Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Русија ноќеска го изведе еден од најсмртоносните напади врз Киев и неговата околина годинава, при што загинаа најмалку 21 лице, а десетици се повредени. Во масовниот удар со балистички проектили и дронови беа погодени стамбени згради и цивилна инфраструктура. Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана не успеала да собори ниту една од 24-те балистички ракети, што повторно го отвори прашањето за каснењето на западната воена ...
Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во еден од најсмртоносните руски напади врз Киев оваа година, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта, Русија лансирала балистички ракети и беспилотни летала кон украинскиот главен град и околните населени места. Според украинската армија, системите за противвоздушна одбрана успеале да соборат голем дел од беспилотните летала, но не и балистичките ракети, кои предизвикале големи ...
Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили во текот на јули елиминирале повеќе од 30.000 руски војници, нагласувајќи дека бројката се темели исклучиво на случаи за кои, според него, постојат јасни видеодокази. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски посочи дека украинските единици на фронтот во јули неутрализирале вкупно 30.272 руски војници, при што во оваа бројка се вклучени и загинатите и тешко ранетите. „Оваа бројка ги ...
Жителите на делови од Гостивар деновиве се соочуваат со дополнителен проблем, бидејќи покрај тоа што водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна, во одредени населби привремено нема ниту техничка вода. Причина за тоа е процесот на интензивно чистење, испирање и дезинфекција на водоводната мрежа, кој се спроведува по големата здравствена криза предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем. Надлежните ...
Утре, шести август, улицата „Перо Наков“ ќе биде целосно затворена за сообраќај во периодот од 8 до 16 часот, информираа Град Скопје и Општина Гази Баба. Прекинот ќе важи на делницата кај патниот премин преку железничките пруги, во близина на Железничката станица во Маџари. Во текот на осумчасовната забрана, екипи на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ ќе вршат санација на патниот премин, поради што улицата ќе биде целосно затворена за возила. Работите ...
Севернокорејска ракетна единица започна со распоредување во западна Русија и се очекува да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина. Оваа информација ја потврди Андри Черњак од украинската воена разузнавачка служба (ГУР). Според Киев, руските сили планираат да сместат околу 90 севернокорејски воени лица во регионот Воронеж, во рамки на руската 112-та ракетна бригада, за дополнително притискање на ...
Америка е подготвена за брзо отворање на Ормускиот Теснец или за сериозна воена ескалација против Техеран, порача претседателот Доналд Трамп. Додека дипломатите во Вашингтон преговараат за привремено 60-дневно решение за раздвојување на поморскиот сообраќај меѓу иранските и оманските води, тензиите во клучниот глобален коридор достигнуваат точка на вриење по нови ракетни напади врз трговски бродови. Американскиот претседател Доналд Трамп ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри, во близина на островот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. И покрај силниот потрес, не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според сведоштва на граѓани објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил ...
Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во нов руски напад со балистички ракети врз Киев, соопштија украинските власти. Според Градската воена администрација, нападот предизвикал штета во најмалку седум градски окрузи. Загинала една жена, додека меѓу повредените има лица кои биле извлечени од урнатините. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека спасувачите успеале да извлечат две лица од срушен магацин, но потрагата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Иран, порачувајќи дека Ормускиот Теснец наскоро ќе биде повторно отворен или Техеран ќе се соочи со силен американски напад. „Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен“, изјави Трамп во интервју за Fox News. Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии околу Ормускиот Теснец – еден од најважните светски поморски ...
Соединетите Американски Држави потрошија поголем дел од своите залихи на високопрецизни далекусежни проектили во петмесечната војна со Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на три добро упатени извори. Ова ненадејно исцрпување на арсеналот предизвикува голема загриженост во Пентагон и меѓу воените аналитичари околу способноста на американската војска брзо и ефикасно да одговори на евентуални нови глобални воени жаришта. Американските ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и за готење, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Иако надлежните институции најавуваа брзо решавање на проблемот со загадувањето, жителите на Гостивар веќе со недели се принудени да се снабдуваат од цистерни и флаширана вода. Новите испитувања на квалитетот на водата треба да покажат дали состојбата е стабилизирана. Според последните информации од ...
Огнената стихија над кавадаречкото село Бегниште е единствениот активен пожар на отворен простор во земјава, додека четири други жаришта се целосно изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Мешаната шума и сувата трева на тешко пристапниот терен го отежнуваат контролирањето на пламенот, но надлежните служби се на терен за да спречат негово дополнително ширење кон населените места. Пожарот во ...
Осум студенти се обиделе да влезат во американска воена база во Јужна Кореја, предизвикувајќи реакција на безбедносните служби и отворајќи прашања за контролата околу воените објекти во земјата. Инцидентот се случил во период кога американските воени капацитети во Јужна Кореја се под посебно внимание поради стратешкото значење на американското присуство во регионот. Во земјата се распоредени илјадници американски војници, а базите имаат ...
Иако хлорирањето е основна мерка за дезинфекција на водата за пиење, борбата со бактеријата Pseudomonas aeruginosa не секогаш е едноставна. Овој микроорганизам е познат по способноста да преживува во водоводни системи, особено кога создава биофилмови на внатрешните површини на цевките, што значително ја намалува ефикасноста на стандардната дезинфекција. Токму ова прашање повторно дојде во фокусот по здравствената криза во Гостивар, каде ...
Нови напади со дронови и наведувани бомби однесоа човечки животи од двете страни, а Финска ја укина привремената зона со ограничување на летовите во Финскиот Залив. Борбите меѓу Русија и Украина продолжија и во текот на ноќта со нови напади со дронови и наведувани бомби, при што загинаа повеќе лица, а беа оштетени складишта во близина на Москва и Санкт Петербург. Според руските власти, во напад со украински дронови во Московската област ...
Американците за првпат по речиси една деценија сметаат дека со економијата подобро би управувале демократите отколку републиканците, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Во исто време, поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на 35 проценти, што ги става републиканците во тешка позиција пред претстојните избори за Конгресот во ноември. Анкетата спроведена деновиве покажува дека работата на Трамп ја одобруваат само ...
Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што во јуни ја погодија Венецуела се искачи на 6.125 лица, соопштија официјалните претставници во Каракас. Во катастрофалните потреси што го зафатија северниот дел од земјата се повредени речиси 61 илјада луѓе, а спасувачите сè уште расчистуваат тони рушевини во најпогодените региони. Двата последователни земјотреси со магнитуди од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија сојузната ...
Најмалку пет лица загинаа, а неколкумина се повредени во нов масовен напад со украински дронови врз руска територија. Главни мети на беспилотните летала ноќеска беа големи складишта и логистички центри во близина на Москва и Санкт Петербург, што предизвика големи пожари и привремено го парализираше авиосообраќајот во тие региони. Украинските сили ја проширија стратегијата на таргетирање економска и логистичка инфраструктура длабоко во ...
Граѓаните на Гостивар се уште не смеат да пијат вода од градскиот водовод и истата не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи има бактерија која е опасна по здравјето на луѓето, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Англов објасни дека во водата постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се ...
Жителите на Гостивар се соочуваат со прекин на водоснабдувањето за пиење и подготвување храна. Јавното претпријатие „Комуналец“ распореди три цистерни со питка вода на повеќе пунктови низ градот, кои треба да ги задоволат дневните потреби на десетици илјади граѓани до добивањето на официјалните резултати од лабораториските испитувања. Според известувањето од ЈП „Комуналец“, водата од градската мрежа во моментов смее да се користи исклучиво ...
Иранското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека во моментов нема преговори со САД, но дека се во тек разговори со Оман за управувањето со Ормускиот теснец. „Моментално не преговараме со САД. Нашите преговори се со Оман за обезбедување премин низ Ормускиот теснец“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, за време на неделниот брифинг за медиумите. Таа изјава е во спротивност со американскиот ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд (31.07–02/03.08.2026), на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без ...
Последните податоци од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека над 17 000 лица ја напуштиле државава во последните 24 часа преку Граничниот преми Богородица кон соседна Грција. Во истиот период, на истиот граничен премин, во Македонија влегле околу 16.000 лица. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Министерството за здравство издаде налог за вонреден инспекциски надзор по случајот со 19-годишната пациентка која останала парализирана по царски рез извршен во Клиничката болница во Штип. Државниот санитарен и здравствен инспекторат треба целосно и објективно да ги утврди околностите поврзани со лекувањето на пациентката. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор ...
Белоруските вооружени сили започнаа со формирање нова 37. воздухопловно-десантна јуришна бригада во регионот Гомел, сместена на 40 километри од границата со Украина. Оваа воена активност е дел од поширокото прераспоредување на единици во јужниот дел на земјата. Официјален Минск објаснува дека потегот има цел засилување на јужното крило. Новата елитна формација е сместена во непосредна близина на украинската граница, што носи дополнителна ...
Доналд Трамп даде необична изјава за односите меѓу САД и Јапонија, истакнувајќи дека Токио секогаш се однесувал коректно кон Вашингтон, со еден познат историски исклучок. Говорејќи за билатералните односи, тој се осврна на нападот на Перл Харбор од Втората светска војна како единствена црна точка во меѓусебната историја. Во своето обраќање, Доналд Трамп порача дека Јапонија историски имала исклучително коректен однос кон Соединетите ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и продолжува да се следи од здравствените институции, информира Министерството за здравство. Во текот на 1 август биле регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Од Министерството велат дека нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, во Гостивар се пријавени вкупно 1.041 случаи на заразна болест, а здравствените служби ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија во текот на изминатата недела извршила масовни напади врз 16 украински региони, користејќи околу 1.900 дронови, речиси 1.600 наведувани воздушни бомби и 144 ракети од различни типови, вклучително и балистички. Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека денеска биле фрлени бомби врз регионот Суми, додека во Бровари едно лице загинало, а шестмина биле ...
Најмалку пет лица загинаа, а 41 се водат како исчезнати, откако утрово избувнал пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за потрага и спасување. На траектот се наоѓале 271 лице, меѓу кои патници и членови на екипажот. Досега се спасени 225 луѓе, додека спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатите продолжува. Траектот пловел од Сурабаја, во покраината Источна Јава, кон Макасар во Јужен ...