Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Соединетите Американски Држави потрошија поголем дел од своите залихи на високопрецизни далекусежни проектили во петмесечната војна со Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на три добро упатени извори. Ова ненадејно исцрпување на арсеналот предизвикува голема загриженост во Пентагон и меѓу воените аналитичари околу способноста на американската војска брзо и ефикасно да одговори на евентуални нови глобални воени жаришта. Американските ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и за готење, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Иако надлежните институции најавуваа брзо решавање на проблемот со загадувањето, жителите на Гостивар веќе со недели се принудени да се снабдуваат од цистерни и флаширана вода. Новите испитувања на квалитетот на водата треба да покажат дали состојбата е стабилизирана. Според последните информации од ...
Огнената стихија над кавадаречкото село Бегниште е единствениот активен пожар на отворен простор во земјава, додека четири други жаришта се целосно изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Мешаната шума и сувата трева на тешко пристапниот терен го отежнуваат контролирањето на пламенот, но надлежните служби се на терен за да спречат негово дополнително ширење кон населените места. Пожарот во ...
Осум студенти се обиделе да влезат во американска воена база во Јужна Кореја, предизвикувајќи реакција на безбедносните служби и отворајќи прашања за контролата околу воените објекти во земјата. Инцидентот се случил во период кога американските воени капацитети во Јужна Кореја се под посебно внимание поради стратешкото значење на американското присуство во регионот. Во земјата се распоредени илјадници американски војници, а базите имаат ...
Иако хлорирањето е основна мерка за дезинфекција на водата за пиење, борбата со бактеријата Pseudomonas aeruginosa не секогаш е едноставна. Овој микроорганизам е познат по способноста да преживува во водоводни системи, особено кога создава биофилмови на внатрешните површини на цевките, што значително ја намалува ефикасноста на стандардната дезинфекција. Токму ова прашање повторно дојде во фокусот по здравствената криза во Гостивар, каде ...
Нови напади со дронови и наведувани бомби однесоа човечки животи од двете страни, а Финска ја укина привремената зона со ограничување на летовите во Финскиот Залив. Борбите меѓу Русија и Украина продолжија и во текот на ноќта со нови напади со дронови и наведувани бомби, при што загинаа повеќе лица, а беа оштетени складишта во близина на Москва и Санкт Петербург. Според руските власти, во напад со украински дронови во Московската област ...
Американците за првпат по речиси една деценија сметаат дека со економијата подобро би управувале демократите отколку републиканците, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Во исто време, поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 35 проценти, што ги става републиканците во тешка позиција пред претстојните избори за Конгресот во ноември. Анкетата спроведена деновиве покажува дека работата на Трамп ја одобруваат само ...
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што во јуни ја погодија Венецуела се искачи на 6.125 лица, соопштија официјалните претставници во Каракас. Во катастрофалните потреси што го зафатија северниот дел од земјата се повредени речиси 61 илјада луѓе, а спасувачите сè уште расчистуваат тони рушевини во најпогодените региони. Двата последователни земјотреси со магнитуди од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија сојузната ...
Најмалку пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во нов масовен напад со украински дронови врз руска територија. Главни мети на беспилотните летала ноќеска беа големи складишта и логистички центри во близина на Москва и Санкт Петербург, што предизвика големи пожари и привремено го парализираше авиосообраќајот во тие региони. Украинските сили ја проширија стратегијата на таргетирање економска и логистичка инфраструктура длабоко во ...
Граѓаните на Гостивар се уште не смеат да пијат вода од градскиот водовод и истата не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија која е опасна по здравјето на луѓето, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Англов објасни дека во водата постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се ...
Жителите на Гостивар се соочуваат со прекин на водоснабдувањето за пиење и подготвување храна. Јавното претпријатие „Комуналец“ распореди три цистерни со питка вода на повеќе пунктови низ градот, кои треба да ги задоволат дневните потреби на десетици илјади граѓани до добивањето на официјалните резултати од лабораториските испитувања. Според известувањето од ЈП „Комуналец“, водата од градската мрежа во моментов смее да се користи исклучиво ...
Иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека во моментов нема преговори со САД, но дека се во тек разговори со Оман за управувањето со Ормускиот теснец. „Моментално не преговараме со САД. Нашите преговори се со Оман за обезбедување премин низ Ормускиот теснец“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, за време на неделниот брифинг за медиумите. Таа изјава е во спротивност со американскиот ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд (31.07–02/03.08.2026), на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без ...
Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека над 17 000 лица ја напуштиле државава во последните 24 часа преку Граничниот преми Богородица кон соседна Грција. Во истиот период, на истиот граничен премин, во Македонија влегле околу 16.000 лица. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Министерството за здравство издаде налог за вонреден инспекциски надзор по случајот со 19-годишната пациентка која останала парализирана по царски рез извршен во Клиничката болница во Штип. Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба целосно и објективно да ги утврди околностите поврзани со лекувањето на пациентката. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор ...
Белоруските вооружени сили започнаа со формирање нова 37. воздухопловно-десантна јуришна бригада во регионот Гомел, сместена на 40 километри од границата со Украина. Оваа воена активност е дел од поширокото прераспоредување на единици во јужниот дел на земјата. Официјален Минск објаснува дека потегот има цел засилување на јужното крило. Новата елитна формација е сместена во непосредна близина на украинската граница, што носи дополнителна ...
Доналд Трамп даде необична изјава за односите меѓу САД и Јапонија, истакнувајќи дека Токио секогаш се однесувал коректно кон Вашингтон, со еден познат историски исклучок. Говорејќи за билатералните односи, тој се осврна на нападот на Перл Харбор од Втората светска војна како единствена црна точка во меѓусебната историја. Во своето обраќање, Доналд Трамп порача дека Јапонија историски имала исклучително коректен однос кон Соединетите ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и продолжува да се следи од здравствените институции, информира Министерството за здравство. Во текот на 1 август биле регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Од Министерството велат дека нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, во Гостивар се пријавени вкупно 1.041 случаи на заразна болест, а здравствените служби ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија во текот на изминатата недела извршила масовни напади врз 16 украински региони, користејќи околу 1.900 дронови, речиси 1.600 наведувани воздушни бомби и 144 ракети од различни типови, вклучително и балистички. Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека денеска биле фрлени бомби врз регионот Суми, додека во Бровари едно лице загинало, а шестмина биле ...
Најмалку пет лица загинаа, а 41 се водат како исчезнати, откако утрово избувнал пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за потрага и спасување. На траектот се наоѓале 271 лице, меѓу кои патници и членови на екипажот. Досега се спасени 225 луѓе, додека спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатите продолжува. Траектот пловел од Сурабаја, во покраината Источна Јава, кон Макасар во Јужен ...
Огромни сообраќајни метежи го парализираа југот на Хрватска. На граничниот премин Карасовиќи, на излез од Хрватска кон Црна Гора, возачите утрово чекаат повеќе од 10 часа. Според информациите на Хрватскиот авто-клуб (ХАК), колона од возила се протега од граничниот премин до аеродромот во Дубровник, а една сообраќајна лента низ Конавле е целосно блокирана. „Поради големата колона возила на државниот пат ДЦ8, на делницата Чилипи – Граничен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе им нареди на американските сили да ги одложат новите напади врз Иран, наведувајќи дека сојузниците на Блискиот Исток постигнале „рамка на договор“ што би можела да стави крај на петмесечниот конфликт. Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека договорот предвидува итно и целосно отворање на Ормутскиот Теснец, како и елиминирање на иранската нуклеарна закана. „Се согласив, за доброто ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја откажал планираната воена акција против Иран, но порача дека тоа зависи од исполнување на еден клучен услов – брзо постигнување договор со Техеран. Во објава на својата платформа „Трут соушал“, Трамп наведе дека Иран и други земји од Блискиот Исток побарале од САД да се воздржат од нападите бидејќи биле договорени основните параметри на можен договор. Според него, евентуалната спогодба ...
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во силна експлозија што утрово го потресе центарот на Москва. Според руската државна новинска агенција ТАСС, експлозијата се случила во близина на летно кафуле на плоштадот Кудрински. Дел од руските медиуми, пак, јавуваат дека бројот на повредени достигнал 21 лице. По инцидентот, сообраќајот во областа е привремено запрен, а на местото на настанот се распоредени припадници на ...
Исхраната игра важна улога во здравјето на кожата, а според дерматологот д-р Шерин Идрис, одредени намирници можат да придонесат за помладешки изглед ако редовно се консумираат. Масната риба, како див лосос, скуша и сардина, е богат извор на омега-3 масни киселини. Тие помагаат во намалување на воспаленијата, ја подобруваат хидратацијата на кожата и ја поддржуваат нејзината еластичност. Бобичестото овошје, меѓу кое боровинки, капини и ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и останува под постојан надзор на надлежните институции, соопшти Министерството за здравство. Според последните податоци, бројот на прегледи значително се намалил во споредба со периодот кога епидемијата го достигнала својот пик. Голем пад на бројот на прегледи На 31 јули биле евидентирани 60 први прегледи. Иако има мали дневни варијации, општата тенденција покажува намалување на бројот на ...
Во Куманово следната недела ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци, информираат од Општината. Третманот е закажан за 5 август, среда, со почеток во 05:00 часот. Ќе се прска на површина од 1.270 хектари Авионското прскање ќе се изврши на површина од 1.270 хектари. Со третманот ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопштија од Министерството за животна средина „Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна ...
Руските власти ноќеска привремено го затворија Керчкиот мост, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, по извештаи за експлозии и напад со украински беспилотни летала врз полуостровот. Според локалните власти, сообраќајот на мостот бил прекинат околу половина час по полноќ по киевско време, а жителите на Симферопол и Севастопол пријавиле силни експлозии. Гувернерот на Севастопол, назначен од Кремљ, Михаил Развожаев, соопшти дека руската ...
Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против Хутите, која би можела да се одвива и по море и по копно во централниот дел на Јемен, објави британскиот весник The Guardian, повикувајќи се на јеменски извори. Според информациите, целта на операцијата е да се стави крај на блокадата што ја загрозува саудиската нафтена трговија преку јужниот дел на Црвеното Море. Во последните денови, саудиските сили биле забележани како се ...