Смеа, музика, изненадувања и одлична енергија – во таква атмосфера, Ragusa360 беше домаќин на Lazarov Awards Warm Up, настан кој на динамичен и автентичен начин го означи почетокот на одбројувањето до главниот настан што ќе се одржи на 3 јуни. Програмата беше внимателно креирана за да понуди уникатно искуство, комбинирајќи забава, интеракција и ексклузивни моменти за присутните. Во текот на вечерта беа доделени бројни вредни подароци, меѓу ...

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле по 500.000 денари, односно вкупно 1,5 милион денари, средства што претходно ги добиле врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова го соопшти Фонд за здравствено осигурување на Северна Македонија преку генералниот директор Сашо Клековски, кој посочи дека институцијата, покрај медицинската, врши и постојана финансиска контрола. „Во три случаи актуелни или ...

Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип бара казна согласно законот, бидејќи 74 годишниот Денис Асанов ја убил 79 годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Ова се дел од завршните зборови за случајот со убиството на Николова, чиј дел од телото беше пронајдено закопано во дворот на Асанов во Штип. -Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека ...

Мигрената не е обична главоболка, туку онеспособувачка состојба што бара посебен третман и медикаментозна терапија, апелираа невролозите на Националниот ден на мигрена, кој за првпат се одбележува во земјава, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“. Во земјава се смета дека околу дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена, што значи некаде ...

На прв поглед, идејата дека земја како Северна Македонија може да стане релевантен играч во вселенската индустрија е амбициозна, па дури и нереална. Сепак, современите трендови во науката и технологијата покажуваат сосема спротивно. Во наредните недели, АСТРА — Здружение за астрономија и вселенски истражувања, ќе го постави јавно прашањето кое во научните кругови циркулира со години, а во пошироката јавност речиси и не се слушнало: зошто ...

Со цел да се спречи растот на цените и да се помогне на земјоделците и домашното земјоделско производство, денеска на 166-та владина седница, Владата донесе Одлука каде што се ограничува маржата на цената на вештачките ѓубрива. Целта е да се обезбеди достапност до ѓубривата и да се заштитат земјоделците од растот на цените. Станува збор за две одлуки кои што ќе стапат на сила и истите ќе се применуваат до 31.05.2026 година. Првата одлука се ...

Македонската медиумска сцена денеска ја потресе тажна вест. Во ист ден, македонското новинарство остана без две свои долгогодишни, почитувани имиња кои оставија неизбришлива трага во јавниот простор. Семејството на Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, ја сподели веста за нејзиното заминување. Алтипармакова го мина целиот свој работен век во јавниот сервис, каде што како спикерка, ...

Поранешната претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочи со сериозни обвинувања во судница, откако Јавно обвинителство презентираше пораки кои, според обвинението, покажуваат дека друго лице полагало испит во нејзино име за добивање сертификат со највисок степен на доверливост – „државна тајна“. Димитровска е обвинета за компјутерски фалсификат и одавање службена тајна, а според доказите што ...

Полицијата на Србија информираше дека го уапсила А.Ѓ. (19), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство. Се сомнева дека во текот на ноќта на 19 април, по расправија и физички конфликт, убил четириесет и осумгодишен маж со секира, а следната ноќ го пренел неговото тело во атарот на селото Хртковци, го полеал со бензин и го запалил. Со брза и ефикасна работа на полицијата, осомничениот е уапсен и, по наредба на ...

Тројно убиство кое се случило во подгоричката населба Стар аеродром ја вознемири црногорската јавност- полицијата објави дека се пронајдени три безживотни тела – тројца возрасни мажи. „Вијести“ од полицијата дознава дека меѓу убиените се браќата од Рожаје, Денис Хот (28) и Незрин Хот (27). Злосторството не е поврзано со пресметка меѓу криминални групи. Полицијата трага по Вехид Муриќ од Рожаје, кој е осомничен за тројно убиство, а се верува ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 14.11.2025, 34-годишник од струшко село стапил во контакт со пријавениот кој изработувал блиндор врати и се договориле да му изработи врати до 20.01.2026 за износ од 3.040 евра. Според договореното, оштетениот му исплатил на пријавениот 2.140 евра, а другиот дел од ...

На 20.04.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), кој се одржува во Женева. Темата на овогодишниот форум е „Заедничко трансформирање: иновативни и правични активности за Целите за одржлив развој”. Во својство на ко-претседавач, министерот Муцунски ја отвори пленарната сесија, нагласувајќи ја потребата од ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени и сè потежок живот, а владата на Мицкоски нема решенија. Нема зголемување на платите, нема мерки за подобар стандард, економијата тоне. Снемува пари. А кога ќе снема пари во буџетот… ете ни избори. Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот период се потврдува. Власта шверцерски протнува законски измени на Законот за Влада, сакаат да ја укинат техничката влада односно ...

Соопштение за јавност на Левица: Согласно проекциите на Државниот завод за статистика, до 2070 година Македонија ќе има само 3.760 деца до десетгодишнa возраст и 3.209 лица под 30 години. Дополнително на тоа пензионерите ќе ја надминат бројката на работотспособно население, а проекциите се дека до 2070 во земјава најбројно население ќе биде на возраст над 70 години, за што зборуваат и бројките според кои население до 30 години ќе биде за ...

За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија: Ако постои тема што со години ја прогонува јавноста, тоа е недовербата во судството и обвинителството. Иако имаме устав, закони, институции и цели лавиринти од процедури, правдата кај нас сè уште изгледа како случајност, а не како систем. Граѓаните одамна го поставуваат истото прашање: како е можно држава со толку многу реформи сè уште да не обезбеди еднаквост пред законот? Одговорот, ...

Руските власти започнаа кривична истрага откако тигар скокна во преплашени гледачи во циркус во Ростов на Дон, јужна Русија. Инцидентот се случил за време на претстава во која три тигри и двајца дресери биле во арената, според снимките објавени од локалните медиуми. Кога заштитната бариера помеѓу публиката и животните попуштила, еден тигар скокнал преку неа и влетал во публиката. Снимката го прикажува животното како се движи меѓу редовите ...

Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инспекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави „МКД.мк“. Според сознанијата, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им ...

За нешто повеќе од една година, владата Мицкоски ја уништи економијата, го саботираше европскиот пат, ги нападна правата на Албанците и ја одржува групацијата „Влен” заробена преку принуда и кривична изложеност на нејзините лидери. Ветувањата за „плата од 1.000 евра” и „рекордни инвестиции” се претворија во минимална потрошувачка кошница од 68.797 денари месечно, плата која не ги покрива ни основните потреби, и пад од 61% на странските ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија. Барањето поднесено од претходната влада СДСМ е истечено, а актуелната Влада на Мицкоски не поднела ново барање. Исто така, нема активна потерница од Интерпол за негово апсење. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не направиле за да го вратат Груевски во Македонија и да одговара пред правдата. Ова не е случајност. Ова е јасен доказ дека Мицкоски ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север кон Македонија, до крајот на денов и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на целиот ден среда 22 април 2026 во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи и со повремено силен ветер (до околу 60 км/час) во форма на невреме. За време ...

Голем пожар во CET București Vest го прекина снабдувањето со топла вода за илјадници жители низ Букурешт, откако експлозија предизвика голем пожар доцна во понеделникот навечер. Инцидентот, кој бил видлив од неколку километри оддалеченост, зафатил повеќе од 3.000 станбени блокови во главниот град на Романија, оставајќи ги домаќинствата во секторите 1, 5 и 6 без топла вода. Властите велат дека пожарот избувнал во трансформаторските единици на ...

Рамиз Мерко, екс градоначалник на Струга, јавно реагираше за, како што вели, постоење на двојни стандарди во односот кон поранешни функционери, оценувајќи дека принципите за правична постапка не се применуваат еднакво за сите. Во објава на социјалните мрежи, Мерко посочува дека ги следел изјавите на ДУИ за политички притисок врз поранешни функционери како Блерим Беџети и Фатмир Дехари, но поставува прашање зошто истиот пристап не бил применет ...

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, се закани дека ќе се соочи со сериозни последици за раководството на Хезболах, повторувајќи дека целта на Израел е да ја расформира групата и покрај кревкото примирје. Зборувајќи на државната комеморација на гробиштата Маунт Херцл во Ерусалим, на Денот на сеќавањето на паднатите војници и жртвите на тероризмот, Кац рече дека Израел ќе продолжи со воените операции во Либан доколку е потребно за да ...

Медицинскиот факултет во Скопје од денес функционира со ново, одржливо енергетско решение. Со донација од ОКТА, на покривот на Деканатот на институцијата е поставена фотоволтаична централа, која ќе обезбеди чиста електрична енергија, значителни заштеди и намалено влијание врз животната средина. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 40,3 kWp, која годишно ќе произведува околу 54 MWh електрична енергија. Со нејзиното ...

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична ...

Ирански генерал го обвини Доналд Трамп дека „лаже“ и дека е „очаен“ во обидот да постигне примирје. Според новинската агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, висок командант во иранската војска изјавил дека Иран и неговите сили ги довеле Израел и САД „до очај и исцрпеност“, принудувајќи ги „очајно да бараат прекин на огнот“. Генералот Абдулахи, исто така, рече дека вооружените сили нема да дозволат „лажливиот и заблуден ...

Руската централна банка продаде приближно 22 тони злато од почетокот на 2026 година за да го покрие буџетскиот дефицит, кој достигна 4,6 билиони рубли (61,3 милијарди долари) до крајот на март поради ниските приходи од нафта и гас. Продажбата на злато е еден од клучните механизми со кои Москва се обидува да ги финансира растечките трошоци. Официјалните податоци објавени од „Москва тајмс“ покажуваат дека резервите на злато на Русија се ...

Најмалку две деца умираат од убодни рани секој месец во Англија, покажа ново национално истражување, истакнувајќи загрижувачки пораст на насилството кај младите и сериозни пропусти во раната интервенција. Првата анализа од ваков вид откри дека смртните случаи од нож кај лица под 17 години се зголемиле од 21 во 2019/20 година на 36 во 2023/2024 година, што е во просек од најмалку две деца месечно, објави Скај. Повеќето од жртвите биле момчиња, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
78%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.34
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52