Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
На Светското првенство во фудбал продолжува нокаут-фазата, а денеска се играат последните натпревари од осминафиналната (1/16) рунда. Во првиот термин од 20:00 часот ќе се сретнат Австралија и Египет. Од полноќ на терен излегуваат Аргентина и Зеленоортски Острови. Последниот натпревар од оваа фаза ќе го одиграат Колумбија и Гана, со почеток во 03:30 часот по полноќ. Со овие дуели ќе биде комплетирана шеснаестина финалната фаза од турнирот, ...
Шпанија со убедлива победа од 3:0 над Австрија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, каде ќе се соочи со Португалија. Шпанците одиграа сигурен натпревар и без поголеми проблеми ја совладаа Австрија, потврдувајќи ја улогата на еден од главните фаворити за титулата. По натпреварот, селекторот Луис де ла Фуенте изјави дека неговата репрезентација е подготвена за секој противник и дека не му било важно дали ќе игра против ...
Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во новите руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Во областа Суми, на истокот од земјата, руски беспилотни летала погодиле семејна куќа, при што загинале две лица, а едно било повредено. Во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, седум лица се повредени откако руски проектил погодил густо населена населба. Во меѓувреме, во Киев денеска е прогласен ...
Хрватската фудбалска репрезентација го заврши настапот на Светското првенство откако загуби од Португалија со 2:1 во осминафиналето. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а Хрватска остана без шанса за продолженија откако голот за 2:2 беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд. Според објаснувањето на судиската одлука, сензорот во топката покажал дека напаѓачот допрел до неа пред одбивањето од португалскиот дефанзивец, поради ...
Швајцарија има убедлива предност од 2:0 против Алжир во осминафиналниот натпревар на Светското првенство, откако погоди веднаш по стартот на второто полувреме. Само неколку секунди по продолжението, Швајцарците извршија силен пресинг, ја освоија топката во опасната зона, а по нафрлувањето на Рубин Варгас, одбиената топка стигна до Дан Ндоје, кој со прецизен удар ја испрати во мрежата за 2:0. Швајцарија во нокаут-фазата влезе како ...
Светското првенство во фудбал носи уште еден историски дуел, каде што Лука Модриќ и Кристијано Роналдо повторно ќе се сретнат на големата сцена во натпреварот меѓу Хрватска и Португалија. Ова соочување на поранешните соиграчи од Реал Мадрид претставува веројатно последен мундијалски танц за двајцата ветерани кои со децении доминираат во европскиот фудбал. Навивачите ширум светот со голем интерес ја очекуваат оваа пресметка, која покрај ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, порача дека репрезентацијата има причина да биде горда и покрај елиминацијата од Светското првенство, откако неговата селекција загуби со 2:0 од САД во шеснаесетфиналето. Четириесетгодишниот напаѓач, кој го напушти теренот во 51. минута поради повреда, истакна дека неговиот тим дал сè од себе. „Немам некој посебен коментар. Дадовме сè од себе. За жал, одиме дома, но без разлика на сè, треба да ...
Белгија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по драматична победа од 3:2 над Сенегал по продолженија, во натпревар што ќе остане запаметен по најдоцниот гол во историјата на Мундијалите. Белгијците беа на работ на елиминација, бидејќи до 86. минута губеа со 2:0, но успеаја да направат неверојатен пресврт. Ромелу Лукаку во 86. минута го намали резултатот, а Јури Тилеманс само три минути подоцна израмни на 2:2 и го однесе ...
Фудбалската репрезентација на Англија направи целосен пресврт и сега води 2:1 против ДР Конго во осминафиналето на Светското првенство во Атланта. Херој на натпреварот повторно е Хари Кејн, кој во 86. минута постигна гол за водство и комплетен пресврт, откако претходно во 75. минута го израмни резултатот на 1:1. Англија со тоа направи целосен резултатски пресврт по раното водство на DR Конго, а во финишот ја презеде контролата врз ...
Фудбалските репрезентации на Англија и ДР Конго играат драматичен натпревар во осминафиналето на Светското првенство во Атланта, каде што резултатот е израмнет по голема борба. DR Конго прв дојде до водство во седмата минута, кога Брајан Сипенга ја искористи конфузијата во одбраната на Англија и погоди за 1:0. Англија потоа ја презеде иницијативата, но наиде на одличен отпор и инспириран голман на противникот. Во текот на првото полувреме, ...
На натпревар од шеснаесетина финале на Светското првенство, што се игра во Атланта, репрезентациите на Англија и ДР Конго играат возбудлив дуел со рано изненадување. ДР Конго поведе уште во 7. минута, кога Чансел Мбемба испрати долга дијагонала од десната страна, а по несигурната реакција во одбраната, топката стигна до Брајан Ципенга. Тој ја прими на левата страна од шеснаесетникот и со силен удар во блискиот агол го совлада англискиот ...
Компаниите од приватниот сектор од денеска можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Законската обврска за исплата на регресот трае до 31 декември во тековната година. Во Македонија износот на К-15 во приватниот сектор не е фиксна сума, туку зависи од тоа кога работодавачот ќе донесе одлука за исплата. Како се пресметува К-15 во приватниот сектор? Основицата за пресметка е просечната месечна нето-плата по ...
Пред пресметката меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026, селекторот Маурисио Покетино порача дека неговата селекција го доживува овој натпревар како финале. „За нас ова е финале на Светското првенство. Немаме втора шанса ако згрешиме. Одиме на сè или ништо и верувам дека сме способни да продолжиме понатаму“, изјави Покетино на прес-конференцијата. На почетокот од ...
Мексико се пласираше во осминафиналето на Светско првенство во фудбал 2026, откако со сигурни 2:0 го совлада Еквадор. Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога мрежата на Еквадор ја затресоа Хулијан Кињонес во 22. минута и Раул Хименес во 31. минута. Мексиканците први се заканија преку Хименес, кој не беше прецизен со удар со глава, а потоа Еквадор возврати со обид на Џон Јебоа, чиј удар заврши во стативата. Во 22. минута ...
По третиот ден од нокаут-фазата на Светско првенство во фудбал 2026, уште шест репрезентации обезбедија место во осминафиналето и останаа во трката за светската титула. Меѓу селекциите кои продолжуваат понатаму се Канада, Бразил, Парагвај, Мароко, Норвешка и Франција. Норвешка во драматичен натпревар ја совлада Брегот на Слоновата Коска со 2:1 и си обезбеди осминафинален дуел против Бразил, кој се очекува да биде еден од најинтересните ...
Килијан Мбапе продолжува да испишува историја на Светско првенство во фудбал. Со двата гола во победата на Франција од 3:0 против Шведска, 27-годишниот напаѓач собори рекорд што со децении им припаѓаше на бразилските легенди. Првиот погодок му беше десетти во нокаут-фазата на Светските првенства, со што стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите во елиминациските натпревари. Зад себе ги остави Роналдо Назарио и Леонидас, кои ...
Тензиите меѓу Авганистан и Пакистан повторно ескалираа, откако авганистанските талибански власти соопштија дека извеле напади врз цели долж заедничката граница како одговор на неодамнешните пакистански воздушни удари. Според талибанските власти, нападите следувале по операцијата што Пакистан ја изврши во неделата, во која, според податоци на Обединетите нации, загинале најмалку 28 цивили. Би-би-си наведува дека овие информации не можеле ...
Франција и Шведска вечерва од 23 часот ќе се соочат во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026 во Њујорк. Франција влегува во натпреварот како изразен фаворит, откако групната фаза ја заврши на првото место пред Норвешка, Сенегал и Ирак. Шведска, пак, се пласираше во нокаут-фазата како третопласирана зад Холандија и Јапонија, а пред Тунис. Победникот од вечерашниот натпревар ќе игра против Парагвај во осминафиналето. Франција ...
Брегот на Слоновата Коска и Норвешка вечерва од 19 часот ќе се соочат во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026, а победникот ќе обезбеди место во осминафиналето против Бразил. Брегот на Слоновата Коска до елиминациската фаза стигна како второпласиран во својата група, зад Германија, а пред Еквадор и Курасао. Норвежаните, пак, ја освоија втората позиција во групата зад Франција, оставајќи ги зад себе Сенегал и Ирак. Познати се ...
Повеќе од 220 фонтани за пиење вода низ Скопје повторно се ставени во функција, информираа од Град Скопје. Во соработка со ЈП „Водовод и канализација“, биле мапирани, сервисирани и повторно оспособени голем број фонтани кои со години биле надвор од употреба поради дефекти и негрижа. Од Градот најавуваат дека паралелно со обновата на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации низ Скопје. Градоначалникот ...
Брегот на Слоновата Коска и Норвешка ќе се сретнат во 19 часот во Арлингтон, Тексас, во шестнаесетфиналето на Светското првенство. Ова е воедно и прв официјален дуел меѓу двата тима, а победникот ќе игра во осминафиналето против Бразил, кој ја победи дисциплинираната Јапонија со 2:1 во продолжение со голот на Габриел Мартинели. Претстојниот натпревар има историско значење за двата тима. Брегот на Слоновата Коска за прв пат во историјата ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска, го заврши својот дебитантски настап на главната фаза од турнирот Вимблдон. Во меч од околу еден час, Ѓорческа загуби со 2:0 од фаворизираната американска тенисерка Аманда Анисимова. Првиот сет Анисимова го освои со резултат 6:3 додека во вториот сет, освои пет гемови по ред и победи со 6:2. И покрај тоа што жрепката не беше наклонета, па Лина играше со ланската финалистка уште во првото коло, ...
Дел од жителите на Скопје утре ќе останат без вода поради планирани активности на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради реконструкција на пумпниот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, без водоснабдување ќе остане населеното место Бардовци во периодот од 01:00 до 10:00 часот, односно девет часа. Покрај тоа, поради дефект на затворач со пречник Ф-150 милиметри на улицата „Народен фронт“ бр. 21, ...
Утрово повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираат дека преку бројот 112 била добиена пријава за пожар на сува трева и оти истиот се проширува кон куќите, кај „Џиди Комерц“, во Шуто Оризари. Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот. Во ...
Поетесата Марија Ангеловска е добитничка на наградата „Енхалон” за најдобра прочитана песна од млад автор, а поетесата Лју Јуе од Кина ја доби наградата „In vino veritas“ за најдобра песна посветена на виното на 65-тите Струшки вечери на поезијата. За наградата „Енхалон“ се пријавија седум поети со по три песни, додека за најдобра песна посветена на виното, напишана на етикетите на вината на „Тиквеш“ во конкуренција беа 23 автори. ...
Во силните земјотреси што неодамна ја погодија Венецуела, загинале 1.719 лица, изјави претседателот на парламентот Хорхе Родригес, пренесуваат американски медиуми. Тој наведе дека 5.034 лица се повредени, а околу 50.000 се водат како исчезнати. Според податоци на Обединетите нации, земјотресите создале околу 1,2 милиони тони отпад во северната држава Ла Гваира, која е најтешко погодена област. Стотици тела се наоѓаат во импровизирани ...
САД најавуваат нова рунда состаноци со Иран во Доха, додека Техеран тврди дека во Катар ќе се разговара исклучиво за спроведување на веќе постигнатиот договор и за управување со Ормускиот теснец. Комитетот за Ормус, организиран од Иран и Оман го одржа својот прв состанок, со идеја за евентуално заедничко управување со стратешкиот теснец во иднина. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран за правни и меѓународни прашања, Казем ...
Населеното место Бардовци денеска ќе биде без вода поради реконструкција на пумпениот дел во хидрофорот и поставување на нова пумпа. Како што информираат надлежните, прекинот е неопходен за изведување на техничките работи и подобрување на водоводниот систем. Паралелно, поради дефект на затворач на улицата „Народен Фронт“ 21, без вода ќе останат и корисници од дел од Центар. Станува збор за потегот од Дом на печатот до улицата „Франклин ...
Британскиот премиер во заминување Кир Стармер повторно ја потврди посветеноста на Велика Британија кон НАТО, оценувајќи дека Алијансата е „најуспешниот воен сојуз што светот некогаш го познавал“. Стармер денеска во Даунинг стрит се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во пресрет на самитот на Алијансата што ќе се одржи на 7 јули во Анкара. На средбата британскиот премиер истакна дека минатогодишниот самит донел значајни ...
Во вториот натпревар од 1/16 финалето Јапонија води против Бразил со 1:0 по првите 45 минути игра. Голот за „Самураите“ го постигна Сано во 29тата минута. Бразил освен што го има поседот, не создаде некоја стопроцентна прилика за гол, па оттука ќе биде интересно да се види како „Кариоките“ ќе реагираат во вториот дел. Победникот од овој меч во 1/8 финалето се среќава со подобриот од дуелот Норвешка – Брегот на Слоновата Коска. Денес на ...