Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Огромни сообраќајни метежи го парализираа југот на Хрватска. На граничниот премин Карасовиќи, на излез од Хрватска кон Црна Гора, возачите утрово чекаат повеќе од 10 часа. Според информациите на Хрватскиот авто-клуб (ХАК), колона од возила се протега од граничниот премин до аеродромот во Дубровник, а една сообраќајна лента низ Конавле е целосно блокирана. „Поради големата колона возила на државниот пат ДЦ8, на делницата Чилипи – Граничен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе им нареди на американските сили да ги одложат новите напади врз Иран, наведувајќи дека сојузниците на Блискиот Исток постигнале „рамка на договор“ што би можела да стави крај на петмесечниот конфликт. Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека договорот предвидува итно и целосно отворање на Ормутскиот Теснец, како и елиминирање на иранската нуклеарна закана. „Се согласив, за доброто ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја откажал планираната воена акција против Иран, но порача дека тоа зависи од исполнување на еден клучен услов – брзо постигнување договор со Техеран. Во објава на својата платформа „Трут соушал“, Трамп наведе дека Иран и други земји од Блискиот Исток побарале од САД да се воздржат од нападите бидејќи биле договорени основните параметри на можен договор. Според него, евентуалната спогодба ...
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во силна експлозија што утрово го потресе центарот на Москва. Според руската државна новинска агенција ТАСС, експлозијата се случила во близина на летно кафуле на плоштадот Кудрински. Дел од руските медиуми, пак, јавуваат дека бројот на повредени достигнал 21 лице. По инцидентот, сообраќајот во областа е привремено запрен, а на местото на настанот се распоредени припадници на ...
Исхраната игра важна улога во здравјето на кожата, а според дерматологот д-р Шерин Идрис, одредени намирници можат да придонесат за помладешки изглед ако редовно се консумираат. Масната риба, како див лосос, скуша и сардина, е богат извор на омега-3 масни киселини. Тие помагаат во намалување на воспаленијата, ја подобруваат хидратацијата на кожата и ја поддржуваат нејзината еластичност. Бобичестото овошје, меѓу кое боровинки, капини и ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и останува под постојан надзор на надлежните институции, соопшти Министерството за здравство. Според последните податоци, бројот на прегледи значително се намалил во споредба со периодот кога епидемијата го достигнала својот пик. Голем пад на бројот на прегледи На 31 јули биле евидентирани 60 први прегледи. Иако има мали дневни варијации, општата тенденција покажува намалување на бројот на ...
Во Куманово следната недела ќе се спроведе второто авионско прскање против возрасна форма на комарци, информираат од Општината. Третманот е закажан за 5 август, среда, со почеток во 05:00 часот. Ќе се прска на површина од 1.270 хектари Авионското прскање ќе се изврши на површина од 1.270 хектари. Со третманот ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, ...
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности, соопштија од Министерството за животна средина „Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна ...
Руските власти ноќеска привремено го затворија Керчкиот мост, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, по извештаи за експлозии и напад со украински беспилотни летала врз полуостровот. Според локалните власти, сообраќајот на мостот бил прекинат околу половина час по полноќ по киевско време, а жителите на Симферопол и Севастопол пријавиле силни експлозии. Гувернерот на Севастопол, назначен од Кремљ, Михаил Развожаев, соопшти дека руската ...
Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против Хутите, која би можела да се одвива и по море и по копно во централниот дел на Јемен, објави британскиот весник The Guardian, повикувајќи се на јеменски извори. Според информациите, целта на операцијата е да се стави крај на блокадата што ја загрозува саудиската нафтена трговија преку јужниот дел на Црвеното Море. Во последните денови, саудиските сили биле забележани како се ...
Хемикалија што се користи во производството на детергенти е неофицијално причината за побелувањето на реките Лепенец и Вардар, кое предизвика загриженост во јавноста пред една недела, објави ТВ Сител. Според информациите, лабораториската анализа изработена во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е завршена и веќе е доставена до Државниот инспекторат за животна средина и до Министерството за животна средина и просторно планирање. И покрај ...
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во пограничниот регион меѓу Перу и Бразил. Според првичните информации, епицентарот бил на длабочина од 145 километри, што ја намалува веројатноста за поголеми последици на површината. Засега нема информации за загинати, повредени или причинета материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата и ги проценуваат евентуалните последици од потресот. ...
Жителите на дел од Општина Центар денеска ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 11:00 часот, а без вода ќе бидат корисниците на делови од улиците: „Бел Камен“, „Водњанска“, „Шарски Одред“ Од надлежните не соопштија колку долго ќе трае прекинот, па на граѓаните ...
Вкупно 4.374 пациенти со стомачни тегоби побарале лекарска помош во здравствените установи во Гостивар во изминатите две недели. Водата од градскиот водовод во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и мора да се проврива пред употреба. Ова го потврдија од Центарот за јавно здравје Тетово, од каде што истакнуваат дека епидемиолошката состојба се следи секојдневно. Здравствените служби во Гостивар евидентираа 4.374 прегледи на граѓани со ...
Настанот се случил во градот Илулисат. WATCH: Giant iceberg capsizes off Ilulissat, northern Greenland pic.twitter.com/bQbJe0Miou — Rapid Report (@RapidReport2025) July 25, 2026 Илулисат е дом на Ледениот фјорд Илулисат, леден фјорд кој е наведен како светско наследство на УНЕСКО. Градот се наоѓа на западниот брег на Гренланд. Настанот се случил во градот Илулисат. WATCH: Giant iceberg capsizes off Ilulissat, northern Greenland ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај селото ...
Тензиите на Блискиот Исток повторно нагло се зголемија откако американската војска изврши силен бран воздушни напади врз цели во Иран, како одговор на претходниот ирански ракетен напад врз американска воена база во Јордан. Според Централната команда на САД, операцијата траела повеќе од два часа, а биле погодени десетици цели поврзани со Иранската револуционерна гарда. Нападите следуваа само неколку часа откако американскиот претседател ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода 29-годишниот Ж.Д. од Гевгелија, кој со патничко возило „бмв“ се движел со брзина од 204 километри на час на автопатот А1, кај клучката Смоквица. Контролата била извршена со радар на 29 јули 2026 година во 21:26 часот, на делница каде сообраќајниот знак одредува ограничување од 120 километри на час. По регистрирањето на пречекорувањето од 84 километри на час над ...
Најмалку три лица, од кои две деца, загинаа во нови израелски напади врз Појасот Газа, потврдија локалните здравствени власти. Нападите се случуваат во ист период додека во Каиро траат нови преговори меѓу меѓународните посредници и претставници на Хамас за спроведување на мировен план кој предвидува и разоружување. Израелските воени операции продолжија со нови удари во неколку делови од Појасот Газа. Според информациите од локалните ...
Украински борбен авион F-16 се урна при одбрана од масовен руски ракетен и дрон-напад, при што загина пилотот Алексеј Мес. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека авионот се урна за време на одбивањето на нападот, откако претходно пилотот успеал да собори три крстосувачки ракети и едно беспилотно летало. Украина започна истрага за да ги утврди сите причини за инцидентот. Украинската армија потврди дека во падот на ловцот F-16 загина ...
Американската војска изведе бранови жестоки воздушни напади врз десетици цели на Иранската револуционерна гарда ширум Иран. Операцијата, извршена преку ноќта, доаѓа како директен одговор на иранските ракетни напади врз американските бази во Јордан и воено-поморските патроли во Ормускиот теснец. Додека Белата куќа најавува дополнителна одмазда, иранските власти пријавија цивилни штети и спасувачки акции на островот Кешм. U.S. Central Command ...
Соединетите Американски Држави повторно извршија воздушни напади врз цели во Иран, по речиси една недела пауза, соопшти Американската централна команда (ЦЕНТКОМ). Нападите следуваат како одговор на, како што наведуваат американските власти, иранските обиди за ракетирање на американски воени бази на Блискиот Исток. Според ЦЕНТКОМ, погодени биле воени командни центри, постројки за ракети и беспилотни летала, како и објекти за крајбрежен надзор ...
Трошоците за исплата на боледувања во Македонија продолжуваат да растат, а во 2025 година достигнале 27,6 милиони евра, покажува годишниот извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Во споредба со претходните години, расходите бележат значителен раст. Во 2024 година за оваа намена биле потрошени 22,6 милиони евра, а во 2023 година околу 19 милиони евра. Според извештајот, во 2025 година расходите за боледувања се зголемиле за 22,9 ...
Директните летови меѓу Германија и Сирија се обновени по речиси 14 години пауза. Утринава полета првиот авион од Диселдорф за Дамаск, а со летот раководеше авиокомпанијата „ЛЕАВ Авиејшн“ (LEAV Aviation) со седиште во Келн, користејќи летало „Ербас А320-200“. Според германскиот превозник, ова е прво директно воздухопловно поврзување меѓу двете земји по повеќе од една деценија. Враќањето на директната авиолинија значително го скратува ...
Бразилскиот ас Нејмар потврди дека повеќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на својата земја. На тој начин, Нејмар на 34-годишна возраст ја заврши репрезентативната кариера долга 16 години. Одлуката ја соопшти откако претходно, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, најави дека натпреварот против Норвешка најверојатно бил негов последен во жолтиот дрес. „Моето време со репрезентацијата заврши“, изјави Нејмар, ...
Општина Охрид попладнево информира дека водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено е забранета за пиење, затоа што лабораториските анализи покажале бактериолошка неисправност. Испитувањата биле извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, при што во водата било утврдено присуство на бактеријата E.coli, како и колиформни бактерии. По добиените резултати е донесено решение со кое се забранува употребата на водата ...
Израелскиот министер за одбрана изјави дека Газа е „уништена“ и упати остро предупредување до Турција поради нејзиното растечко влијание во Сирија. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац упати директно предупредување до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи ја Анкара да не се конфронтира со Израел поради случувањата во Сирија. Говорејќи на безбедносна конференција, Кац изјави дека Турција не треба да се доведе во ситуација ...
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале во позитивна атмосфера, без да открие детали за темите што биле разгледани. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху биле успешни и конструктивни. Во две кратки ...
И покрај закрепнувањето на глобалниот туризам, неколку земји сè уште не успеваат да го достигнат нивото на меѓународни пристигнувања од периодот пред пандемијата, покажуваат најновите податоци на ОЕЦД. Иако светскиот туризам во голема мера закрепна по пандемијата на ковид-19, дел од туристичките дестинации и понатаму бележат значително помал број странски посетители во споредба со 2019 година. Најголем пад е регистриран во Израел, каде што ...
САД и Саудиска Арабија извршија заеднички воздушни напади врз позиции на вооружени групи поддржани од Иран во Ирак, со што борбите на Блискиот Исток повторно нагло се интензивираа по неколкудневната пауза во американската воена кампања. Според ирачките Народни мобилизациски сили, во нападите загинале најмалку 20 лица, а 32 биле повредени. Американската централна команда соопшти дека цел биле логистички центри и складишта за оружје што ги ...