Борбени авиони на НАТО утрово соборија дрон што влезе во воздушниот простор на Латвија, во регионот Балви на истокот од земјата, соопштија Латвиските национални вооружени сили (НБС). Според НБС, дронот влегол во латвискиот воздушен простор како резултат на руското електронско војување, објави порталот Делфи. Борбени авиони од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор на балтичките земји беа активирани, а потоа го соборија авионот. ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат сериозен пад на застапеноста на Албанците во полицијата. Од 549 новопримени полицајци, помалку од 40 се Албанци. Тоа е околу 7 проценти од вкупниот број. Истиот дисбаланс беше видлив и при одбележувањето на Денот на полицијата. Од 30 наградени најдобри полициски службеници, само еден беше Албанец. Овие две бројки јасно ја покажуваат насоката на ...

Соопштение за јавност на СДСМ: По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или ттре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел. Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и ...

Силен пожар го зафати хрватското летувалиште Омиш, предизвикувајќи големи материјални штети. Хрватската противпожарна служба (ХВЗ) утрово извести дека четири противпожарни возила биле испратени на пожарот кај Локва Рогозница, кој се проширил и во Омиш, во 6 часот наутро. Со амбулантното возило биле згрижени 19 лица, куќите биле запалени, а поради зголемениот број на евакуирани лица биле отворени и прифатни центри. Сепак, кратко потоа, сите ...

Австриската полиција уапси македонски државјанин кој бил баран поради сомнение дека со нож тешко повредил маж за време на средба поврзана со купопродажба на дрога во Велс. Според информациите на полицијата во Горна Австрија, осомничениот бил лоциран и уапсен во средата претпладне на железничката станица „Вестбанхоф“ (Westbahnhof) во Виена. По апсењето, тој бил спроведен во затвор во Велс. Случајот за кој се товари се случил на 29 април ...

Превртувањето со очите што можеби не го сметате за важно или некои работи што ги правите пред вашиот партнер имаат сериозни последици врз детето. Децата често забележуваат повеќе отколку што признаваат возрасните. Тие не само што го апсорбираат она што им се кажува директно, туку и следат како зборуваме за себе и за другите, што кажуваме за нив на трети лица и како се однесуваме воопшто. Терапевтите објаснија што децата забележуваат, а што ...

Иако најчесто се поврзува со постарите лица, деменцијата може да се појави и кај помладите луѓе без други здравствени проблеми, при што раното препознавање е клучно за утврдување на причината, поставување соодветна дијагноза и навремено започнување со третман, предупредуваат експертите. Симптомите можат да бидат различни во зависност од видот и причината за болеста. Еден таков специфичен облик е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која ...

Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна дека 13 август 2001 година не е само значаен датум во современата историја на Северна Македонија, туку момент кој го промени текот на државата и им даде можност на илјадници семејства повторно да размислуваат за иднината. Во својот говор, Ферати истакна дека некои денови остануваат запишани ...

Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. „Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува“, рече Ангелов. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. ...

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува спроведување заеднички воени ...

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на ...

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Лирим Хајредини, директорот на националната телевизија Алсат. Во овие болни моменти, упатуваме најискрено сочувство до семејството Хајредини, неговите блиски, пријатели и колеги, како и до целиот колектив на Алсат. Лирим беше значајна фигура во медиумскиот простор во земјата и остави свој белег во развојот на новинарството и медиумите. Неговата професионална посветеност и придонес ќе останат во ...

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд. Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили. Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот ...

Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ...

Поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска, Општина Гази Баба во координација со Центарот за јавно здравје презема навремени и засилени превентивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Одделението за заштита и спасување, во соработка со Центарот за јавно здравје, спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе локации ...

Начинот на исхрана и соодветната хидратација имаат големо значење за нормалното функционирање на организмот. Во последно време сè почесто може да се сретнат и тврдења дека пиењето топла вода носи низа дополнителни здравствени придобивки. Сепак, дел од нив се пренагласени и немаат доволно научни докази. Пред сè, важно е да се знае дека зовривањето на водата може да уништи многу микроорганизми, но не ги отстранува автоматски тешките метали. ...

Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови денеска ќе почувствуваа речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска во одредени периоди од денот ќе бидат погодени од температури над 35 степени ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...

Раната и прекумерна употреба на паметни телефони може негативно да влијае врз развојот на децата, особено ако времето пред екран ги заменува физичката активност, играта и непосредната комуникација со другите. Психологот и професорка на Факултетот за спорт и физичка активност при британскиот Универзитет Шефилд Халам, Лијана Азеведо, смета дека децата не треба да имаат сопствен паметен телефон пред шестата година. Според неа, периодот до ...

Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на банката во Истанбулскиот финансиски ...

Соопштение на ВЛЕН: ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор. Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе”, ги користат како топовско месо за своите политики, но им е срам ...

Иако младоста најчесто ја поврзуваме со повеќе енергија, спонтаност и желба за нови искуства, за многумина токму 30-тите години носат поинаков и позрел поглед кон љубовта. Со годините подобро се запознаваме себеси, стануваме посвесни за сопствените потреби и полесно препознаваме што сакаме, но и што повеќе не сме подготвени да толерираме во една врска. Токму затоа љубовниот живот по 30-тата за многу луѓе може да стане поквалитетен и ...

Според информациите, турскиот клуб му понудил тригодишен договор со годишна заработка од 10 милиони евра, како и дополнителен бонус од 10 милиони евра при потпишувањето. Влаховиќ ги завршил потребните формалности, а во 21:30 часот пристигнал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде што бил пречекан од голем број навивачи. Со ова завршува неговиот период во Јувентус. Српскиот голгетер подолго време беше меѓу најспоменуваните фудбалери на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1022
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
89%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
98%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
86%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
98%
1025
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
87%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
67%
1025
Currency

61.579

Currency

55.056

Currency

73.824

Currency

37.95

Currency

39.108

Currency

67.24

Currency

8.2593

Currency

0.67154

Currency

0.34798

Currency

0.52359

Currency

1.0979

Currency

0.58615

Алуминиум

3.05

Сребро

1691.13

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Злато

132371.05

Бакар

12.71

Калај

46.53

Рутениум

61086.42

Платина

50123.01

Паладиум

32600.86

Родиум

297394.41

Цинк

3.76