Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Нападите на САД и Израел врз Иран, како и иранските одмазднички напади, се проширија речиси низ целиот Блиски Исток. Како овој конфликт ќе влијае на војната на Русија против Украина? Војната против Иран, предводена од САД и Израел, со денови доминира во светот на политиката и медиумите. Нејзините последици се чувствуваат и далеку надвор од границите на регионот – дури и во Украина. Помалку оружје за Украина Австрискиот воен историчар Маркус ...
Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ статистика. Бројките се важни затоа што ни помагаат да ги препознаеме трендовите и предизвиците, но зад секој предмет стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита, истакна в.д. јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство” што ...
Четворица мажи се уапсени во Обединетото Кралство во рамки на антитерористичка истрага под сомнение за шпионажа во корист на Иран, соопшти денеска лондонската Метрополитен полиција. Приведените се сомничат за помагање на странска разузнавачка служба и следење на чувствителни локации. Според полициските извештаи, истрагата е насочена кон сомневања за надзор на локации и поединци поврзани со еврејската заедница на подрачјето на Лондон. ...
Кина преговара со Иран за да му се овозможи безбедно минување на бродовите што превезуваат сурова нафта и катарски гас низ Ормускиот теснец, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Разговорите се одржуваат на седмиот ден од војната меѓу Израел, САД и Иран, бидејќи стотици бродови се закотвени околу каналот, клучен воден пат за околу една петтина од светската нафта и гас, што ги зголеми цените на енергијата. Ројтерс ...
Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, јавија ирански медиуми, пренесува ДПА. „Сите академски активности се суспендирани“, објави реформски ориентираниот портал Eslahat News, повикувајќи се на иранското Министерство за наука. Според извештајот, запрени се и наставата со физичко присуство и онлајн предавањата. Во меѓувреме, голем дел од Иран и на седмиот ден од војната останува речиси целосно исклучен ...
Иранската државна телевизија ја нарече денеска националната женската фудбалска репрезентација „воени предавници“ откако фудбалерките не ја испеаја химната пред натпреварот од Азискиот куп против Јужна Кореја во Австралија претходно оваа недела. Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади за време на викендот во кои беше убиен врховниот лидер на ...
Јужна Кореја и САД разговараат за можноста дел од американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ да бидат префрлени од Јужна Кореја за потребите на конфликтот со Иран, изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун. Чо одговараше на прашања на парламентарно сослушување по медиумските извештаи дека делови од американскиот мобилен противвоздушен ракетен систем се преместени во воздухопловната база Осан од други локации ...
Претседателската на Косово, Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и најави дека ќе бидат распишани вонредни избори. Османи изјави дека откако синоќа пратениците не успеаја да изберат претседател на државата, го турна Косово во нови избори. – Оваа ситуација целосно можеше да се избегне. Голема несреќа е што пратениците не го избраа интересот на народот, наведе Османи. Таа најави дека во текот на денот ќе одржи ...
Денеска се одржа средба меѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и делегација од турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, на која беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на мостот, со ...
Начинот на кој се подготвува кафето може да има многу поголемо влијание врз здравјето на срцето отколку што вообичаено се мисли. Најновите научни сознанија укажуваат дека главниот виновник за високиот холестерол можеби не се наоѓа во чинијата, туку во шолјата со кафе. Истражувањата покажуваат дека разликата меѓу филтер-кафето и „турското“ кафе, кое е најзастапено на Балканот, не е само во вкусот, туку и во долгорочните последици по ...
Израел соопшти дека либанското шиитско движење Хезболах денеска испалило 70 ракети на израелска територија. „Во последните денови, стотици ракети и дронови беа испукани“ кон Израел, а од денеска „околу 70 ракети беа испукани“ кон израелска територија, изјави портпаролот на израелската армија Надав Шошани. Од почетокот на израелската офанзива против исламистичкото движење на 2 март, „извршивме 26 бранови напади, во кои нападнавме повеќе од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња на ум за „добар лидер“ што ќе ја преземе земјата. Коментарите на Трамп доаѓаат во услови на зголемени тензии и воени акции, а следеа по смртта на врховниот лидер на Иран, Хамнеи, минатиот викенд, објави Ен-Би-Си Њуз. Во телефонско интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп беше директен. „Сакаме да влеземе и да ...
Забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Струга се укинува, соопшти попладнево на официјалната фејсбук страница јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Информацијата ја сподели и Општина Струга. Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на анализата на примероците од водата од изворот „Шум“ во последните денови. – Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци ...
Кремљ денеска предупреди дека планот на Владата на Финска да ја укине целосната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија ќе ја зголеми тензијата во Европа и ќе предизвика одговор од Русија. Финска, која има долга заедничка граница со Русија, за време на Студената војна водеше политика на неутралност, но во 2023 година се приклучи на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина. Владата во Хелсинки вчера соопшти ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува ...
По повод 7 Март – Денот на учителот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во просториите на Општина Чаир пречека претставници од образованието и пензионирани просветни работници, при што беа доделени признанија за истакнати наставници и за нивниот долгогодишен придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации. „Учителите се темелот на секое здраво општество и секој успех на младите генерации е резултат на нивната ...
Со цел да се засилат гласовите на младите жени како двигатели на промени и да се истакнат напредокот и предизвиците во областа на родовата еднаквост, Меѓународниот ден на жената беше одбележан со низа активности кои ја нагласија потребата од повторно потврдување на заедничките заложби за родова еднаквост, правда и дејствување. Настанот, организиран заеднички од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Универзитетот „Св. ...
Грција ќе обезбеди итна поддршка за противвоздушната одбрана на Бугарија преку распоредување на ракетна батерија „Патриот“ и ловци Ф-16 во пограничниот појас, соопштија денеска грчкиот министер за национална одбрана Никос Дендиас и неговиот бугарски колега Атанас Запрјанов. Мерките се преземаат на барање на официјална Софија, по проценките на НАТО за потребата од зајакнување на југоисточното крило поради ескалацијата на конфликтот во Блискиот ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов работнички протест на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција во Работничкиот дом, посочи дека ваквата одлука за продолжување на синдикалната борба на улиците доаѓа по, како што рече, игнорирањето и ...
Израел соопшти дека подземниот воен бункер на покојниот ирански врховен лидер Али Хаменеи во Техеран денеска бил цел на напад изведен од околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, пренесе ДПА. „Пред малку околу 50 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, водени од прецизни разузнавачки податоци на израелските вооружени сили, го погодија подземниот бункер на Али Хаменеи во Техеран“, се наведува во соопштение на ...
Министерот за здравтво, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ. Станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет и која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален дозиметриски мониторинг на лица професионално изложени на ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп”. Пријавениот, во својство на полициски службеник од ...
Со досегашните десет евакуациски летови организирани со помош на Европската Унија превезени се околу 1.000 патници од Блискиот Исток назад во Европа, соопшти денеска портпарол на Европската комисија на прес-конференција. Тој појасни дека Комисијата може да покрие до 75 проценти од трошоците за летови организирани од земја членка на ЕУ, доколку најмалку 30 проценти од местата се наменети за државјани на други европски земји. Според него, ...
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени ...
На 05.03.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане. Потоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. ...
Секој еден полицаец ќе даде максимум од себе за спречување на какво било насилство, особено насилство врз малолетни деца, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса за поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство. Тој посочи дека едeн од најголемите предизвици во справувањето со семејното насилство е ситуацијата кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата. ...
На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да уплати пари на компанијата и на тој начин да инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна ...
Апслотуно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има ...
Патниците на кои цената им е еден од најважните критериуми при изборот на одмор би можеле да се израдуваат на новата листа на најповолни светски дестинации за 2026 година. Станува збор за градови ширум светот кои нудат комбинација од автентична атмосфера и пријатен престој, со хотелско сместување кое во просек чини помалку од 150 евра по ноќевање. Листата ја објави туристичката платформа „Експедија“ во извештајот „Поволни дестинации 2026“, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра порака до Иран, нагласувајќи дека со таа земја нема да има никаков договор освен „безусловна предавање“. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп порача дека тоа е единствениот можен исход во односите меѓу Вашингтон и Техеран. Во пораката тој ја изнесе и својата визија за иднината на Иран, тврдејќи дека по исполнувањето на овој услов земјата може да добие силна економска ...