Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Руските сили рано утринава го нападнаа Киев со балистички проектили, а подоцна извршија напади и врз други делови на Украина. Украинското воено воздухопловство соопшти дека биле лансирани вкупно седум проектили и 136 дронови. Најмалку две лица загинаа во нападите. Една од жртвите е во источниот град Харков, каде што дванаесет лица се хоспитализирани, додека другата жртва е во јужниот град Запорожје. Киев рано утринава беше цел на руски напад ...
Финскиот претседател Александар Стуб оцени дека позицијата на Украина моментално е најсилна од почетокот на руската инвазија и дека земјата е подготвена за мир. Ставот го изнесе на социјалната мрежа X, по телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според Стуб, разговорот со Зеленски бил насочен кон руската агресија врз Украина и кон следните чекори во дипломатскиот процес. Финскиот претседател го пренесе и клучниот ...
Во ноќен напад со дронови врз туристички камп во окупираниот дел од украинскиот регион Запорожје загинаа 12 лица, меѓу кои пет деца, соопштија локалните власти назначени од Москва. Новиот напад во Запорожје ја погоди рекреативната зона во Кириловка на брегот на Азовското Море, при што беа ранети уште 19 лица. Официјален Киев засега нема реакција на обвинувањата. Нападот се случил во летниот центар Кириловка, кој се наоѓа во близина на ...
Русија изврши нов балистички напад на Киев во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, при што е погодена станбена зграда. Нападот се случува неполни 48 часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за можен масовен руски удар врз главниот град на Украина. Според првичните информации, во инцидентот нема човечки жртви. Украинското воено воздухопловство издаде предупредување за закана од балистички проектили непосредно пред ...
Русија подготвува прифаќање на нови 30.000 војници од Северна Кореја кои треба да се вклучат во воените дејствија во Украина. Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека пристигнувањето се подготвува во руската област Воронеж уште од јуни. Според Зеленски, Пјонгјанг се спрема да ѝ испорача на Москва и нови лансери за балистички ракети, што тој го оцени како закана и за азиските земји. Украинскиот претседател ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди прекин на нападите врз Иран во петокот, со што сопре серија од 13 последователни дена бомбардирања, пренесе Axios повикувајќи се на извори запознаени со одлуката. Не е појаснето дали прекинот е привремен или означува поширока промена во стратегијата. Наредбата на Трамп дојде часови откако во Техеран пристигна оманска делегација за преговори околу отворањето на Ормускиот теснец. Два регионални извори ...
Иран го осуди нападот врз својот трговски брод во Каспиското Езеро и за инцидентот директно ја обвини Украина. Според тврдењата од Техеран, во нападот загина еден член на екипажот, а уште еден е ранет. Иранските власти го оценија овој настан како чин на агресија и најавија дека ќе ги заштитат своите национални интереси и безбедноста. По инцидентот во Каспиското Езеро, иранските државни медиуми објавија дека украинскиот дипломат во Иран е ...
За две години најмалку 17 еколошки и здравствени инциденти ги изложија граѓаните на загадена вода, отровен воздух или небезбедна храна, пишува во анализата порталот Рацин.мк. Заедничкиот именител не е само загадувањето, туку институциите кои секојпат ветуваат истрага, а речиси никогаш не испорачуваат системски промени. За само 24 месеци, најмалку 17 случаи на загадена вода, загаден воздух, еколошки хаварии и масовни труења со храна директно ...
И покрај намалувањето на бројот на пациенти, водата од гостиварскиот водовод сè уште не смее да се користи ниту како техничка вода бидејќи последните анализи покажале недоволно ниво на резидуален хлор. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Како што објасни Клековски, да се издаде дозвола за техничка употреба, неопходно е редовните тестирања на повеќе мерни места да потврдат дека хлорирањето конечно го достигнало ...
Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен ракетен напад, кој, според разузнавачките информации, би можел да се случи во следните 48 часа. Во своето вечерно обраќање во петокот, Зеленски ги повика граѓаните да ги следат предупредувањата за опасноста од воздухот, пишува Украинска правда . „Нашите разузнавачки информации, како и информациите што ги добиваме од нашите партнери, потврдуваат дека Русите подготвиле ракети за ...
Саудиска Арабија во петокот изврши воздушни напади врз цели на Хутите во јеменското пристаниште Ходеида и блискиот остров. Нападите беа одговор на поморската блокада наметната од групата поддржана од Иран и нејзините напади врз саудиските бродови. Саудиските власти подоцна издадоа вонредни предупредувања за покраината Џизан откако Хутите ја презедоа одговорноста за ракетен напад врз градот, објави Би-Би-Си . Медиумската мрежа на Хутите, ...
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека 13-тиот круг напади врз Иран биле насочени кон воени командни центри, објекти за складирање беспилотни летала, комуникациски мрежи и крајбрежни позиции, со цел, како што се вели, да се намалат заканите на Исламската револуционерна гарда (IRGC) за комерцијалниот превоз. Иран повторно изврши напади со ракети и беспилотни летала врз Бахреин и Јордан. Техеран тврди дека целите биле американски ...
Граѓаните на Валандово од 24 јули повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење. Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина привремената забрана по новата вонредна анализа која покажа 1,47 микрограми арсен на литар, далеку под дозволената граница од 10 микрограми. Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, ја соопшти веста за укинувањето на забраната. Тој рече дека не може целосно да ги објасни различните резултати ...
Македонија денес ќе биде под влијание на стабилно, сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Според прогнозата на УХМР, дневната температура ќе достигне до 40 степени, а во поголемиот дел од земјата ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели и во северните делови од државата, можно е локално да се развие нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Оттаму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите ...
Денеска до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 8 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Пробиштип – атар на с. Плешинци кон с. Стрмош (ниска вегетација, грмушки и ниска шума). Општина Куманово – атар на с. Винце (сува трева) и Општина Петровец – од с. Горно Коњари кон с. Винце (сува трева, ...
Бела пена се излеа попладнево во реката Лепенец. Истата потоа продолжила во реката Вардар и најизрзена беше во течението кај Злокуќани. На лице место излегле и екипи на скопски „Водовод“ земаат примероци за да утврдат за каква материја станува збор. Градоначаликот на Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека до Град Скопје стигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар. „Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на ...
Соединетите Американски Држави се соочуваат со најголем број случаи на мали сипаници во последните 35 години, според новите податоци од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), објави Би-Би-Си. Во САД има 2.318 потврдени случаи на мали сипаници во првите седум месеци од оваа година, што е зголемување во однос на 2.289, што е најголем број регистриран во текот на целата минатата година кога две невакцинирани деца ...
Забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево, сѐ уште важи откако претходно Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. За да дојде до промена, треба да стигнат три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ...
Шест лица се во притвор и се очекува наскоро да бидат обвинети за осуетениот напад врз синагога во париското предградие Сарсел. Францускиот обвинител за антитерористичка политика потврди во саботата дека нападот бил планиран за почетокот на овој месец, објави Ројтерс . Апсења по евакуацијата Осомничените, чии идентитети не се објавени, беа уапсени откако околу 300 луѓе беа евакуирани од Сарсел на 12 јули. Евакуацијата беше спроведена бидејќи ...
Актуелниот рекет број еден, Јаник Синер го откажа настапот на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал, Канада, кој ќе се игра од 2 до 13 август. Претходно, настапот на турнирот го откажа и рекордерот по бројот на освоени Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ. Од претходно се знаеше дека на овој турнир ќе го нема Карлос Алкарас кој веќе подолго време е надвор од терените поради повреда. Турнирот во Монтреал се смета како еден од главните подготовки, ...
22-годишен пешак е тешко повреден откако бил прегазен во тетовското село Брвеница, додека возачот на возилото што го удрило избегал од местото на несреќата. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 23 јули 2026 година околу 08:01 часот, кога патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од Брвеница и веднаш го напуштило местото. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Тетово. ...
Кога ќе почувствуваме жед, најчесто посегнуваме по чаша вода. Сепак, истражувањата покажуваат дека во одредени ситуации млекото може да обезбеди подолготрајна хидратација благодарение на комбинацијата од електролити, протеини и јаглехидрати кои му помагаат на организмот подобро да ја задржи течноста. Експертите нагласуваат дека тоа не значи дека млекото е подобро од водата во секоја ситуација. Водата останува најдобриот избор за секојдневна ...
Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци. Во несреќата едно лице е тешко повредено, а две полесно. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел” со винички регистарски ...
Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) се прости со репрезентацијата на својата земја, за која настапуваше 17 години и одигра 139 натпревари. Веста ja објави на социјалните мрежи. Со Аргентина освои светска титула во 2022 година и две изданија на Копа Америка, во 2021 и 2024 година, а репрезентативната кариера ja заврши со сребро на неодамна завршеното Светско првенство. „Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата ...
Професионализмот и големиот креативен потенцијал на уметниците ги одразуваше не само нивните индивидуални квалитети, туку и префинетоста во заедничкото музицирање што беше видливо уште при првата композиција од репертоарот, меланхоличната мелодија „Хризантеми“ од Џакомо Пучини. Диригентката Бисера Чадловска, како и секогаш, и овојпат покажа голема уметничка зрелост, креативност и енергичност. -За мене „Охридско лето“ е секогаш посебна ...
Освен водата, и правилниот избор на намирници може да помогне телото да остане хидрирано во текот на жешките летни денови. Во летните месеци организмот губи повеќе течности, па покрај доволниот внес на вода, важно е и што се наоѓа на вашата чинија. Според Health.com, околу 20 проценти од дневниот внес на течности доаѓа токму преку храната, а некои намирници се особено богати со вода и хранливи материи. Краставиците, тиквичките и целерот ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. А за него е доставен и предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствената сопруга на која на 20 јули, при вршење семејно насилство, сериозно и се заканил пред да даде исказ во обвинителството во врска со ...
Apple се подготвува за најголемата промена во понудата на Mac компјутери во последните години. Според информациите од индустриски извори, компанијата во периодот од оваа есен до крајот на 2027 година ќе претстави нови верзии на речиси сите свои компјутери – од десктоп моделите iMac и Mac Studio до популарните MacBook лаптопи. Први на ред се новиот 14-инчен MacBook Pro од пониска класа и освежениот iMac. Овие модели се веќе завршени и се ...
Топлото време продолжува во Скопје и низ поголем дел од Македонија. Денеска се очекува сончево и топло време, со температури што ќе достигнат високи вредности, а во попладневните часови не се исклучува појава на локални грмежи и краткотрајни врнежи. Метеоролозите препорачуваат внимателност во најтоплиот дел од денот, особено за хронично болните, повозрасните и оние кои работат или престојуваат на отворено. Во Скопје сончево и многу топло, со ...