Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија изминатата ноќ ќе продолжат и за двата дена од викендот па се до вторник (11 ноември). Повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје и ...

Синоќа беше промовирана песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која Македонија ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025. „Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна — тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена ...

Израелските вооружени сили денеска објавија дека синоќа убиле двајца тинејџери, за кои тврдат дека фрлале молотови коктели во селото Џудеира, на окупираниот Западен Брег на реката Јордан. Палестинското Министерство за здравство ги идентификуваше убиените како Мохамед Атим и Мохамед Касим, и двајцата на 16-годишна возраст, додавајќи дека израелската армија ги зела нивните посмртни останки. „Во четвртокот навечер, двајца терористи беа ...

Во Францускиот институт во Скопје, модата и музиката се споија во четвртокот вечерта во чест на креативноста и смелоста на младите таленти од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“. Амбасадорот, заедно со Изет Цури, ја отвори изложбата „Музиката во модата“, поздравувајќи ја енергијата, инвентивноста и културното влијание на овој реномиран институт. Оваа вечер ги отсликува врските што ги обединуваат Франција и Северна Македонија преку ...

Велика Британија денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија, еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации го стори истото, пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп следната недела, додека Европската унија потврди дека ќе го стори истото. Велика Британија објави во соопштение на официјалната веб-страница на владата дека ги укинува и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи ...

Европската унија воведе построги визни правила за руските граѓани поради, како што вели, „употребата на миграцијата како оружје, акти на саботажа и потенцијална злоупотреба на визите“. Руските граѓани повеќе нема да можат да добиваат визи со повеќекратен влез и ќе мора да поднесуваат ново барање за виза секој пат кога патуваат во ЕУ, се вели во соопштението на Европската комисија, пренесува Ројтерс. Целта на оваа мерка е да се заштити јавниот ...

Шведската национална полиција објави извештај за 2025 година, според кој околу 17.500 лица се сметаат за активни членови на криминални банди, а дополнителни 50.000 се поврзани со насилство поврзано со банди. Шефицата на полицијата Петра Лунд истакна дека „друштвено штетните злосторства не можат да се искоренат само со кривично гонење, туку мора да се спречат уште во рана фаза“. Извештајот беше претставен на заедничка прес-конференција со ...

Руското Министерство за надворешни работи денеска порача дека Москва е подготвена да одговори на барањата на Венецуела за воена поддршка, но истовремено повика на избегнување на каква било ескалација на тензиите во регионот. Изјавата ја даде портпаролката Марија Захарова, која нагласи дека Русија „ги почитува одбранбените потреби на своите сојузници“, но се залага за дипломатско решение и регионална стабилност. Апелот до Москва го упати ...

На утрешниот концерт, кој е по повод 25 години од албумот ,,Врати на имагинација” и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо. Меѓудругото, на концертот премиерно ќе се промовира и посетителите ќе можат да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација“, а сите кои ќе го купат, ќе имаат можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва од 19:00 часот се одржува 7. издание на алтернативниот рок фестивал „Андерфест“. Публиката ќе има можност да ги гледа и слуша бендовите Lost in Reverie, Аудиоцигла, Димиш, Занаду, Деменси, Големата вода и Новиот почеток. Организаторите најавуваат динамична атмосфера и сценски настапи кои носат свеж звук и различни емоции. „Андерфест“ не е само фестивал – тоа е традиција, движење и заедница ...

Десетици луѓе се повредени и хоспитализирани по експлозија која се случи во петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите истражуваат што ја предизвикало експлозијата во Келапа Гадинг, на северот од Џакарта, изјави шефот на полицијата, Асеп Еди Сухер. Во болница се примени 54 лица, рече Сухер, додавајќи дека сериозноста на повредите се разликува – од полесни до сериозни, ...

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според извештаите, епицентарот бил на отворено море, на длабочина од 40 километри, околу 129 километри од градот Петропавловск-Камчатски. До сега нема извештаи за повредени или материјална штета. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. Камчатка беше погодена на 30 јули оваа година ...

Специјалните сили на украинската армија со беспилотни летала погодиле низа логистички и енергетски објекти на привремено окупираниот Крим, соопшти украинската војска. Се истакнува дека украинските дронови погодиле нафтено складиште „Гвардијска“, при што бил уништен резервоар кој во моментот на нападот бил полн. Специјалните сили исто така извршиле удари врз два воза со цистерни на надвозник за вчитување и истовар, додаваат од соопштението. ...

Американските акции забележаа главно намалување на вредноста на вчерашното тргување, предизвикано од загубите на компаниите од областа на вештачка интелигенција, поради неизвесноста околу идните проценки. Берзанскиот индекс Dow Jones падна за 455 поени (1,0%), S&P 500 за 1,1%, а Nasdaq за 1,8%, според извештаите на CNBC. Акциите на компаниите кои се фокусирани на вештачка интелигенција останаа под најголем притисок. Advanced Micro Devices ...

САД од денеска воведуваат ограничувања на домашните летови поради најдолгото затворање на владата во историјата на земјата. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) нареди на авиокомпаниите да го намалат бројот на летови за 4% на 40 главни аеродроми, почнувајќи од 6:00 часот по источно време. Ако затворањето продолжи, намалувањето ќе се зголеми на 10% од 14 ноември. Неколку големи авиокомпании веќе превентивно откажаа стотици летови ...

Два земјотреси го погодија Босна и Херцеговина во интервал од помалку од 30 минути утрово. Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случи во 8:59 часот, со епицентар 20 километри јгоисточно од Фоча, на длабочина од девет километри. Подржувањата се почувствуваа во поголем дел од централна БиХ. „Кратко, но силно тресење и вибрации“, напиша еден жител на Фоча на страницата на EMSC. Слични реакции имаше и од жителите на Вишеград. ...

Белгиската аеродромска власт утрово привремено го запре воздушниот сообраќај на аеродромот во Лијеж, откако во близина беше забележан дрон. Според националната служба за контрола на летање Skeyes, станува збор за втор ваков инцидент во Белгија во текот на оваа недела. Како што информираше портпаролот Курт Верwилиген, летовите биле прекинати околу 7:30 часот и обуставата траела приближно 30 минути. „Секоја пријава мора да ја сфатиме сериозно,“ ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денеска па сè до вторник, 11 ноември, во земјава се очекуваат нови локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи. Според метеоролошките најави, во текот на следните денови времето ќе биде нестабилно, со повремени поројни врнежи и засилен јужен и југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час. ...

Ураганот Мелиса, еден од најмоќните што некогаш го погодиле Карибите, претставува „најголемата климатска катастрофа во историјата на Јамајка“, изјави претставникот на УНДП, Кишан Ходај. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 30 проценти од Бруто домашниот производ на земјата, а се очекува таа бројка дополнително да порасне, посочи Ходај, нагласувајќи ги големите размери на разурнувањата по ураганот. „Овој разорен ураган предизвика ...

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, реагираше на изјавите на лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, за амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, во врска со неговата сексуална ориентација, објави АТА. Во објава на Платформата Х еврокомесарката Кос наведува дека ваквите напади се неприфатливи. „Родовата еднаквост и недискриминацијата се составен дел од правото на ЕУ. Почитувањето кон него ...

Чешкиот претседател Петр Павел во Прашкиот замок ја прифати оставката на владата, која претходно денеска ја поднесе кабинетот на премиерот Петр Фијала, и го замоли да продолжи со извршување на своите должности сè додека не се именува нова влада. Павел го задолжи лидерот на партијата АНО, Андреј Бабиш, да формира нова влада, која се очекува да биде во коалиција со партиите „Слобода и директна демократија“ (СПД) и „Мотористи“. Тој му се ...

Украински суд првпат осуди руски војник на доживотен затвор поради егзекуција на украински воен заробеник, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ). „Ова е прва пресуда во историјата на Украина во која окупаторската сила е осудена на таква казна, особено поради егзекуција на војник од одбранбените сили“, се наведува во соопштението на СБУ. Осомничениот, 27-годишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 ...

Владата на коалицијата на десниот центар на премиерот Петр Фијала денеска ќе поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори на 3 и 4 октомври. Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада, најверојатно составена од популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот премиер Андреј Бабиш, радикалните националисти Слобода и директна ...

Египќанецот Халед ел Енани денеска е формално избран за генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој на оваа позиција ќе ја замени Французинката Одри Азулеј. Со формалното гласање потврдена е одлуката од 6 октомври на Извршниот одбор на УНЕСКО, кој ја препорача кандидатурата на Ел-Енани пред Конгоанец Фирмин Едуард Матоко со убедливо мнозинство од 55 гласа „за“ и два „против“. Ел Енани ...

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одреди притвор на тројца мажи претходно осомничени за насилно однесување кон српски фолклорни играорци во Блатине, Сплит Од судот било заклучено дека тие би можеле да се обидат да влијаат врз сведоците, како и да го повторат кривичното дело за кое се товарат. Одбраната, како што за Индекс.хр изјавил адвокатот Тони Маринковиќ, кој застапува еден од уапсените, дека ќе поднесе жалба. Тие сметаат дека ...

Учениците во повеќето средни училишта во Белград ја бојкотираат наставата денес и утре во знак на поддршка на Дијана Хрка. Според Сојузот на средношколци на Србија (УНСС), вкупно 23 училишта се во блокада. Според листата на Сојузот на средношколци бојкот на наставата има во повеќе белградски гимназии и стручни средни училиште, како и во гимназиите во Младеновац, Обреновац, Чачак, Лазаревац и Панчево. Голем дел од учениците од овие училишта ...

Полска и Романија ќе постават нов систем за заштита од руските беспилотни летала, објавија тамошните власти. Станува збор за американскиот систем Меропс, а ваквиот потег доаѓа по серијата инциденти што се случија во воздушните простори на двете земји. Меропс може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација, кога сателитските и електронските комуникации ќе откажат. – Овој систем ни ...

„Пријавено е дека пиратите ѝ се приближиле на бродот со брз глисер и отвориле оган кон танкерот,“ се наведува во соопштението на компанијата, додавајќи дека пиратите дејствувале од киднапиран ирански брод. Танкерот пловел од индиското пристаниште Сика кон Дурбан, во Јужноафриканската Република. Во одвоено соопштение, Агенцијата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (UKMTO) објави дека неовластени лица се качиле на пловило ...

Украинското Генералштаб соопшти дека Украинската армија погодила голема рафинерија за нафта во Волгоградската област во Русија. Нападот се случил вчера, а ова е вториот пат во последните три месеци Украина да ја гаѓа оваа рафинерија. Иако руските власти официјално не го потврдиле нападот, локалниот гувернер изјавил дека дронови предизвикале пожар во индустрискиот дел на регионот. Нападнатата рафинерија е најголемиот производител на гориво во ...

Во Белград, пред Собранието на Србија, петти ден по ред штрајкува Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, млад човек кој трагично го загуби животот при пад на надстрешница. Хрка, која со месеци бара одговорност и правда за смртта на својот син, е премалена, настината и со ослабен имунитет, но одбива да го прекине протестот. Нејзиниот штрајк со глад го поддржуваат студенти, граѓани и ветерани, кои дежураат околу неа и ја чуваат од евентуални ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
71%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
87%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.77
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Иридиум

145787.60

Злато

135322.28

Цинк

3.24

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Калај

40.11

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Никел

471972.96