врз начинот на кој организмот ја регулира температурата. Терапијата, сепак, не треба да се ...

Европа продолжува да ги зајакнува своите капацитети за идентификување и управување со критичните минерални ресурси. Идејата за создавање единствен Центар за критични минерали на ЕУ доби поддршка и од европската геолошка заедница. Од EuroGeoSurveys оценуваат дека на Европа ѝ е потребен хармонизиран систем кој ќе ги обедини информациите за наоѓалиштата, ресурсите и резервите на критични минерали, како и за истражувачките активности. Во ...

Хусеин Џаши, член на проиранската фракција „Лојалност кон отпорот“ во либанскиот парламент и претставник на либанската милитантна група Хезболах, оцени дека Иран излезе од војната посилен од претходно. Зборувајќи за неодамнешните случувања во земјата и регионот, Џаши рече дека војната што ја започнаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да го урнат или ослабат Иран, заврши со проширување на ...

Најмалку 13 лица загинаа, а уште 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев. Меѓу загинатите има и едно дете, додаде тој. Нижнекамск е дом на големата рафинерија ТАНЕКО, во сопственост на руската нафтена компанија Татнефт. Рафинеријата исто така беше цел на нападот. Градот се наоѓа на повеќе од 960 километри на руска територија. Украина, исто така, ...

Голем сообраќаен застој утрово е регистриран на патниот правец Гостивар – Стража, по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила. Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом.Меѓу возилата кои учествувале во сообраќајката има и камион кој превезувал дрва. Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница е значително отежнат, а на патниот правец Гостивар – Маврово ...

Пишува: проф д-р Иван Анастасовски Македонската демократија денес не се соочува само со прашањето кој ќе ја има политичката власт, туку со многу посуштинско прашање: “Дали државата може да стане посилна од партиите што ја управуваат“? Ова претставува едно од клучните прашања за иднината на македонското општество. Демократијата не се мери само со одржување избори, бројот на политички партии или со смената на власта, туку вистинската ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во ...

Соопштение за јавност на СДСМ Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна” и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси”. Ако во водата имало многу ...

Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, кого ДПМНЕ го претвори во заштитно лице на својата предизборна ‘правда’, им ја претвори најгласната мантра во предмет ...

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го зголеми производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да обезбеди „оружје што им е потребно на нашите војници со темпо што го бара заканата“. Парнел потврди дека министерството се обидело да го забрза ...

Соопштение за јавност на СДСМ: На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, ...

Украинските сили извршија нови напади врз цели во Русија и окупираните територии на Украина. Според извештаите од теренот, цел на нападот била рафинерија за нафта во Татарстан, додека во Симферопол на Крим биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, а избувнале и пожари во окупираниот регион Донецк. Информациите биле објавени на каналите на Телеграм кои ги следат воените настани, пишува „Киев Индепендент“ . Напади во ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан беше забележан на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што во опуштена атмосфера пиеше ракија во друштво на влијателни бизнисмени. Меѓу нив беа Оскар Вилаги, втор човек на нафтениот гигант МОЛ, и архитектот Даниел Тарачки. Снимките предизвикаа големо внимание во унгарските медиуми, кои го анализираат присуството на високиот бизнис сектор покрај унгарскиот политичар на ваков тип ...

Над еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучувајќи ја и областа Шангај, откако тајфунот Долфин се упати кон копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а околу 1.400 летови беа откажани само во Шангај. Бранот прво го погоди Јухуан во покраината Џеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венжоу, соопшти кинеската ...

Во Охрид вечерва, на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот понуди богата музичка и сценска програма, но покрај настапите, вниманието го привлече и еден необичен детаљ – на дел од сценографијата и визуелните елементи беше прикажан симбол кој потсетува на македонското државно знаме, но сонцето има ...

Жителите на западна Европа, Северна Америка и делови од Арктикот во среда, на 12 август, ќе имаат можност да сведочат на спектакуларно целосно помрачување на Сонцето – прво на европскиот континент по 27 години. Главниот појас на тоталитет ќе помине преку Гренланд, Исланд, Шпанија и Балеарските Острови. Во овие области Месечината целосно ќе го покрие сончевиот диск, а за кратко ќе стане видлива и сончевата корона. За Македонија, сепак, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1008
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
5.66
75%
997
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
994
weather icon

Софија

21ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.38
88%
1004
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
98%
993
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
6.26
85%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
50%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
64%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
84%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
95%
1013
Currency

61.713

Currency

55.489

Currency

73.856

Currency

38.012

Currency

39.039

Currency

66.845

Currency

8.327

Currency

0.66989

Currency

0.3481

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59191

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Калај

47.40

Паладиум

31700.64

Родиум

294983.10

Платина

48836.98

Иридиум

324722.54

Бакар

12.41

Сребро

1620.38

Цинк

3.79

Злато

124908.87

Рутениум

61086.42