„Војната не е завршена и Хамас ќе биде разоружан. Тие што сакаат да ни наштетат повторно се наоружуваат и не се откажале од својата цел – да не уништат. Газа ќе биде демилитаризирана, тоа ќе се случи или на полесен начин или на потежок, но ќе се случи,“ изјави Нетанјаху во обраќањето пред Кнесетот, израелскиот парламент. Нетанјаху нагласи дека Израел останува решен да го спроведе примирјето во Газа и Либан „со железна тупаница“, истакнувајќи ...

Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање, објавија денеска словенечките медиуми. Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка ...

Вредноста на биткоинот денеска, до 15 часот по средноевропско време, се зголеми за 3,54 отсто и достигна 92.005,42 евра на најголемата светска берза за криптовалути, Бинанс, покажуваат податоците за пазарната трговија. Вкупниот обем на тргување со биткоини во последните 24 часа изнесува 61,28 милијарди евра. Индексот на „страв и алчност“ за биткоин денеска е на ниво 29, што се смета за категорија „страв“, што претставува мало подобрување во ...

Осум лица загинаа, а најмалку 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи, јави ПТИ, повикувајќи се на официјални извори. Експлозијата се случила во период на густ сообраќај и предизвикала пожар на неколку околни возила. Видеоснимки на социјалните мрежи покажуваат големи оштетувања и искршени прозорци, а очевидци изјавиле дека на местото имало ...

Еден од најактивните вулкани во светот, Килауеа на Хаваи, повторно еруптираше во неделата, исфрлајќи фонтани од лава и гас високо во воздухот. Ерупцијата, 36-та од декември минатата година, исфрли облаци од жешка лава што достигнаа висина и до 330 метри, објави „Еуроњуз“ Според Геолошкиот завод на САД, вулканската активност траела околу пет часа. Иако е во сила портокалова тревога, научниците потврдија дека ерупцијата не претставува закана за ...

Дијана Хрка, мајката на Стефан — едно од шеснаесетте загинати лица при падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, веќе девет дена штрајкува со глад во близина на кампот „Ќациленд“. Во изјава за телевизијата N1, таа изјави дека се чувствува изнемоштено, но дека не планира да се повлече сè додека, како што рече, „институциите не почнат да си ја вршат работата“. Според нејзините зборови, утрово кон нејзиниот шатор бил фрлен ...

По големиот комеморативен митинг одржан на 1 ноември во Нови Сад, студентите од сите универзитети во Србија подготвуваат нови протести во рамките на својата борба за распишување предвремени парламентарни избори. Како што објави Nova.rs, плановите за овој месец се изменети поради поддршката што студентите ѝ ја даваат на Дијана Хрка, мајка на трагично загинатиот Стефан Хрка, која веќе неколку дена штрајкува со глад пред српското Собрание. „Имаме ...

Оваа недела во РеТрн ни гостува човекот што сите го знаат по своите вкусни рецепти и заразна енергија во кујна – Филип Поповски, познат како Фиќо! Неговиот YouTube канал „Готвиме со Фиќо“ веќе одамна е омилено место за сите што сакаат добра храна, позитивна енергија и инспирација за готвење. Во оваа епизода, Дениз ќе се обиде да докаже дали има талент за тесто и сос – и дали навистина може да се снајде како пица-мајстор. А Фиќо ќе открие: ...

Ова е прва официјална посета на сириски претседател во Белата куќа, шест месеци по нивната прва средба во Саудиска Арабија, и само неколку дена откако Вашингтон соопшти дека поранешниот член на Ал-Каеда повеќе не се смета за „специјално означен глобален терорист“. Четириесет и двегодишниот Шара ја презеде власта минатата година, откако неговите исламистички борци започнаа брза офанзива од северозападниот дел на земјата и по неколкудневни борби, ...

Утрово, во регионот на Одеса, четирикатна станбена зграда беше погодена во напад со беспилотни летала, објави началникот на Воената администрација на Одеса, Олег Кипер. Во соопштението на неговиот Телеграм-канал се наведува дека „како резултат на нападот избувна пожар на фасадата на четирикатната станбена зграда. Спасувачите брзо го изгаснаа пожарот“. Според официјалната информација, во нападот нема регистрирано жртви или повредени. Нападот ја ...

Без напојување ќе бидат корисниците од улицата Леринска, во околината на број 3, во временскиот интервал од 09:00 до 15:00 часот. Од ЕВН информираат дека прекинот е привремен и се спроведува со цел одржување и унапредување на стабилноста на електроенергетскиот систем во тој дел од градот. Граѓаните се повикуваат да ја планираат својата дневна активност согласно со најавениот прекин и да ги исклучат електричните уреди за да се избегнат евентуални ...

Од нападот се здобил со тешки повреди. По интервенцијата на ловџии кои го забележале, веднаш бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил транспортиран на клиниките во Скопје. Жителите од Прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, велат дека присуството на мечки во последно време е сè почесто и предупредуваат дека ваквите случаи би можеле да се повторуваат. Извор:Маркукуле.мк Share ...

Кометата 3I/ATLAS, откриена на 1 јули 2025 година со телескопот ATLAS во Чиле, е третиот потврден меѓузвезден објект некогаш забележан, по ‘Оумуамуа (2017) и 2I/Борисов (2019). Нејзиното ледено јадро е обвиткано со кома – облак од гас и прашина – а нејзината необична патека покажува дека не е гравитациски врзана за Сонцето, што значи дека потекнува од друг ѕвезден систем. НАСА ја идентификува 3I/ATLAS како комета, но нејзиниот необичен изглед и ...

Оние кои го пробале велат дека домашниот путер е помек, покремаст и побогат по вкус од купечкиот, совршен додаток за палачинки, пецива или колачи. Во сад се истура слатка павлака за шлаг, која најпрво се мати на ниска брзина, а потоа на средна, додека не се згусне и не почне да се претвора во шлаг. Потоа се продолжува со матење уште неколку минути – додека смесата не се раздвојува на течност и зрнести остатоци (путер). Путерот се промива со ...

На Филипините, најмалку две лица загинаа, а повеќе од еден милион жители беа принудени да ги напуштат своите домови поради тајфунот Фанг Вонг, кој со силина на ветер до 230 километри на час го погоди најгусто населеното подрачје на земјата, островот Лузон. Поради невремето беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во повеќе региони, а неколку аеродроми беа затворени. Властите издадоа највисоки предупредувања за бура, бидејќи обилните ...

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, низ поголем дел од земјата се регистрираат повремени врнежи од дожд, а локално и поројни, особено во североисточните и источните делови на државата. Во утринските часови времето беше облачно и свежо, со температури меѓу 9 и 12 степени. Преку денот температурите ќе се искачат до 16, локално до 18 степени, но без значително разведрување. Облачноста ќе биде застапена, а кратки прекини на ...

Лидерот на движењето Самоопределување (Vetëvendosje), Албин Курти, го оцени како успех за својата партија исходот на локалните избори на Косово, иако резултатите покажуваат слабеење на поддршката во однос на претходните избори. Курти истакна дека победата во четири општини во вториот круг — Јужна Митровица, Гњилане, Обилиќ и Косово Поле — е остварена „иако се сите обединија против Самоопределување“. „Ова е невидена ситуација во ...

Во Словачка вечерта се случи судар на два воза, при што десетици патници се повредени, потврдија полицијата и министерот за внатрешни работи. Несреќата се случила кога еден воз удрил во задниот дел на друг воз во железничкиот коридор помеѓу Братислава и Пезинок, околу 20 километри североисточно од главниот град. Министерот за внатрешни работи, Матуш Шутај-Ешток, изјави од местото на несреќата дека нема жртви, но 11 лица биле пренесени во ...

Супертајфунот „Фунг-вонг“ ја погоди северната област на Филипините, предизвикувајќи разорни ветрови и обилни дождови. Според властите, две лица загинаа, а повеќе од еден милион жители беа евакуирани на безбедни локации. Метеоролошката служба PAGASA соопшти дека тајфунот поминал над северниот дел на островот Лузон, носејќи ветрови со јачина од 185 км/ч, со удари што достигнувале и до 230 км/ч. Лузон и островот Источен Висајас беа најпогодени – ...

По серија инциденти на белгиските аеродроми, три дрона биле забележани синоќа над нуклеарната електрана Доел, јавува белгискиот RTL. Компанијата Engie потврдила околу 22 часот дека беспилотните летала биле забележани над постројката. Портпаролката на компанијата, Хелен Смеетс, изјави дека инцидентот не влијаел на работата на централата и дека надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата. Од локалната полициска зона Scheldewaas засега не ...

Турција работи на тоа да обезбеди безбеден коридор за околу 200 цивили кои се заробени во тунелите во Газа, изјави висок турски претставник. Оваа иницијатива доаѓа откако Турција успеа да посредува во враќањето на посмртните останки на израелскиот војник Хадар Голдин, кој загинал пред повеќе од десет години за време на војната во Газа во 2014 година. Претходно, Хамас соопшти дека нивните борци во областа Рафах, која се наоѓа под израелска ...

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) ги објави прелиминарните резултати од вториот круг локални избори за градоначалници. Според првичните податоци, движењето Самоопределување (Vetëvendosje) победило во четири општини: Со овие победи, и заедно со трите општини добиени во првиот круг, Самоопределување сега има вкупно седум градоначалници, што е четири повеќе отколку на претходните избори. Демократскиот сојуз на Косово (LDK) освои ...

Пропалестински активисти упаднаа во главната зграда на Техничкиот факултет во Минхен, каде на покривот организираа огномет и развија транспаренти, соопшти полицијата. Акцијата траеше околу два часа, а активистите напуштија ја зградата откако универзитетот им се закани со кривична пријава за неовластен влез, изјави портпаролот на полицијата. Потоа полицијата го обезбеди пристапот до зградата. Според изјавата од Техничкиот универзитет во Минхен, ...

Во 18 општини на Косово денес се одржа вториот круг локални избори за градоначалници. Гласачките места беа затворени во 19 часот. Според податоците од Централната изборна комисија во Приштина, до затворањето на гласачките места излезноста изнесувала 32,15%, односно гласале 423.316 од 1.316.672 бирачи со право на глас. Во споредба со првиот круг, бројот на излезени бирачи е помал. Во Клокот, единствената српска општина во која се одржува вториот ...

До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат уште четири трки, а денеска на легендарната патека Интерлагос се вози првата од нив – Големата награда на Бразил. Трката започна со Ландо Норис (McLaren) од пол-позиција. Тој води во генералниот пласман и се обидува да ја зголеми својата предност пред последните три трки од сезоната. Норис доминираше овој викенд во Бразил и победи и во спринт трката. Неговиот главен конкурент Оскар Пјастри ...

Во центарот на Загреб, пред зградата на Српското културно друштво „Просвјета“ на улицата Праладовичева, денес беше забележано полициско присуство и паркиран полициски комби. Засилената полициска заштита е поставена поради недавниот инцидент, кога помеѓу 50 и 100 маскирани лица се собраа пред центарот, извикувајќи пароли како „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и „За дом спремни“. Кога пристигнала полицијата, групата се повлекла, при што ...

Дали некогаш сте се запрашале кое е најосамено место на Земјата? Тоа е Point Nemo, познато и како „средина на никаде“. Сместен во Тихиот Океан, Point Nemo е најоддалеченото место од било кое копно – најблиското копно се ненаселени острови оддалечени дури 2.688 километри. Интересно е што до ова место ретко пристигнуваат бродови или авиони, а често се користи како гробиште за вселенски летала, каде завршуваат стари ракети и сателити. Уште ...

Здруженијата на граѓани „16 март“ и „Кој е следен“ најавија марш кој ќе се одржи на 15 ноември во Скопје. Како што објавија на социјалните мрежи маршот ќе почне на Плоштад Македонија и потоа преку Собранието ќе заврши кај Основниот кривичен суд. „Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во Скопје беше крик за видливост. Тој топол априлски ден чекоревме сами, додека градот молчеше. Баравме институциите да нe видат и ...

Многумина ја фрлаат кората од мандарина, без да знаат дека таа е вистинска ризница на нутриенти. Само 10 грама кора содржат 3% од препорачаната дневна доза на влакна, 2% витамин Ц, а исто така и железо, калциум и антиоксиданси, без масти. Стручњаците советуваат да се користи само кора од домашни, непрскани мандарини, за да се избегнат штетни хемикалии. Еве три докажани начини како кората може да биде корисна за здравјето: 1. Чај од кора ...

Израелската владa денеска соопшти дека турски војници нема да бидат дел од меѓународните сили кои би требало да ја преземат контролата над Газа од израелската војска. „На терен нема да има турски војници“, изјави Шош Бедросиан, портпаролка на израелската влада, одговарајќи на прашање за можното турско воено присуство. Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на двегодишниот конфликт во палестинската енклава предвидува ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
71%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
87%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.77
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Кобалт

55.67

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12

Калај

40.11

Цинк

3.24

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44