Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а последното окрупнување претставува ...
Со посета на домашните туристички дестинации, Управата за јавни приходи (УЈП) ја продолжува кампањата за фер туристичка сезона чија цел е да се поттикне подеднакво плаќање данок од страна на сите граѓани кои оствариле приход од издавање сместувачки капацитети од секаков вид Во екот на туристичката сезона, како што велат од Управата, домашните издавачи примаат илјадници туристи, и притоа остваруваат приход од издавање под закуп на својот ...
Недостигот на анестезиолози, радиолози и патолози останува еден од најголемите предизвици за македонското јавно здравство, а решението не може да биде брзо бидејќи специјализациите траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој оцени дека моделот на приватни специјализации, воведен во 2017 и 2018 година, не ги исполнил очекувањата, бидејќи лекарите најчесто избирале области што лично ги преферираат, наместо ...
Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска организација (ИМО), Арсенио Домингез, здруженијата ...
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот ...
За реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку треба да постои и стабилна, одржлива финансиска рамка, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред потпишувањето договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8 во Владата. Како што истакна, Владата има јасна определба за реализација на стратешките инфраструктурни проекти. – ...
Компанијата Мета откри безбедносен инцидент во кој еден од нејзините модели на вештачка интелигенција, за време на тестирање на сајбер безбедноста, искористил пропуст и добил неовластен пристап до систем на друга компанија. Од Мета објаснуваат дека не станувало збор за намерен сајбер напад, туку за грешка во поставувањето на тест-средината. Пропустот, според компанијата, му овозможил на моделот да добие пристап до интернет, иако тоа не било ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот ...
Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено“, изјави за ...
Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. – Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се ...
Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. По пат на јавна понуда ќе бидат издадени 30.000 ...
Тони Стојановски останува на челната позиција во НЛБ Банка Скопје, откако доби нов 4 годишен мандат како претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Банката. Одлуката претставува потврда на довербата во неговото лидерство, во период во кој НЛБ Банка дополнително ја зацврсти позицијата како една од најуспешните финансиски институции во земјата. Во изминатите две години, Банката бележи стабилен финансиски раст, континуирано го ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...
Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар. Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато ...
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...
Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 ...
Дефект во електропреносниот систем го остави поголемиот дел од поранешната советска република Грузија во мрак. Проблемот може да бил предизвикан од планирани тестирања во голема хидроелектрана, јавуваат руските медиуми. Според руските новински агенции, околу 20:00 часот синоќа, големите градови, меѓу кои и главниот град Тбилиси од 3,7 милиони жители, останаа без струја. Претставникот на локалната Комисија за регулација на енергетиката и ...
Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе имаат прекин во електричната енергија, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од од 9:00 до 12:15 часот ќе бидат корисиците од с.Радишани 7, ул.56 во Радишани и Бутел. Прекинот, како што информираат од ЕВН Македонија е поради извршување на замена на постоечкиот дрвен столб со ногара. Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе имаат прекин во електричната енергија, информира ЕВН ...
Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил дополнително се заострија откако Вашингтон ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка во САД, Марија Луиза Рибеиро Виоти. Потегот следува само неколку дена по одлуката на Бразил да не издаде визи за американски функционери. Од американскиот Стејт департмент соопштија дека не станува збор за протерување на амбасадорката, туку за дипломатска мерка која може веднаш да биде укината ...
Шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Марко Рубио и Ед Милибанд синоќа разговараа за важноста од поголема улога на Европа во нејзината безбедност за време на нивната средба во Вашингтон, соопшти Стејт департментот. Рубио им изјави на новинарите дека Украина исто така била на дневниот ред. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили апелите до сојузниците за повеќе ракети за противвоздушна одбрана, додека Русија ги ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да обезбеди дополнителни 242 милиони долари за поддршка на борбата против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, чие одобрување зависи од консултациите со Конгресот, ќе бидат наменети за брза реакција на епидемијата, зајакнување на регионалната подготвеност и хуманитарна помош поврзана со ширењето на болеста. Инаку, откако стапи на ...
Неколку руски воздушни напади врз електричните објекти на главниот украински снабдувач со енергија (ДТЕК) оставија 126.000 домаќинства во Дњепропетровската Област без струја, соопшти синоќа ДТЕК на социјалните мрежи. Тие домаќинства првенствено се наоѓаат во јужните градови Никопол, Марганец и Покров. Според ДТЕК, иако поправките се веќе почнати, тие ќе потраат бидејќи причинета е голема штета. Според наводите на началникот на воената ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Како што соопшти владината прес-служба, потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека Владата продолжува со проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата и зајакнување на врските со македонската дијаспора. За време на средба со членови, симпатизери и иселеници во Ново Село, Николоски истакна дека директната авиолинија Женева – Скопје е воспоставена по иницијатива и потребите на македонските иселеници, со цел да им се овозможи полесно патување и ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар постепено се стабилизира, а конечните резултати од анализата на водата за пиење се очекува да бидат објавени најдоцна до 20 август, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни тегоби е во опаѓање и дека земјата излегува од акутната фаза на епидемијата. „Во моментов бројот на нови случаи се движи меѓу 40 и 80 дневно, што е во рамките на ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) предупредува дека дел од работодавачите и понатаму не ги спроведуваат препораките за работа во услови на екстремно високи температури, со што директно го загрозуваат здравјето на вработените. Од ССМ велат дека веќе има случаи на работници кои колабирале додека извршувале работни задачи на отворено или во простории без соодветни услови за разладување. Поради тоа, синдикатот бара Државниот инспекторат ...
Новото раководство на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе го стави акцентот на три клучни области – лекувањата во странство, системот на боледувања и набавката на ортопедски помагала, најави директорот Златко Перински. На средба со новинарите, Перински посочи дека овие сегменти ќе бидат предмет на засилени контроли и анализа, со цел поефикасно трошење на јавните средства и намалување на можните злоупотреби. Како основа за идните ...
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното, информираат од Министерството за финансии (МФ). Нагласуваат дека податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9 ...
Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена ...