Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. – Отворањето на овој сегмент го ...
Шпанија упати остро предупредување до Италија, барајќи Рим најдоцна до 9 август да ги укине привремените гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Шпанија. Во спротивно, шпанската Влада најави дека ќе одговори со реципрочни мерки, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Италија на 1 август повторно воведе контроли на патниците што доаѓаат од Шпанија, привремено отстапувајќи од правилата на Шенген-зоната, со образложение дека ...
Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1“. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле, се наведува во денешното соопштение од ВЛЕН што МИА го пренесува интегрално. Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи ...
Незадоволството кај производителите на ајварка од Струмичко не стивнува. И денес тие останаа на блокадите, барајќи повисока откупна цена за пиперката од прва класа, оценувајќи дека понудените цени не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. Земјоделците инсистираат првата класа ајварка да се откупува по 50 денари за килограм, нагласувајќи дека само таква цена може да обезбеди минимална економска исплатливост на производството. ...
Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната – изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот транспорт од ...
Светските цени на храната продолжија да растат и во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Новото зголемување е предводено од поскапувањето на житарките, растителните масла и шеќерот, што повторно ги засили стравувањата од дополнителен притисок врз глобалните трошоци за храна. Според индексот на ФАО, кој ги следи ...
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, Ресторани и услуги за сместување ...
Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги ...
Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и ...
Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека економските политики на Владата даваат резултати и дека земјата бележи стабилизација на јавните финансии. Од партијата посочуваат дека и јавниот и државниот долг се намалуваат, а позитивните економски показатели, според нив, се резултат на одговорно управување, инвестиции и спроведување на владините мерки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Попов, на денешната прес-конференција оцени дека економските ...
Според најновите податоци, цената на златото денес порасна за 74,07 американски долари, односно за 1,75 проценти. На месечно ниво, златото е повисоко за 109,36 долари (+2,65%), што укажува на продолжување на позитивниот тренд на пазарот. И покрај тоа што во последните шест месеци металот бележи пад од 814,11 долари (-16,10%), долгорочната слика останува исклучително позитивна. Во споредба со истиот период лани, златото е поскапо за 840,91 ...
Дали Франција е подготвена за криза што би ја потопила во мрак? Француската влада планира да го дознае тоа. Владата разгледува можност за организација на симулациска вежба за ненадеен, општонационален прекин на снабдувањето со електрична енергија во втората половина на 2027 година, според четири лица кои имале директни сознанија за вежбата, на кои им беше загарантирана анонимност за да разговараат за плановите што сè уште не се официјално ...
Изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8, која ќе ја поврзе Крива Паланка со бугарската граница, влегува во нова фаза по обезбедувањето на финансиската конструкција. Проектот се смета за еден од најсложените инфраструктурни зафати во Македонија, бидејќи повеќе од 60 проценти од трасата ќе се реализира преку тунели, мостови и вијадукти. Делницата е долга 22 километри, а поради специфичниот планински терен ќе бидат изградени 21 ...
Криптовалутите забележаа претежно негативно тргување, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија сесијата со пад на вредноста. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на финансиските пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали. Најголемата криптовалута, биткоинот (Bitcoin), се тргуваше по цена од 64.321 долари, што претставува намалување од 398 долари, односно 0,62 проценти во однос на ...
Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување, надополнета со новите Galaxy Watch уреди создадени за подлабински здравствени увиди Компанијата “Самсунг“ (“Samsung“) денес најави дека започнува продажбата на новата Galaxy Z серија и Galaxy Watch линија на светско ниво. Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8, Flip8, ...
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), Македонија напредува од 24-то на 16-то ...
Индустриското производство расте, но македонското рударство останува во слободен пад. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6,5% во однос на јуни 2025 година, но сепак продолжува надолниот тренд во рударската гранка. „Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од ...
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (easyJet) постигна договор за преземање од американската инвестициска компанија Apollo Global Management, во трансакција вредна 5,7 милијарди британски фунти, односно околу 6,6 милијарди евра. Од компанијата соопштија дека Управниот одбор едногласно ја поддржал понудата, според која акционерите ќе добијат 7,15 фунти во готово за секоја акција. Доколку бидат исполнети сите регулаторни услови, преземањето ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...
Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и неколку околни населени места. Во периодот од 06:00 до 10:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат населбите Колонија, Идризово, како и дел од Јурумлери. Дополнително, од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од селото Булачани. Од надлежните служби апелираат граѓаните ...
Тргувањето на светските девизни пазари помина со мали поместувања кај главните валути, додека инвеститорите остануваат внимателни во пресрет на нови економски показатели и сигналите од централните банки. Еврото се задржа речиси непроменето во однос на американскиот долар и се тргуваше по курс од 1,1522 долари, што претставува минимален дневен пад од 0,01 проценти. Валутниот пар во текот на денот се движеше во тесен опсег меѓу 1,1518 и 1,1527 ...
Деветнаесетгодишен жител на Скопје е приведен под сомнение дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која повредил пешак, а потоа го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 5 август околу 21:20 часот на крстосницата на улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“. Осомничениот, идентификуван како Н.Н. (19), управувал автомобил „Фиат Пунто“ кога ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека најновите статистички податоци на Евростат, според него, ја прикажуваат реалната состојба со куповната моќ во Македонија и покажуваат дека земјата не се наоѓа на последното место во Европа. Говорејќи по потпишувањето на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, тој рече дека дел од јавноста и опозициските партии изминатите денови погрешно ги толкувале објавените ...
Американските берзански индекси го завршија денешното тргување со различни резултати, додека инвеститорите внимателно ги следеа економските показатели, корпоративните извештаи и сигналите за идните потези на Федералните резерви. Најголем пад забележа индустрискиот индекс Dow Jones, кој се намали за 386,23 поени, или 0,71 проценти, затворајќи на 53.962,89 поени. Продажниот притисок беше најизразен кај индустриските и финансиските компании, ...
Македонскиот национален совет соопшти дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад не носи никакви политички, територијални или меѓународни конотации, известува порталот 021 од Нови Сад. Оттаму додаваат дека иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и ...