Шест децениското партнерство се прославува со посебно изработен модел ограничен на 60 примероци Aston Martin и франшизата за Џејмс Бонд стапија во цврста врска 1964 година кога марката му „овозможи“ на агентот 007 да шармира и да им се спротивставува на негативците, покрај, со своите вештини и со својот автомобил. Aston Martin дебитираше на големиот екран со DB5 во Голдфингер. DB5 стана еден од најпознатите автомобили во светот и еден од ...
Електрифицираната Corsa е солуција која Opel ја нуди да го замени дизелот во сегментот на мали автомобили. Додавајќи благ хибриден систем успеа да ја зголеми економичноста и да даде живост на три цилиндерскиот 1,2 литрен мотор. Што е Corsa? Corsa е најстарото име на Opel што сè уште е во производство. Од 1982 година забележа над 14,5 милиони продадени примероци. Таа сега е во својата шеста генерација која е претставена во 2019 година. По лани ...
И покрај малиот интерес за ваквите возила кои годишно наоѓаат само по осум илјади купувачи, Stellantis е упорен да го одржи RAM 1500 во Европа кој стигна и во своето обновено издание. Задржувајќи ги традиционалните американски особености овој гломазен и моќен пикап сега се нуди само со шестцилиндрични бензински мотори – два турбо од по три литри со 420 и 540 коњски сили и еден благ хибриден од 3,5 литри со 305 коњи. За преносот е задолжен ...
Исто како Versys, Ninja 1000 SX доби зголемување на зафатнината за 56 кубни сантиметри и станува 1100. Обновувањето носи повеќе вртежен момент. Дополнително, беше прилагоден и односот на менувачот во двата најголеми преноси. Во иднина, брзиот менувач може да се користи од 1.500 вртежи во минута. Опремата вклучува, меѓу другото, USB-C приклучок на гиданот, веднаш покрај автоматската контрола на патувањето. За прв пат, спортскиот турер ќе биде ...
Планираните 399 примероци на McLaren W1, еден од најимпресивните супер спортски автомобили веќе се испорачани на среќните купувачи. Оваа ракета на тркала испорачува системски 1.275 КС и максимален вртежен момент од 1340 њутн метри, како и сооднос моќност/тежина од 911 КС по тон. Оваа моќност ја добива во комбинација, 928 КС од V8 турбо-бензински и 347 КС од електричен мотор. McLaren W1 забрзува од нула до 100 км/ч за 2,7 секунди. По уште 3,1 ...
Флертот на BMW во компактната класа започна во 1994 година кога го лансираше моделот наречен едноставно 3 Compact. Една деценија подоцна тој прерасна во Серија 1, која беше одлична алтернатива на моделите од тој сегмент и ја нудеше возбудата на возење со погон на задните тркала. Од тогаш помина многу вода под мостовите на Исар, и сино-белиот пропелер одлучи да го префрли погонот на предната оска. Во својата четврта генерација, Серија 1 не е ...
Кога заљубениците во Porsche го слават својот роденден тоа е спектакл не само за членовите на клубот туку и за сите што го видоа нивното дефиле низ градот. Порше клуб Македонија го прослави својот трет роденден, а главната церемонија се случи во Порше Центар Скопје. Таму беше вистински празник за очите бидејќи можеа на едно место да се видат примероци од многу генерации на спортската германска марка, најмногу од иконата 911. Се разбира, присутни ...
ПОЦ и неговите клиенти нападнати со измама Паркинзи на Општина Центар известува дека има пријави на поставување на лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. ПОЦ апелира граѓаните ...
Шампион на своето време Последната генерација на Opel Kadett прослави 40 години. Овој автомобил во многу што беше напреден дотолку што кога се појави Astra како негов наследник сите се прашуваа зошто Opel го нарече со старото име. Најмногу се истакнуваше по аеродинамиката – со сензационалниот коефициент на отпор на воздухот од 0,32 а кај спортскиот GSi и 0,30, беше шампион на своето време. Затоа и освојувањето на златниот волан и титулата ...
Бранот новитети што ги лансира Renault редовно пристигнуваат во Македонија. Аутомотив Груп има полни раце работа бидејќи новиот Captur е седмиот модел на Renault што пристигнува на нашиот пазар во оваа календарска година. Во сегментот на мали кросовери конкуренцијата е голема. Освежувањата што се направени значајно ќе му помогнат на Captur да го обезбеди своето место на нашиот пазар. Исто како и Clio, Captur доби целосно нов преден дел кој ...
Се чувствува како Porsche, се вози како Porsche На прекрасен настан во Скопје, Порше Македонија го лансираше новиот целосно електричен Macan. Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси. Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, ...
Новата генерација, четврта по ред, ветува дека ќе продолжи таму каде претходната застана. Настапува со помодерен дизајн, суптилни механички промени и проверени мотори кои добија засилување од благ хибриден систем Што е BMW X3? Откако беше претставен во 2003 година, како спортско активно возило, BMW X3 порасна и по големина и по важност и сега е клучен дел од палетата на баварската марка. Тоа го покажува и продажбата која веќе ја надмина бројката ...
Флертот на BMW во компактната класа започна во 1994 година кога го лансираше моделот наречен едноставно 3 Compact. Една деценија подоцна тој прерасна во Серија 1, која беше одлична алтернатива на моделите од тој сегмент и ја нудеше возбудата на возење со погон на задните тркала. Од тогаш помина многу вода под мостовите на Исар, и сино-белиот пропелер одлучи да го префрли погонот на предната оска. Во својата четврта генерација, Серија 1 не е ...
Пред 116 години Ford го испорача првиот Model T Точно на денешен ден 1908 година беше испорачан првиот примерок на автомобилот што ја започна револуцијата во индустријата – Ford Model T. Моторизирајќи ја прво Америка а потоа и целиот свет, до 1927 година беа произведени повеќе од 15 милиони примероци, рекорд што дури во 1972-рата го сруши Бубата на Volkswagen. Имаше робусен и издржлив четирицилиндричен мотор од 2,9 литри кој развиваше 20 KS и ...
Флота од нови BEV и PHEV ќе обезбеди понудата на Volvo да биде во чекор со времето Volvo можеби нема да премине кон целосно електричен погон толку брзо како што планираше, но шведскиот производител ги потврди плановите за воведување на бран нови модели за глобалниот пазар. За време на состанокот со дилерите, извршниот директор на Volvo Cars, Џим Руан, ги откри плановите за лансирање на 10 нови и освежени модели во следните две години. Првото од ...
Opel Моkka го „освежи“ Скопскиот фестивал на кафето со посебна понуда. Појавувањето на Оpel Mokka на Скопскиот фестивал на кафе, кој се одржува во Скопје Сити мол, е проследена со интересна понуда која за своите клиенти го изготви тимот на „громот од Руселсхајм“ во Македонија. Opel Mokka со Elegance ниво на опременост и 1.2 литрен турбо-бензински мотор од 100 КС и шест степен мануелен менувач сега е достапна за 245 евра месечно. Моделот кој е ...
Изработен од одделението „Motorsport Collectors Edition“ ова лимитирано издание ќе се произведе во 200 примероци. Не е интервенирано во механиката и моторот бидејќи кај GT 63 Pro 4Matic+ и нема што понатаму да се прави. Затоа пак направени се бројни интервенции во изгледот, целосно дизајниран во стилот на Големата награда на Формула 1 во Сингапур. Зафатите се во знакот на тимот на Mercedes AMG Petronas F1 и на него се опфатени бројни ...
Повеќе сила, поголема автономија и побрзо полнење Со постојаното пристигнување на нови брендови и модели, конкуренцијата кај БЕВ се разгорува. Audi очигледно го чувствува тој притисок и презеде чекори за да го одржи својот електричен кросовер свеж, релевантен и конкурентен. Што е Audi Q4 Sportback 45 e-tron? Старите модели Q4 e-tron 40 и 50 повеќе ги нема, а ознаките 45 и 55 стапија на сцена. Возениот Audi Q4 Sportback 45 e-tron сè уште користи ...
Основана на 17 септември 1984 година како Nissan Motorsport International Co. Limited, NISMO е внатрешен оддел за тјунинг, моторспорт и перформанси на Nissan. Марката претставува олицетворение на посветеноста на компанијата на перформансите, како на тркачката патека, така и во секојдневниот сообраќај. Првично лоциран во Омори, Токио, NISMO служеше како движечка сила зад некои од највозбудливите возила во мотоспортот на Nissan. По повод ...
Прототипот претставен во Хановер ќе се продава во Европа од крајот на 2025 година Прототип на Renault Master H2-Tech е голем напредок во областа на транспорт со нулта емисија. Технологијата на водородни ќелии е развиена од HYVIA, заедничко вложување помеѓу Renault Group и Plug, посветено на мобилноста на водород. Голема предност на претставениот прототип е што големото комбе ќе може да помине до 700 километри со еден резервоар течен водород, а ...
Во 1974 година, елегантната едрилица СХ го наследи легендарниот DS, познат и како La Deesse (Божицата) Во 70-тите и 80-тите, Citroen CX беше пример за комфорна лимузина во француски стил, екстравагантен однадвор и многу удобен одвнатре. Веднаш по претставувањето, европскиот автомобилски печат го прогласи CX за Автомобил на годината 1975. Тоа беше вистинска потврда дека новиот модел достојно го наследи претходникот. CX имаше погон на предните ...
Првата генерација на Fabia беше претставена на Саемот за автомобили во Франкфурт на 14 септември 1999 година Во изминатите 25 години, Fabia одигра незаменлива улога во историјата на марката Škoda и сегментот на мали автомобили. Следните три генерации беа изградени на таа основа, со речиси пет милиони продадени единици до денес. Fabia, исто така, остави траен белег во мотоспортот, влегувајќи на сцената во 2003 година со Škoda Fabia WRC, ...
Втората генерација на електричната Kona доби храбар изглед, подобрена автономија, зголемени димензии и мускули да се справи на сè поталентираните електрични ривали. Што е Kona? Кога беше лансирана првата генерација на Hyundai Kona во најава беше електрификацијата, но потполно електричната верзија беше прилагодена на тогашните услови. Таа беше талентирано електрично возило во сегментот на компактни автомобили. Овој пат, втората генерација, е ...
Момче што ветува По кратка криза на идентитетот Citroen се враќа на вистинскиот пат објавено 26. февруари 2021 Низ текот на годините Citroen секогаш имаше свој компактен хечбек што отскокнуваше од останатите. Зголемената популарност на спортско-корисните возила на пазарот, марката која важи за авангардна во светот на автомобилите, повлече ризичен потег и одигра на картата C4 Cactus. Класичниот кросовер не помина лошо меѓу купувачите, но беше ...
Третата генерација на Countryman ја продолжува моделската офанзива на марката. Сега тој е поголем, поатрактивен и подобар за возење. Еве ги впечатоците од извозените 800 километри со него Помина неполна година од мојата прва средба со Countryman кога бев поканет да ги видам предпродукциските изведби. Тоа беше запознавање со новата филозофија на MINI која ја продолжува нишката на традицијата, но ги имплементира најсовремените трендови во ...
Концептот SM Tribute го слави јубилејот десет години од брендот DS Automobiles. На претстојното шоу Chantilly Arts and Elegance за да прослави десет години од постоењето на брендот, DS ќе го покаже овој концепт автомобил SM Tribute како еден вид роденденска торта на четири тркала. DS е премиум марка на Citroen и е именуван по најпознатиот модел на двојниот шеврон, Citroen DS од 1955 година. Концепт автомобилот SM Tribute е инспирирано од купето ...
Свеченото отворање на два нови изложбени салони, за Nissan и Dacia, сервисниот центар за возилата на групацијата Renault и две македонски премиери на новиот Nissan Juke и Dacia Duster е вистинска бомба која денеска ја активира Аутомотив Груп. Двата објекти лоцирани на добро познатата локација на улица Скупи се уредени според стандардите на принципалите и се олицетворение на последните норми што марките ги наложуваат за правилно претставување и ...
Двете компании веќе подолго време работат на технологијата која користи водородни горивни ќелии, а сега ги здружуваат силите Toyota и BMW веќе подолго време соработуваат за развој на водородни погонски единици, а двете компании сега ветуваат дека ќе спроведат нова генерација на технологијата FCEV (Fuell Cell Electric Vehicle) на патиштата. Заедничката технологија на горивни ќелии на брендовите ќе овозможи користење на водородната енергија во ...
Трендот на намалување на малопродажната цена на горивата продолжува. Со новата одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79%. Најмало поевтинување, од половина денар, е за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за еден денар, додека најголемо намалување, за два денари е кај ЕУРОСУПЕР БС-98. Од утре, 11.09. во малопродажбата ќе важат следните цени? ЕУРОСУПЕР БС-95 74,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Škoda Auto со два цртежи ни дава можност да го видиме дизајнот на Elroq, иден модел кој ќе биде првото сериско возило на марката што е дизајнирано на јазикот на модерниот „цврст дизајн“. Првите надворешни скици на Elroq го откриваат неговиот дизајн, вклучувајќи го новиот знак на Skoda и матрикс LED фаровите интегрирани во впечатливиот преден браник пред да биде и официјално претставен идниот месец. Скиците на Elroq покажуваат привлечна предна ...