Peugeot е горд на партнерството со Under the Pole, кое овозможува да се спроведат конкретни и корисни акции за зачувување на нашата животна средина Програмата која комбинира иновативни експедиции низ светот, научни истражувања и активности за подигање на свеста за зачувување на океaните и живиот свет во нив наречена Under the Pole повторно доби поддршка од Peugeot. Со ова „Лавот од елисејските полиња“ докажува дека ја дели оваа филозофија и ...
Новата генерација на Х2 веќе не е чудна интерпретација на темата „спортско активно купе“ туку се приближи на поголемите браќа X4 и X6. Во светот на купе кросоверите екстравагантноста игра клучна улога. Тоа се докажа кај сите марки што имаат модели блиски на оваа филозофија. Баварците предначат со дури три, како што тие ги нарекуваат, „спортско активни купеа“, а најновиот и најмалиот меѓу нив, Х2, сега е многу поголем од претходникот и за разлика ...
Рускиот теренец вечно ќе одолева на годините И покрај тоа што неговото потекло датира од почетокот на ’70-тите години, UAZ Hunter продолжува и понатаму да се произведува и осовременува, толку колку ресурсите на руската компанија дозволуваат. А желба за тоа тие имаат и амбициозно најавија лансирање на неколку негови посебни верзии. Какви не кажуваат но простор за делување имаат доволно бидејќи робусниот теренец сега е достапен само во две верзии, ...
Цената на бензините помала за 0,50 денари Ревносно вршејќи ја својата работа, регулаторната а комисија за енергетика на Македонија и овој понеделник ги регулираше цените на горивата кај нас согласно сите параметри што законски им се доделени да ги надгледуваат. Со деталите нема да ве заморуваме туку директно ќе ви го пренесеме нивниот финален збор – дека горивата поевтинуваат во просек за 0,57 отсто, што во пари изразено значи дека за двата типа ...
Интересно, нема што… Неретко налетуваме на вести од Америка дека некој таму купил и за прв пат регистрирал автомобил кој со години не произведува. Ништо чудно, бидејќи освен за колекционерите за кои намерно поатрактивни возила се чуваат долго време за да им порасне цената, во земјата постојат дилерства со големи залихи, па лесно на плацевите може нешто со години да остане непродадено. Но на такви вести во Европа не сме навикнале. А според ...
Lexus прославува 35 години На денешен ден 1989 година Toyota ја лансираше својата премиум дивизија Lexus. Приказната за нејзиното настанување започнува на почетокот на 1980-тите години кога доаѓа до коренити промени во филозофијата на пристапот на јапонските производители на автомобили кон купувачите. Повеќе заради желбата да го сменат имиџот дека нудат само економични и евтини производи, помалку заради самонаметнатите извозни квоти, тие ...
Враќање на А сегментот на нашиот пазар Најмалиот претставник на палетата на KIA повторно е активен на нашиот пазар. Ова е храбар потег со оглед дека најмалите возила, барем во регионот, како да излегоа од полето на интерес на купувачите. Picanto е добро познат модел и сега треба да ја потполни дупката во понудата која се направи со повлекување на Rio од производството. Аргументите се на страна на малиот Кореанец бидејќи со својот свеж изглед и ...
Sorento веќе шармираше со својата вредност и практичност, но KIA јасно ја почувствува потребата да направи повеќе со ажурирањето. Влијанието на EV9 се шири низ гамата на KIA. Промените се суптилни, но направија Sorento да делува помодерно. Гломазна појава е задржана и покрај напорите да се насочи вниманието на новиот дизајн на хаубата и различен заден спојлер, со јасно форсирање на премиум акредитиви. Целата надворешност делува уредно, ...
Малиот автомобил кој ја промени историјата Легендарниот Mini денес го прославува 65-тиот роденден. Претставен на 26 август 1959 година како Morris Mini-Minor и Austin Seven, брзо ја стекна својата популарност. Славниот мал автомобил долг само 3,05 и широк 1,4 метри имаше неверојатна пространост благодарејќи на обликот, попречно поставениот мотор, предниот погон, малите 10-инчни тркала и уникатното ослонување. Овој еден од најзначајните ...
Од утре бензинот половина денар поевтин Понеделнички регулаторната комисија за енергетика ги скрои новите цени на горивата во Македонија кои според нивната формула ќе бидат пониски во просек за 0,74% заради намалувањето на референтните цени на светските берзи кај бензините за 0,517% а кај дизелот за 0,216%, како и поевтинувањето на доларот за 0,2235% во однос на претходната понизок од курсот на доларот по кој беше направена претходната ...
Од утре бензинот половина денар поевтин Понеделнички регулаторната комисија за енергетика ги скрои новите цени на горивата во Македонија кои според нивната формула ќе бидат пониски во просек за 0,74% заради намалувањето на референтните цени на светските берзи кај бензините за 0,517% а кај дизелот за 0,216%, како и поевтинувањето на доларот за 0,2235% во однос на претходната понизок од курсот на доларот по кој беше направена претходната ...
Канадската компанија Can-Am е позната во светот по алтернативните возила, а сега започнува со мотоцикли на струја По квад возилата, трициклите и мотоциклите, Can-Am од почетокот на идната година на европскиот пазар влегува со своите електрични двотркалци. Како дел од канадската BRP, марката ќе ги пласира двата електрични модели Pulse и Origin. Нив ги задвижува мотор изработен од Rotax. Како што најавуваат од таборот на Can-Am времето на полнење ...
Со воведувањето на семејството ID, Volkswagen сака да ги убеди своите милиони клиенти да се префрлат на електричнi возилa. Оваа задача е предизвик, особено кај првата електрична лимузина ID.7, бидејќи Passat е репер во индустријата со децении Volkswagen има долга и успешна историја на правење сигурни и практични седани кои им служат на семејствата и бизнисите ширум светот. Во почетокот на оваа година од Волфсбург се лансира првиот целосно ...
Со помош на наноматеријал, во топлите денови температурата на површината на возилото, а со тоа и во внатрешноста, значајно се намалува. Nissan во соработка со Radi-Cool, специјалист за ладење со зрачење, развива лак за бојата на каросериите на возилата кој забележително го намалува загревањето на површините изложени на сонце. Наноматеријалот вграден во бојата генерира електромагнетни бранови кои се спротивставуваат на сончевото зрачење и ја ...
Успешно тестирање на хуманоидни роботи во BMW Уште многу одамна роботите се појавија во научно-фантастичните филмови заменувајќи ги луѓето во нивната работа, но сега тоа станува реалност – BMW успешно ги тестираше хуманоидните роботи во својата американска фабрика. Произведени од калифорниската компанија Figure, тие неколку недели поставуваа одредени лимени делови кои потоа беа составени како дел од конструкцијата на автомобилот. Според BMW ...
Две третини сопственици на Tesla не се враќаат на електрични автомобили Иако Tesla долги години важи за пионер на масовната електрификација, сé уште не може да ги придобие своите купувачи како треба. Звучи неверојатно, но една анкета во САД покажа дека две третини од сопствениците на неговите автомобили не се враќаат на електричните возила. Конкретно, 51 отсто од некогашните купувачи на Tesla како нареден свој автомобил избрале бензинец, 10 ...
Скромно, за само 0,50 денари Согласно одлуката на македонската регулаторна комисија која ги крои цените на горивата кај нас, од утре ќе плаќаме помалку за бензинот 95 и дизелот – нивната цена скромно се намалува за само 0,50 денари. Причината за тоа се флуктациите на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната недела кои забележаа намалување кај бензините за 1,468% и кај дизелот за 2,216%, како и ...
Црвено и зелено, без жолто На денешен ден пред точно 110 години во Кливленд, Охајо, беше поставен првиот електричен семафор. Во тоа време сообраќајот на улиците низ Америка беше во хаос. Само Ford месечно продаваше по 20.000 автомобили кои низ крстосниците поминуваа според правилото кој е поголем има предност. Припитомувањето на градските гужви беше на грбот на полицијата, затоа и не чуди што токму полицаец го има измислено. Имаше облик на ...
Дури и денес изгледа футуристички Пред точно половина век Citroen го претстави CX. Автомобилот кој и денес изгледа футуристички требаше да ја продолжи успешната низа револуционерни модели на марката која ја започна напредниот Traction Avant. Но не успеа во тоа, барем не целосно. Дизајнерите добро си ја завршија работата, но компанијата тогаш беше во дебела предбанкротна криза и при конструирањето и пласирањето на CX беа направени повеќе ...
Audi е, ама баш и не е… Новите електрични модели на Audi во Кина можеби нема да го носат традиционалниот амблем со четирите прстени – причината е што ќе бидат развиени на платформата на SAIC и ќе се ослонуваат на локалните добавувачи и технологии. Затоа и се поставува прашањето ќе бидат Audi или не?! Јасно, ако се Audi на суетниот кинески пазар ќе можат да се продадат доста поскапо отколку ако не се. Но од друга страна, пак, тие ќе ја соборат ...
Умно решение Во соработка со францускиот Douze Cycles Toyota понуди уникатно решение за оние кои сакаат да ја чуваат околината но имаат потреба од транспорт на стоки. Овој товарен велосипед има повеќенаменска корпа со капацитет од 270 литри во која, ако треба, можат да се превезуваат и две деца. Во духот на времето на велосипедот му помага електромотор интегриран во долниот носач, а батериите овозможуваат автономија од 100 километри. Носивоста е ...
По покана на Ратола Груп, застапникот на KGM за Македонија, Бугарија, Косово и Албанија отпатувавме во Истанбул на ексклузивното тест возење на Torres EVX, електричниот првенец на корејската компанија кој ќе дојде во Европа при крај на летото. Што е Torres EVX? Електричната верзија на теренецот Torres отвора ново поглавие за компанијата која наполни 70 години. Од пред две години Ssangyong е во сопственост на корпорацијата KG која има амбициозни ...
Рачно изработуваниот шест литарски W12 твин-турбо е произведен во над 100.000 примероци и остави длабока трага во автомобилскиот свет. Последниот Bentley W12 мотор излезе од производствената линија во Crewe, означувајќи го крајот на ерата на 12 цилиндри во брендот. Легендарниот W12 го отстапи местото на новиот Ultra High Performance Hybrid погонски склоп чија основа е V8 мотор кој дебитираше во новиот Continental GT Speed и наскоро ќе се примени ...
Неодамна јапонската марка го претстави првиод моторцикл на светот на хибриден погон, а сега повторно го привлекува вниманието на себе. Овој пат компанијата претстави мотоцикл кој го користи водородот како погонско гориво. Мотрциклот е во фаза на тестирање и уште нема ознака ниту како име. За оваа намена регрутиран моторот со компресор од 998 кубни сантиметри од Ninja и ја има наставката H2. Тој го согорува водородот во своите три цилиндри ...
Авторитативниот настап на 3008 е доведен до врвно естетско ниво, ама му фали посилен мотор Изразено спортската кројка е проследена со извонредно атрактивниот интериер оформен скулптурално, дотеран со големи дисплеи, виско ниво на естетика и завршна обработка. Најслабата карика остнува малиот избор на мотори на согорување чија моќност е скромна. Што е 3008? Еволутивниот развој на 3008 е интересен. Создаден е да помогне во трансформацијата на ...
Се крадат шолји за кафе Водењето фабрика за автомобили не е лесно – звучи збунувачки, ама откако фабриката на Tesla во Берлин е отворена, од таму имаат исчезнато неверојатни 65.000 шолји за кафе. Фабриката има 12.000 вработени, што значи дека во просек половина од работниците украле по пет, а другата половина по шест шолји за кафе. Бидејќи дури ни на синдикатите не им е јасно како се случува тоа, тие најавија штрајк за да го изразат своето ...
Добро бе луѓе, што очекувавте???? Polestar повторно настапи на фестивалот на брзина во Гудвуд и ја прикажа својата проширена гама на модели со новите електрични теренци. Polestar Concept BST беше ѕвезда на шоуто во Гудвуд. Овој автомобил е демонстрација за тоа колку далеку може марката да отиде во перформансите. Polestar Concept BST се одликува со посебно конструирана каросерија, завршена во класично спортски сребрена завршницо, со мускулест ...
За прв пат, Законот за патен сообраќај во Германија, поставува ограничување за употреба за канабис додека се вози Германија реши да ги стави во законска рамка „надуваните возачи“. По советувањето направено помеѓу правни експерти од осигурителот АРАГ, полицијата и докторите донесена е законска рамка за дозволеното ниво на ТХЦ за управување со автомобил. Според ново донесениот закон нивото не смее да се надмине вредност од 3,5 нанограми на ...
На скромна, но силна презентација, студентите од УКИМ демонстрираа дека се подготвени за интернационалниот натпревар со своите колеги во Хрватска На 20-ти август студентите ентузијасти што го конструираа првиот македонски болид што ќе учествува на Формула Студент во Загреб, на тест патеката на Rimac, го покажаа својот адут за ова престижно натпреварување. Велиме престижно, бидејќи тоа е материјата од каде се регрутираат младите инженери во ...
На скромна, но силна презентација, студентите од УКИМ демонстрираа дека се подготвени за интернационалниот натпревар со своите колеги во Хрватска На 20-ти август студентите ентузијасти што го конструираа првиот македонски болид што ќе учествува на Формула Студент во Загреб, на тест патеката на Rimac, го покажаа својот адут за ова престижно натпреварување. Велиме престижно, бидејќи тоа е материјата од каде се регрутираат младите инженери во ...