Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Olinia Uno настана како резултат на националниот проект кој има амбиции електричната мобилност да ја направи достапна на широк круг граѓани заради што и доби силна поддршка од владата. За разлика од бројните други електрични возила на пазарот замислено и изведено е со целосно поинаква филозофија. Приоритет не беа автономијата или перформансите туку едноставноста, практичноста и цената. Каросеријата е моноволуменска што овозможува максимално ...
Искусните велат дека за богатите разводот на брак е скапа и макотрпна работа. Најверојатно така стојат работите и во бизнисот. Новиот бренд Bovensiepen, го претстави својот втор автомобил по продавањето на името Alpina на BMW. Можеби звучи налудничаво, но и вториот нивен автомобил е луксузен и засилен дериват на BMW. Оснивачите на куќата за тјунинг што BMW ја купи целосно во 2022 година, сега повторно издаваат свој производ врз база на ...
Британскиот специјалист Boreham Motorworks направи Escort каков Ford немаше. Иако така изгледа, тој ниту е рестомод ниту пак реплика туку сосема нов автомобил официјално лиценциран од Ford направен со користење на оригиналните технички цртежи. Платформата е потполно нова, со посебно изработено ослонување а за поголема стабилност при повисоки брзини меѓуоскиното растојание малку е продолжено. За намалување на тежината делови од каросеријата се ...
Иако на светските берзи цената на сировата нафта паѓа, кај нас горивата повторно поскапуваат. Малопродажната цена од полноќ станува повисока на ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 1,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,00 ден/лит, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Затоа пак Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит. и ќе изнесува 86,50 ден/лит, а Мазутот М-1 ...
Остана ли некој што во бизнисот со електрични возила не гледа кокошка која носи златни јајца? После цела низа компании главно технолошки, сега и сопственикот на популарната и контроверзна социјална мрежа TikTok ќе истапи со сопствена марка автомобили. На помош е повикана групата Seres која ќе ја обезбеди поддршката за производство и развој кој очигледно нема да трае долго – како термин за лансирање се споменува оваа година. Никакви детали ...
Во слава на Молдавија и 15 години работење во земјата Велат за вкусовите не треба да се расправа. Тоа е златно правило и во Sonderwunsch одделението на Porsche кое во чест на 15-годишнината на Porsche Молдавија подготви уникатна изведба на 911 GT3 Touring. Наречена Tree of Life односно Дрво на животот се истакнува со комплицирана и драматична графика нагласена со златни детали. Бојата на каросеријата постепено се прелева од предниот кон ...
Електричните хиперавтомобили нé научија дека огромните бројки веќе не се невозможни, но има ли крај трката со апсурдната количина коњски сили и спектакуларните перформанси? Германската компанија Elektron Motors смета дека уште сме далеку од тоа подготвувајќи го својот модел наречен Quasar. Има карбонска конструкција, активно ослонување, тежина од само 1.427 килограми и четири електромотори со вкупно 2.413 коњски сили и 2.790 Nm. За забрзување ...
За оние на кои сегашниот Hummer им е преголем и прескап, General Motors подготви два концепта на пикап и теренец со помали димензии. Да не се радуваме пред време компанијата наведе дека претставените концепти не се наменети за сериско производство. Според нивните зборови тие треба да посочат во кој правец марката ќе оди понатаму што сепак значи дека нешто слично може да се појави на пазарот. Со габарити колку Chevrolet Colorado или пак Ford ...
Сакајќи да ја докаже ефективноста на својот хибриден погон, Nissan направи уште еден подвиг По возењето низ ОК во кое беа апсолвирани повеќе од 1.400 км, Nissan го заврши второто поглавје на возење на долги релации со целосен круг низ Тасманија. Со еден резервоар гориво, благодарение на ефикасноста на хибридната технологија ePOWER во реалното исползување, Nissan Qashqai успешно заврши тура низ Тасманија со еден резервоар гориво. Рутата се ...
По подолг период дизелот се спушта под 90 денари за литар. Со денешната одлука на РКЕ тој поевтинува за 6,50 денари по литар и од полноќ во малопродажбата ќе се продава за 85,50 денари по литар. За сметка на тоа пак бензините поскапеа за половина денар по литар. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95 88,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 90,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 85,50 ден/лит. По подолг период дизелот се спушта ...
Британскиот производител на градежна и земјоделска механизација JCB повторно е во лов на рекорд – овој пат за најбрзо возило со погон на водород. Планиран е за соборување овој август на соленото езеро Боневил во сојузната американска држава Јута. Таму JCB пред две децении постави брзински рекорд за возило со дизел мотор кој и ден-денес е актуелен. Согледувајќи ги предностите на новите технологии, во идниот нов рекордер наречен Hydromax се ...
Само една деценија требаше Охрид да се трансформира од туристичката дестинација во автомобилска мека! Пред десет години во поранешниот индустриски комплекс на ЕМО во Охрид започна приказната која денес се вбројува како најуспешна германска инвестиција во Македонија. Во Охрид се важни плажите, хотелите, туристичко-угостителските капацитети, културните манифестации како „Охридскот лето“, но стожер на стопанството е „Костал Македонија“, ...
Само една деценија требаше Охрид да се трансформира од туристичката дестинација во автомобилска мека! Пред десет години во поранешниот индустриски комплекс на ЕМО во Охрид започна приказната која денес се вбројува како најуспешна германска инвестиција во Македонија. Во Охрид се важни плажите, хотелите, туристичко-угостителските капацитети, културните манифестации како „Охридскот лето“, но стожер на стопанството е „Костал Македонија“, ...
BMW ја отвора новата ера на електричната мобилност со првиот модел од Neue Klasse Официјалниот увозник на BMW за Македонија и Косово, М Кар од Скопје, денес на македонската јавност го претстави новиот BMW iX3 – првиот модел од револуционерната Neue Klasse платформа која означува почеток на една целосно нова ера за брендот. Уште пред официјалното пристигнување новиот BMW iX3 веќе доби значајно меѓународно признание освојувајќи ги титулите ...
Во 1977-ма година Бодо Бушман го основаше Brabus… Следејќи ги своите соништа со страст и амбиции гледајќи можности каде другите гледаа ограничувања, компанијата денес е една од најпознатите тјунерски куќи. Во негова чест е подготвен исклучителен автомобил едноставно наречен Bodo. Основата е Aston Martin Vanquish но ретко кој ќе го препознае тоа. Рачно изработената каросерија од јагленородни влакна има агресивен преден дел со истакната маска и ...
ЈП ПОЦ воспоставува нови цени за дисциплинирање на Центарци. Со новиот систем се очекува да се намалат злоупотребите, да се стимулира користењето на жителските гаражи и паркинг места и да се овозможи поефикасно користење на постојните капацитети. Особено во населби како Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и потесното централно подрачје, каде притисокот врз јавниот простор е најголем. Една од најважните промени е новиот начин на издавање на ...
Двоседот отелотворува пуританска интерпретација на класичните вредности на брендот Дело на Centro Stile, одделение на марката задолжено за изработка на уникатни примероци, НС25 не користи електрификација, но затоа има максимална индивидуализација. Технички, овој единствен модел е базиран на F8 Spider, усвојувајќи ја неговата алуминиумска шасија и средишно поставен V8 мотор од 3,9 литри со двоен турбо. Тој произведува 720 КС и 770 Nm, ...
Chery го одбележува Денот на ракометот! Во недела, од 14:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе има добра атмосфера. Таму ќе се обединат две големи страсти, спортот и автомобилите. Ракомет и Chery Auto, тоа е совршена комбинација за да се оттргнеме од секојдневието. дела исполнета со спорт, дружење и забава. Гранд Ауто како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија ќе биде дел од „Денот на ракометот“ со своја изложбена зона и ...
Audi го воскресна својот историски тркачки автомобил кој на патеките важеше за брз и технолошки понапреден и во свој посед имаше 26 интернационални рекорди и 13 рекорди во својата класа. Болидите на Auto Uniot и Mercedes крвнички се натпреваруваа на патеките. Наречени „Сребрени стрели“ затоа што алуминиумската каросерија не им беше обоена за да бидат што е можно полесни, постигнуваа брзини кои и ден-денес се респектабилни. Во тој период на ...
Најновиот концепт на тема R4 ќе дебитира на Ролан Гарос а потоа заминува на одмор Името на концептот е директна почит кон оригиналот JP4, но може да се протолкува и како кратенка за „journée à la plage“ (ден на плажа). Со својата елегантна и модерен појава ова е автомобил за плажа во секој поглед, и по својот дизајн и по својата опрема прилагодена за спорт и рекреација. Ова е четвртиот концепт автомобил базиран на електричниот модел Renault 4 ...
Со цел унапредување на заштитата на животната средина преку правилно собирање, селекција и рециклирање на отпад, двете претпријатија ќе се грижат за екологијата. Соработката на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и „Нулта Отпад“ предвидува соработка со тежиште на неколку основи и тоа: поставување и одржување на садови и опрема за собирање отпадни батерии и друг отпад; организирање на правилно собирање, транспорт и рециклирање на отпадот согласно ...
Со нов рекорд на Нирбургринг се закити и Porsche чиј Taycan Turbo GT кругот го помина за 9 секунди побрзо од досегашниот владетел на зелениот пекол во категоријата електрични возила, Xiaomi SU7 Ultra. Заслугата за тоа се припишува на Manthey китот чиј аеродинамички пакет ја зголемува силата на прилепување за три пати во однос на стандардниот модел. Оптимизирани се и ослонувањето и погонскиот систем кој во такаозначениот Attack режим на возење ...
За својот роденден Lamborghini се почести со новиот Fenomeno Roadster. Како и затворената верзија базиран е на плаг-ин хибридниот Revuelto и дел е од високоексклузивната колекција автомобили во ограничени изданија – планирани се само 15 примероци. Го задвижува 6,5 литарски V12 кој заедно со трите електромотори испалува 1.080 коњи кои ќе го лансираат до сто на час за 2,4 секунди и максимални 340 километри на час. Батеријата му е поголема во ...
Јубилејното издание стана најбрз сериски автомобил со погон на предните тркала на легендарниот Нурбургринг – Нордшлајфе Патеката во должина од неполни 21 километар е мегдан каде се докажуваат сите модели на сите производители. Секое врвно остварување на овој асфалт е престиж и мерка за успешност. VW Golf беше оснивач и суверен на компактните автомобили, а сега, со јубилејното издание посветено на 50 годишнината на постоењето на моделот го ...
Bugatti полека ја затвора ерата на W16 моторите со последните примероци на Mistral кои како што доликува се уметнички дела на тркала. Изведбата Fly Bug е настаната по посебна желба на еден колекционер од Америка со инспирација од светот на природата, конкретно со вилинското коњче. Дизајнерскиот тим на Bugatti со вешта преобразба на боите и материјалите ја има пренесено неговата безвременска елеганција во духот на марката на начин кој ...
Во очекување на својот прв електричен модел Ferrari поработи малку и на Purosangue – подготви верзија наменета за оние кои бараат врвно задоволство во возењето. Наречена е Handling Speciale што укажува каде лежат промените – новото подесување на ослонувањето обезбедува подобар контакт меѓу тркалата и патот и го намалува нишањето на каросеријата. Како резултат на тоа се одржува попрецизно водење низ свиоците за што придонесува и побрзиот ...
На 7 мај 1963 година родена e компанијата која стана една од водечките во светот на перформансите и престижот Шеесет и три години трае успешното патешествие на „разбеснетиот бик“ од Сант’Агата Болоњезе. По тој повод компанијата не само што го одбележува својот роденден, туку, заедно со светска заедница на сопственици, дилери, гости и ентузијасти, го прославува во Lamborghini Arena. Во текот на викендот на 9 и 10 мај, патеката Имола ќе биде ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар воведува унапреден модел на паркирање со повластени услови за жителите и нова хуманитарна зона ЈП Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар ...
Еден од најубавите модели на Alfa Romeo наполни 60 години. Настана како резултат на желбите да се направи автомобил кој ќе ги разбуричка емоциите, наменет за парадирање под апенинското сонце. Замислен како наследник на Giulia Spider која го освои американскиот пазар ја имаше механиката од неа – мотор поставен напред, погон на задните тркала, петстепен менувач, независно предно ослонување и четири диск сопирачки. Дизајнот беше на Pininfarina ...
Започна продажбата на духовниот наследник на моделите на Alpina, Bovensiepen Zagato. Ќе може да се набави по цена од 370 илјади евра за кои се добива механика од BMW навиена на 611 коњски сили и облечена во преубава италијанска каросерија во поголем дел направена од јагленородни влакна. Идејата за негово настанување дојде од синовите на основачот на германската тјунерска куќа кои после нејзината продажба на BMW едноставно не можеа да се ...