Прекинот е најавен поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Делови од општина Кисела Вода денеска, 20 јуни, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 08:30 до 15:30 часот. Без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Герника“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10, „Иван Хаџиниколов“ 1, ...

На крајот на 2025 година, во светот имало повеќе од 117 милиони луѓе кои биле присилно раселени поради војни, конфликти, прогон, насилство, прекршување на човековите права или кризи што им го одзеле најосновното чувство на сигурност. Меѓу нив, 41,6 милиони се бегалци, околу 9 милиони се баратели на азил, а десетици милиони луѓе се раселени во рамки на сопствените земји. Но зад секоја од овие бројки стои човек. Стои семејство кое морало да ...

Следниот круг преговори меѓу Израел и Либан ќе се одржи од 23 до 25 јуни во Вашингтон, соопшти американскиот Стејт департмент по телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и либанскиот претседател Џозеф Аун. Во фокусот на разговорите останува барањето на САД за целосно разоружување на Хезболах. Американската страна ја потврди поддршката за напорите на либанската влада да воспостави целосна контрола врз целата ...

Две малолетни девојчиња на возраст од 11 и 13 години се удавија на плажата Тале, во близина на градот Леже во Албанија, во трагичен инцидент што ја потресе јавноста. Според првичните информации, девојчињата влегле во морето во дел од плажата кој не бил надгледуван и без присуство на спасувачи. Се претпоставува дека биле повлечени од морските струи и не успеале да се вратат назад кон брегот. И покрај брзата интервенција, нивните тела биле ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина денес практично претставуваат „втора најсилна армија во НАТО“, нагласувајќи дека искуството стекнато во војната со Русија ја направило земјата важен безбедносен фактор за западниот воен сојуз. Во разговор со новинарите, Зеленски порача дека „на НАТО му е потребна Украина“, додавајќи дека тоа веќе го препознаваат лидерите на земјите членки на Алијансата. Според ...

Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле позиции и инфраструктура поврзани со Хезболах, додека Либан предупредува дека е загрозен новиот договор за смирување на конфликтот. Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени во серија израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. Нападите се случиле во текот на ноќта и рано наутро, главно во областа Набатија, која е една од најпогодените зони во ...

Израелските воздушни сили извршија жестоки артилериски гранатирања на југот на Либан при што загинаа најмалку петнаесет лица. Овие масовни воени напади се случија веднаш по објавувањето на новата карта за проширена израелска воена контрола. Со овој чекор, Тел Авив директно го оспори привремениот мировен договор што САД го потпишаа со Иран, а кој експлицитно повикуваше на целосен прекин на огнот на сите блискоисточни боишта вклучувајќи ја и ...

Делови од општините Гази Баба и Карпош денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради најавени технички интервенции. Од ЕВН Македонија АД информираат дека во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Радован Ковачевиќ“ во општина Гази Баба. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак, известуваат дека поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1’’ на булеварот „Партизански ...

Планираните разговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, кои требаше да се одржат во петок во швајцарското одморалиште Бургеншток, се откажани, потврди швајцарското Министерство за надворешни работи. Со тоа се доведува во прашање понатамошниот тек на преговорите по неодамнешниот привремен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Според швајцарските власти, до откажувањето дојде откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја откажа ...

Додека го отвора својот претседателски центар, поранешниот американски претседател Барак Обама ужива убедливо највисока популарност меѓу живите поранешни лидери на САД. Според најновата анкета на CNN, спроведена од агенцијата SSRS, дури 57 проценти од Американците имаат позитивно мислење за Обама, што е значително повеќе во споредба со неговите наследници. Истражувањето покажува дека актуелниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 34 ...

Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот MV Hondius, кој беше ставен во карантин поради појава на смртоносен хантавирус, добија дозвола да ја напуштат изолацијата и да се вратат во своите земји, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус. На бродот беа потврдени 12 случаи на зараза, како и уште еден сомнителен случај, додека тројца патници починаа како последица на инфекцијата. ...

Церемонијата за официјално потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, која требаше да се одржи утре во Женева, е откажана бидејќи документот веќе е потпишан од далечина од двете страни. Ова го соопшти пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар во изјава за Би-Би-Си. Според Дар, нема потреба од дополнителна свечена церемонија, бидејќи формалниот дел од договорот веќе е завршен, а процесот ...

И покрај најавите за намалување на тензиите на Блискиот Исток по потпишувањето на меморандумот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, Израел не покажува подготвеност да се откаже од своето воено присуство во јужен Либан. Според информации објавени од агенцијата „Ројтерс“, израелските власти водат интензивни разговори со Вашингтон со цел нивните сили да останат распоредени во делови од либанската територија и во периодот што следува. ...

Израелската војска соопшти дека ќе продолжи со операциите во јужен Либан, иако меморандумот потпишан од САД и Иран предвидува „итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и Либан“. Израелската војска објави мапа за која вели дека ги покажува моменталните позиции на нејзините сили во јужен Либан, околу десет километри на територијата на Либан. Во соопштението се вели дека војниците се распоредени во „одредена ...

Во првиот натпревар од Мундијалот, Португалија синоќа ремизираше со 1:1 против аутсајдерот Конго. Очекувано, португалската, но и светската спортска јавност упатија жестоки критики за играта особено кон Кристијано Роналдо. Лидерот на репрезентацијата не само што не постигна гол, туку изигра бледо и речиси и да не придонесе со ништо во играта на Португалија. Тоа е потврдено и со официјалната статистика. Во текот на целиот натпревар тој не ...

Соединети Американски Држави и Иран електронски потпишаа меморандум за разбирање со кој официјално започнува процесот за прекин на воените дејствија и нормализација на односите меѓу двете земји. Според американски извори, документот веќе стапил во сила, а го потпишал американскиот претседател Доналд Трамп. Иако официјалната церемонија е закажана за петок во Швајцарија, двете страни одлучиле договорот да започне да се применува веднаш. ...

САД и Иран постигнаа меморандум за разбирање со кој се предвидува прекин на воените дејствија и почеток на процес за траен мировен договор. Според документот, двете страни се обврзуваат на запирање на непријателствата, повторно отворање на Хормушкиот теснец и постепено олеснување на санкциите кон Техеран. Договорот, кој веќе е електронски потпишан, предвидува 60-дневен рок за финализирање на конечен спогодбен текст. Во него се вклучени и ...

Корисниците од улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“ во општина Кисела Вода утрово се без вода поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето започнал во 05:25 часот. Од претпријатието информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. Корисниците од улиците „Црниче“, „Банско“ и „Караџица“ во општина Кисела Вода утрово се без вода поради ...

Властите на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, воведоа забрана за ноќно користење на мотори, скутери и четвороцикли, мерка што ќе важи од 20 часот навечер до 6 часот наутро. Според руските локални власти, забраната е привремена и има за цел заштита на воените и стратешки објекти на полуостровот. Причината за ваквата одлука е зголемената закана од напади со дронови. Советник на гувернерот Сергеј Аксјонов изјави дека бучавата од ...

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC) предупреди дека актуелната епидемија на ебола во Демократска Република Конго би можела да прерасне во најтешката во историјата, доколку не се стави под итна контрола. Директорот на Africa CDC, Жан Касеја, изјави дека ситуацијата е сериозна затоа што моментално не се следат десетици илјади контакти на лица заразени со вирусот, што значително го зголемува ризикот од ...

Нацрт-договор од 14 точки меѓу САД и Иран, кој според арапската телевизија Al Arabiya треба да биде потпишан во петок, предизвика силни реакции во меѓународната јавност поради отстапките што наводно му се нудат на Техеран. Според објавениот документ, двете земји би прогласиле итен и траен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан, а би започнале и преговори за конечен мировен договор кој треба да биде завршен во рок ...

Дебитантот на Мундијалот, Зеленортските острови го направија досега најголемото изненадување на Светското првентство. Со смирена и перфектна одбрана, африканската селекција успеа да го сочува голот против фаворизираната Шпанија. Се редеа шанси за Шпанците и преку Педри, Аризабал, па и преку Јамал и Вилијамс но „сините ајкули“ останаа непоразени, а на крајот дури имаа и можност да постигнат гол. Во оваа група се и репрезентациите на Саудиска ...

Полицијата попладенво соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. „Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот“ информираат од СВР Охрид. На лице место излегол и дежурен јавен обвинител, а телото ...

Четириесет и тригодишен жител на Неготино бил приведен по пријава за семејно насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Неготино на 14 јуни, околу 16:25 часот, го лишиле од слобода Т.З. (43) од Неготино, постапувајќи по претходно добиена пријава за семејно насилство. Според МВР, во пријавата било наведено дека тој, по кратка расправија, физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, како и нивниот ...

Руското Министерство за одбрана не планира да ја одржи таканаречената Главна поморска парада оваа година, традиционален летен настан што редовно се организира во Санкт Петербург од 2017 година, објави рускиот медиум „Фонтанка“. Според Фонтанка, не станува збор за класично „откажување“ на парадата од едноставна причина што нејзините подготовки сè уште не се ни започнати. „Не е издаден претседателски декрет за одржување на Главната поморска ...

Германија и Курасао го одиграа првиот меч на денешниот четврти ден на Мундијалот. Мечот беше отворен многу рано, уште во шестата минута со голот на Каи Хаверц со кој Германија поведе. На изненадување на сите Курасао израмни во 21вата минута со голот на Комененсиа кој го совлада Нојер. Тоа како да ја налути Германија па до крајот на полувремето дадоа уште два гола и на полувреме се отиде со резултат 3:1. Во второто полувреме Германија погоди ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека договорот меѓу САД и Иран за ставање крај на конфликтот е сè уште на добар пат за потпишување и покрај нападот на Израел врз Бејрут и најавите на Техеран дека ќе одговори на потегот. Во интервју за „Аксиос“, Трамп рече дека неговата администрација интензивно работи на зачувување на договорот, за кој рече дека бил доведен во прашање по израелскиот напад врз либанската престолнина. „Тоа ја ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија на избори ќе оди за три до четири месеци, и дека надлежните органи ќе одлучат дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат истовремено. Тој повтори дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател и најави дека разгледува неколку кандидати за следните претседателски избори. На митинг во Белград на 27 јуни, тој ќе го претстави името на листата, програмата и планот за ...

Иран се обврза според нацрт-меморандумот за разбирање со САД да не произведува ниту да стекнува нуклеарно оружје, изјави висок ирански функционер. Американската страна сè уште не ги коментираше информациите за наводниот договор, кои беа објавени од ирански извор, пишува „Скај њуз“ . Детали за нацрт-договорот Според службеникот, деталите за тоа како да се справи со постојните залихи на збогатен ураниум на Иран треба да бидат договорени во ...

Почетокот на летната сезона, но и новиот системза влез и излез во ЕУ, утрово создаде хаос на граничните премини кон Грција. Според информации од патници, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија, како и на преминот Евзони за влез во Грција, се чека и по неколку часа. Долги колони има на граничниот премин Дојран, каде што исто така се бележат значителни задржувања. За разлика од овие два премини, на граничниот премин Меџитлија ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.99
38%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.49
57%
1014
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.43
42%
1016
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.02
51%
1015
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.58
42%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.39
34%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.35
40%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.81
58%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
0.54
40%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.64
94%
1014
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Злато

136962.18