Авиокомпанијата Ryanair најави значајни измени во својот модел на работење, вклучувајќи укинување на една категорија билети и воведување појачани санкции за check-in процедури. Според извештајот, Ryanair планира да ја елиминира доплатата за пријава на шалтер во аеродром (која моментално може да изнесе до 55 евра) и да го примени целосно дигиталното пријавување за сите летови. Во исто време, компанијата најави дека патници кои нема да го следат ...

Денеска е прогласен ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина и во Црна Гора, по пожарот што во текот на ноќта од вторник кон среда ја погоди зградата на домот за стари лица во Тузла. Во трагичниот настан загинаа 11 лица, а повеќе од 40 се повредени, јавија локалните медиуми. Во Федерацијата БиХ, Владата нареди знамињата на јавните институции да бидат спуштени на половина копје, а сите културни и забавни настани на јавни места да бидат ...

Еден авганистански државјанин е уапсен во Данска под сомнение дека подготвувал напад врз еврејски објекти во Германија, соопшти денеска германското сојузно обвинителство. Осомничениот бил во контакт со дански државјанин Али С., кој се сомничи дека работел за иранските разузнавачки служби, собирајќи информации за еврејски локации и поединци во Берлин, најверојатно со цел подготовка на напад. „Лицето е во притвор под сомнение дека се согласило да ...

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер беше привремено прекинат во вторник навечер, откако пилот пријавил забележан дрон во близина на пистата, потврди германската полиција. Аеродромот бил затворен од 22:00 до 22:45 часот, а три авиони биле пренасочени, соопшти полициски портпарол за агенцијата dpa. Според првичните информации, дронот летал над индустриска зона во близина на аеродромот. Еден од пренасочените авиони пристигнувал од ...

Во Република Македонија се очекува преодно стабилизирање на времето, но од петок, 7 ноември, па до понеделник, 10 ноември, нашата земја ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот. Овој систем ќе донесе повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. И во Скопје и околината ќе се забележат слични појави. Врнежите ќе бидат поројни и повремено обилни, со услови за ...

Португалските органи го пресретнаа полупотопниот брод („нарко-подморница“) кој пренесуваше околу 1,7 тони кокаин на пат кон Европската Унија, соопштија дел од официјалните извори. Операцијата, наречена „Ел Дорадо“, била координирана од португалската судска полиција и морнарицата, со поддршка од Британската агенција за борба против криминал и Американската агенција за борба против дроги (DEA). Покрај уапсените четворица членови на екипажот, ...

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, поранешна пратеничка на ОН за бегалци, денеска беше во ненадејна посета на градот Херсон, на југот на Украина, пренесоа украинските медиуми. Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук фотографија од Џоли во ...

Светската здравствена организација планира в недела да почне обемна кампања за вакцинација во Појасот Газа. Околу 44.000 деца, кои не можеле да бидат опфатени со процесот на имунизација за време на двегодишната израелска војна против милитантната палестинска организација Хамас, ќе бидат вакцинирани во рок од 10 дена против, меѓу другото, морбили (мали сипаници), заушки, рубеола и полио (детска парализа). Следните дози треба да бидат ...

Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога. Во образложението за најдобра претстава на фестивалот, жири комисијата истакнува дека претставата се издвојува со силна концептуална визија, која ...

Францускиот институт во Скопје соопшти дека овогодинешната Гонкурова награда му е доделена на Лоран Мовиње за неговиот роман „Празната куќа“ (La Maison Vide). Романот, кој има 750 страници, ја оживува приказната на семејството на авторот, преку избришаното лице на неговата баба од старите семејни фотографии. Во ова дело, сеќавањата, имагинацијата и скриените семејни тајни се преплетуваат во наратив што истовремено ја истражува интимата и ...

Потпретседателката на Странката на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, реагираше на собирот организиран во близина на кампот „Чациленд“, опишувајќи го како „вашар покрај мајка што штрајкува со глад“. Тепиќ на социјалната мрежа X (поранешен Twitter) сподели видео со коментар: „Вашар покрај мајка што штрајкува со глад. Превртуваат ќебапи и поставуваат бина. Не знаат дали за Вучиќ. А тој, како, ништо не знае — бара снајперисти.“ Нејзината ...

Во Белград денеска ќе се одржат два паралелни собири на истата локација пред Собранието на Србија. Едниот е организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката која солидарно штрајкува со глад пред Собранието; другиот е „спонтан“ собир на приврзаниците на Српската напредна странка (СНС). Според извештаите, граѓани од различни делови на Србија пристигнуваат во Белград со автобуси, организирано или самостојно, со цел да ѝ ја дадат поддршка на Хрка. ...

Сообраќајна несреќа се случила денес во близина на Полумир во Ибарската клисура (близу Краљево), кога, според Н1, автобус од Рашка со поддржувачи на СНС удрил во ограда покрај патот. Засега не е познато дали има повредени и што ја предизвикало несреќата, пишува Н1. За потсетување поддржувачите на СНС денес тргнаа од неколку места во Србија на организиран митинг што се одржува во 17 часот пред српскиот Парламент во таканаречениот „чациланд“. ...

Нов бран пристигнувања во Белград — денеска нови автобуси со присталици на Српската напредна партија (СНС) тргнаа од Нови Сад кон престолнината, на организиран собир во оградениот простор пред Собранието на Србија, познат како „Чациленд“, јавува телевизијата N1. Според извештајот на нивната новинарка, пред Саемот во Нови Сад биле паркирани неколку автобуси подготвени за превоз на партиските симпатизери. Втората тура тргнала околу 14 часот, а ...

По години на релативна фискална воздржаност, фискалната политика во еврозоната повторно се враќа во прв план. Според анализата на Euronews, плановите за трошење во Европа веќе ја повлекуваат задолженоста нагоре, под влијание на стимулансите во Германија и растечките одбранбени буџети. Европските влади прават големи вложувања — инфраструктура, одбрана, зелена транзиција — но аналитичарите предупредуваат дека пазарите сè повеќе стануваат ...

Бројот на жртви во пензионерскито дом во Тузла, Босна и Херцеговина се искачи на 12, откако почина уште еден маж, објавија босанските медиуми. Вкупно во пожарот повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци. Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири лица се на респиратори и се во тешка состојба. Пожарот избувна синоќа на седмиот кат, каде што имаше неподвижни лица. По трагедијата, директорот на ...

„Андерфест”, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најавѝ програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи. „Андерфест” со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко ...

Академскиот пленум денеска соопшти дека бара од полицијата и обвинителството да покренат кривични постапки против лицата кои овие денови престојуваат во оградениот простор пред Собранието на Србија, познат како „Чациленд“. Во соопштението се наведува дека на видеоснимки кои кружат по социјалните мрежи, се гледа физички напад врз студентка, при што напаѓачот, идентификуван како присталица на претседателот Александар Вучиќ, ја удира без никаква ...

Граѓаните кои живеат или работат на делови од булеварот „Булевар Борис Трајковски“, поточно краковите 1, 3 и 5, денеска ќе останат без вода. Според соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот е поради дефект на улица „Борис Трајковски“ број 1/18. Прекинот започнува од утринскиот час — околу 9 часот — и ќе трае се додека не се отстрани дефектот. ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ апелира до корисниците да имаат разбирање за ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди северниот дел на Грција, потврди Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина. Епицентарот на потресот бил регистриран на околу 19 километри североисточно од Комотини, во регионот Родопи, на длабочина од приближно 13 километри под земјината површина. Силниот потрес бил почувствуван во неколку градови во северна Грција, меѓу кои Александруполис, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници во близина на градот Покровск, каде моментално се водат најжестоките борби на фронтот. Зеленски на социјалните мрежи објави фотографии од командното место во секторот Добропиља, дваесетина километри северно од Покровск, во регионот Доњецк, каде се сретна со военото раководство и со врховниот командант Олександар Сирски. Русија повеќе од една година се обидува да го заземе ...

„Ќе видите општ хаос – масовни доцнења, откажувања на летови, па дури и делумно затворање на воздушниот простор бидејќи нема да можеме да управуваме со него без доволно контролори,“ изјави Дафи на прес-конференција во Филаделфија. Тој ја обвини Демократската партија дека ја држи блокадата во сила со одбивањето да го одобри буџетскиот закон. Недостиг на контролори и застој на аеродромите Веќе се забележани бројни доцнења и откажувања на летови ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес дел од корисниците во Скопје ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница во општина Петровец. Прекин на електричната енергија од 08:30 до 15:00 часот ќе имаат и жителите на улиците Ордан Чопела, Петре Георгиев и Челопек во ...

Според извештаите, ослободувањето најверојатно е дел од размена со иранската студентка Махдије Есфандијари, која беше пуштена на условна слобода во октомври. Се работи за Сесил Кохлер и нејзиниот партнер Жак Парис, уапсени во 2022 година под обвинение за шпионажа – обвиненија што Франција ги оцени како неосновани. „Излегоа од затворот Евин и се упатуваат кон француската амбасада во Техеран“, напиша Макрон на платформата X. Кохлер и Парис се ...

По позитивниот почеток на ноември, европските акции денеска бележат пад на вредноста, при што повеќето сектори на континенталните берзи завршија во минус. Според податоците на CNBC, паневропскиот индекс STOXX 600 го заврши денешното тргување со пад од 0,4%, што е прво намалување по серијата растови од почетокот на месецот. Индексите во црвено Аналитичарите укажуваат дека инвеститорите се воздржани поради новите економски податоци и најавите за ...

Вечерва е привремено е прекинат целиот воздушен сообраќај на меѓународниот аеродром Брисел-Завентем, најпрометниот аеродром во Белгија, откако над просторот на аеродромот биле забележани дронови, соопштија белгиските власти. „Во моментов нема полетувања ниту слетувања поради сомневање за присуство на дронови над пистите“, изјави портпаролот на компанијата „Brussels Airport“ за новинската агенција AFP. Мерки на претпазливост и проширување на ...

Американската компанија Старбакс (Starbucks) со седиште во Сиетл објави дека ќе ја продаде контролата над дел од своите бизнис-операции во Кина на инвестиционата фирма Boyu Capital, во зделка вредна 4 милијарди долари, јавува Ројтерс. Ова претставува една од најголемите трансакции на кинеска подружница на меѓународна потрошувачка корпорација во последните неколку години. Зделка што го менува пазарот на кафе во Кина Од Старбакс објаснија дека ...

Најмалку 43 лица загинаа на Хаити во налетот на ураганот Мелиса, со што вкупниот број на жртви низ Карибите се искачи на 76, соопштија локалните власти. Ураганот, еден од најразорните досега забележани во регионот, опустоши големи делови од Јамајка, Хаити и Куба, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиште и масовно уништување на инфраструктурата. Според истражување на Империјал колеџ Лондон, климатските промени предизвикани од човечка ...

На процедуралното гласање, предлогот доби 54 гласа „за“ и 44 „против“, што е под потребното мнозинство од 60 гласови за негово усвојување. Ова е 14-ти пат по ред како Сенатот го одбива привремениот буџетски акт испратен од Претставничкиот дом. Меѓу оние кои гласаа „за“ беа демократските сенатори Кетрин Кортес Масто од Невада и Џон Фетерман од Пенсилванија, како и независниот сенатор Ангус Кинг од Мејн, кој гласа со демократскиот блок. ...

Додека противникот излезе прв и беше пречекан со воздржан аплауз, салата буквално „експлодираше“ кога спикерот го најави името на српскиот ас. Навивачите скандираа, мафтаа со знамиња и извикуваа неговото име, создавајќи атмосфера каква ретко се гледа дури и на големите турнири. Новак, кој во Атина се бори за својата 101-ва титула во кариерата, возврати со широкa насмевка, мавтајќи кон публиката и заблагодарувајќи се за поддршката. Ѓоковиќ на ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
71%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
87%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.77
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Калај

40.11

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Злато

135322.28

Родиум

255598.44