Се повеќе жени под влијание на инфлуенсерите, земаат тестостеронска терапија за зголемување на либидото. Од друга страна, има многу луѓе кои без препорака од лекар сами го пијат лекот за дијабетес Оземпик, кој наводно ја намалува тежината. Давата лека се опасни ако се земаат на своја рака и веќе се евидентирани и смртни случаи. Сепак пристапот до хормоните, особено тестостеронот, никогаш не бил полесен. Кој зема тестостерон, зошто мажите и зошто ...
Европскиот парламент ги усвои денеска барањата за конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП29 за да се дефинира новата заедничка цел за финансирање акции за борба против климатските промени. За резолуцијата, која ја подготви Комисијата за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна, гласаа 429 пратеници, 183 беа против, а 24 беа воздржани. Во Резолуцијата се повикуваат сите земји да постигнат договор за нова ...
Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада. Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе. Владата наведува дека е извршена обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства. Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на ...
Системот за контрола на влез во земјите на ЕУ, познат како EES (Entry/Exit System), најпрво ќе биде применет во Холандија, на аеродромите, а потоа и во пристаништата, а следно и во Луксембург до крајот на годината, соопшти денеска Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (НАТАС). ЕЕС системот подразбира биометриска контрола на патниците при влез во некоја од земјите на ЕУ. Контролата се врши директно на границата, со скенирање на ...
Популарната апликација TikTok, очигледно станува незаменлив дел од секојдневниот живот на милиони млади луѓе ширум светот, вклучително и во земјите на Балканот. Следејќи ја големата популарност, особено кај помладите генерации, многу образовни институции го препознаа потенцијалот на оваа платформа како моќна алатка за промоција и ангажирање. Па така образовните институции, преку TikTok, почнаа не само да привлекуваат нови генерации на студенти, ...
Дејли Мејл дознава дека Џон не бил првиот избор за најсекси маж за оваа година. Наводно, „People“ прво ги сакале Глен Пауел и Педро Паскал, но тие одбиле. Извор за медиумот изјавил дека магазинот „ги молел двајцата да ја прифатат титулата“, но тие континуирано одбивале. „Списанието секоја година има фаворит, но личноста што ја сакаат не секогаш се согласува да биде дел од него. Дали навистина мислите дека го сакаа Патрик Демпси минатата година? ...
Големите екрани на инфозабавниот систем имаат одлична резолуција на сликата и јасност на приказот, а нивниот софтвер е генерално многу интуитивен, добро дизајниран и брзо реагира на дадените команди. Сепак, и покрај долгогодишното инсталирање во возилата и практичните предности што ги носат, се чини дека возачите не се баш големи љубители на големите дисплеи на централната конзола на нивните автомобили. Особено кога пристапот до често ...
Лекарите, сепак, предупредуваат дека ова долго седење е штетно за нашето здравје. Можеби изгледа како сосема безопасна практика, но предолгото седење во тоалет е поврзано со зголемен ризик од развој на хемороиди и слабеење на карличните мускули, предупредува д-р Лаи Сју, колоректален хирург од Универзитетската клиника во Далас. „Кога пациентите доаѓаат кај мене со проблеми, една од главните работи со кои треба да се справиме е колку време ...
Во гостувањето на поткастот „The Joe Rogan Experience“, Маск гласно размислуваше на темата „зошто пејачката својата поддршка и ја даде на Камала Харис за време на овогодинешните избори во САД“? Маск, рече дека гласачите не треба да ја слушаат со оглед на нејзината мината врска со Диди. “Џенифер е негова поранешна девојка и токму сега одлучи да ги предупреди луѓето за Трамп. Колку луѓе предупреди за Диди, нели? О, нула, во ред”, рече и додаде ...
Лансиран во 1969 година, само неколку месеци откако луѓето за првпат стапнаа на Месечината, Skynet-1A беше поставен високо над источниот брег на Африка за да ја пренесува комуникација до британските сили, а сега е преместен и лебди низ вселената како темпирана бомба. Кога леталото престана да работи неколку години подоцна, се очекувало гравитацијата да го повлече уште подалеку на исток, преку Индискиот Океан. Но, денес, интересно, Skynet-1A е ...
Мега корал, кој се состои од многу ситни суштества врзани заедно во еден организам наместо гребен, би можел да биде стар повеќе од 300 години. Група истражувачи велат дека е поголем од синиот кит. Го пронашол видеограф од брод на National Geographic кој ги посетувал оддалечените делови на Пацификот за да ги документира ефектите од климатските промени. „Отидов да нуркам во местото каде што беше потонатиот брод според картата, а потоа видов ...
Кралот на настанот ќе се појави без кралицата Камила, која се уште се опоравува од инфекција на градниот кош. За да го одбележи роденденот на кралот, официјалниот X профил на кралското семејство ја сподели неговата најнова фотографија заедно со емоџи од роденденска торта и порака за среќен роденден. На фотографијата е прикажан монархот облечен во елегантен костум, бела кошула и сина вратоврска со дезен, со едната рака во џеб додека другата ја ...
Имено, Ана од Италија за порталот Expat.com го сподели своето искуство од животот во Албанија. Таа тврди дека живеењето во таа земја има многу предности во однос на претходниот живот во Италија. За време на краткиот одмор во Драч во ноември 2021 година, таа, нејзиниот сопруг и синот биле воодушевени од албанскиот град. Помалите животни трошоци и подобар квалитет на живот во споредба со Италија биле клучните причини за преселба. Откако добро ...
Кина денеска успешно лансира нов сателит за одредување на салинитетот (степен на содржината на сол) на океаните од Центарот за лансирање сателити Таијуан во северната провинција Шанси, соопшти Кинеската национална вселенска администрација (ЦНСА). Носечката ракета „Долг марш-4Б Y53“ полета во 6:42 по пекиншко време, поставувајќи го сателитот во предвидената орбита. Научно-истражувачкиот сателит, познат и како „Океан-4 01“, ќе го подобри ...
Припадниците на кумановската полиција денеска даруваа крв на крводарителска акција што се одржа во просториите на СВР Куманово, информираа од полицијата. Ова е трета редовна крводарителска акција на припадниците на СВР Куманово. – Во периодот од 8:30 до 14:00 часот во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово, во која се собрани 25 крвни единици. Оваа крводарителска акција како ...
„Драми на принцезите“ е новата премиера што ќе се изведе утре на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар Скопје. Претставата е работена по циклусот постдрамски текстови „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинек. Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска. Во уметничкиот тим што работеше на претставата е тричлена екипа од млади и талентирани уметници од Словенија. Режијата е на ...
Свечено доделени наградите 13 Ноември за придонес во развојот, севкупниот напредок и афирмација на градот Скопје, по повод одбележување на 80. годишнината од денот на ослободувањето на Скопје, за што беше организирана целодневна пригодна програма. Од областа на науката добитник на наградата 13 ноември е проф.д-р Драги Митревски за посебен придонес во истражувачката научна и едукативна дејност поврзанa со Скопје, како и со меѓународна афирмација ...
По почетокот на грејната сезона, Внимание ги прашува граѓаните на Скопје како се справуваат со аерозагадувањето. „Седиме дома и не искачаме“, „Не излегувам навечер многу“, „Дома седење, нема друго, нема излегување многу надвор“, „Се знае кој треба да се справи со тоа“, велат граѓаните. На прашањето „Што најмногу го загадува воздухот – греењето на дрва, возилата, индустријата или нешто друго?“, граѓаните велат: „Греењето на дрва, фабриките, и ...
Записот на Евлија Челебија за Кратово нуди богат поглед на оваа касаба, која своето име го добила од зборовите „кират-ова”. Градската тврдина, некогаш сместена високо во планината, била уништена од бегот Евренос за време на освојувањето. Во сегашно време, територијата на Кратово е еминлик под управата на скопскиот санџак, издаден под закуп за 70 товари акчи. Управувањето со овој еминлик го врши емин (довереник) со 200 луѓе, а регионот е познат ...
Денес во светот 537 милиони лица живеат со дијабетес. Се проценува до 2030 година дека 643 возрасни луѓе ќе живеат со дијабетес. Денес едно од десет лица заболува од некој тип на дијабет. Речиси 1 од 2 возрасни лица кои живеат со дијабетес не се дијагностицирани. 4 од 5 луѓе со дијабетес живеат во земји со низок и среден приход. Се проценува дека 6.7 милиони возрасни луѓе починале поради дијабетес или неговите компликации во 2021 година. ...
Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, а веднаш ...
Нови тарифи за такси услугите во Скопје: Што е ново и што треба да знаете – Градскиот совет на Скопје има усвоено три тарифи за такси услугите, со цел да се адаптираат со тековните економски услови, особено со промените во цените на горивото. Овие промени имаат директно влијание врз патниците и самите такси возачи. Постојат три тарифни категории кои се одредени врз основа на актуелната цена на горивото: Прва Тарифа Втора Тарифа Трета Тарифа ...
Проценките во последниот Национален план за управување со отпад се дека во земјава има над 2.000 нелегални депонии, но, и покрај овие бројки и натаму не почнува изградбата за петте планирани регионални современи центри и покрај тоа што е одобрен грант од Европскат унија и заем од Европската банка за обнова и развој. Главниот предизвик за изградбата на регионални депонии во Македонија е отпорот од локалните власти и недовербата на жителите во ...
Изложбата „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска-Бакревска отвора силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро. Изложбата претставува серија уникатни лумен-принтови, алтернативна фотографска техника, што ги изработува самата авторка, која е една од ретките што ја користи оваа техника во регионов. Ова дело не е само израз на уметничката пракса, ...
We Are од Горан Керкез е патување низ просторите на тишина и звук, каде амбиенталните текстури и нео-класичните елементи се сливаат во едно. Керкез успева да создаде уникатна музичка атмосфера во која звуците не само што се слушаат, туку се чувствуваат, поттикнувајќи емоционална реакција кај слушателот. Албумот се отвора со композиции што на суптилен начин го воведуваат слушателот во неговиот свет, каде пијаното служи како водечки инструмент, ...
Биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2024“ ќе биде отворена денес во 19:30 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата содржи 22 графики во повеќе техники, изработени во последните неколку години од академските графичари: Александар Стефановски, Валентина Илијевска, Зоран Јакимовски, Милена Арсовска, Мирослава Цветковиќ, Симона Јакимовска, Стефан Анчевски, Стефан Јакимовски, Тања Соларска-Темелковски и ...
На 15 ноември во Драмскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата Драми на принцезите во режија на Жива Бизовичар. „Не, ѕидот е мој, но сеедно што мислам јас, веќе се изгубив во него. Го гледам така да се рече, не, така, без да се рече, одвнатре. Таму се гледа појасно. Жената толку долго чистеше, дури да исчезне нејзиниот предмет. Може да се каже тоа за нас?“ Циклусот постдрамски текстови Драми на принцезите со поднаслов Смртта и ...
Средношколката Софија Ситновска од Македонска Каменица ја доби наградата за најдобар млад карикатурист на конкурсот на Вечерње новости „Пјер”. Како што стои во објавата на весникот, ова престижно достигнување за прв пат е во рацете на учесник од Македонија. Младата Софија Ситновска повеќе години години активно се занимава со карикатура, и за неа признанието претставува остварување на нејзиниот сон и голем чекор во нејзиниот уметнички пат.Во ...
Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно-информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. На 20 ноември (среда), со почеток во 12 часот, со актерска изведба на делови од неговото творештво, книжевен разговор преку кој ќе се отворат важни прашања за неговата поезија и со проекција на архивски видео материјали, во салонот Империјал 2, сѐ ќе биде во знакот на неговиот ...
Иако употребата на контрацепција е од суштинско значење за спречување на ризиците од несакана бременост, нејзината достапност останува условена од географските, економските и социјалните разлики. Од 1,9 милијарди жени на репродуктивна возраст (помеѓу 15 и 49 години) во светот во 2021 година, 9% имаат незадоволени пристап до контрацепција. Ова значи дека 270 милиони жени ширум светот немаат пристап до модерна контрацепција. Секоја година, според ...