Германската компанија БМЗ (BMZ Group) ќе го затвори својот производствен погон во Илинден до крајот на 2026 година, а целото производство ќе биде префрлено во Полска. Со оваа одлука без работа ќе останат 89 вработени. Од компанијата соопштија дека преселбата е дел од планот за консолидација на европското производство. Процесот ќе се одвива постепено, од август до декември 2026 година, а снабдувањето на клиентите ќе продолжи без прекин преку ...

Бројот на новозаболени лица поврзани со епидемијата во Гостивар продолжува да опаѓа, а здравствените власти оценуваат дека најкритичниот период е зад нив. Според најновите податоци, до денес попладне се регистрирани уште 109 нови случаи, со што вкупниот број на заболени достигна 4.303. Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека во изминатите четири дена дневниот број на нови пациенти се движел меѓу 80 и 125, што, според него, ...

Цените на најголемиот дел од благородните и индустриските метали забележаа пад во последното тргување, при што најизразено намалување беше регистрирано кај среброто, паладиумот и платината. Инвеститорите продолжуваат да ги следат движењата на доларот, инфлациските очекувања и состојбата со глобалната побарувачка. Цената на златото (Gold) со испорака во август 2026 година се намали за 0,79 проценти, достигнувајќи 4.044,70 долари за унца. Во ...

На 28 јули 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор на Народната банка за поставеноста на монетарната политика. По зголемување на основната каматна стапка во јуни, на оваа седница Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец. Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната ...

Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...

По години во кои дел од најголемите инфраструктурни проекти беа симбол на пролонгирани рокови, проблеми и застои, Владата најавува забрзување на изградбата на патната и железничката мрежа. Во фокусот се автопатите, експресните патишта, железничките коридори и градските сообраќајници, кои според премиерот Христијан Мицкоски треба да претставуваат двигател на економскиот раст во следните години. Најголемо внимание и понатаму привлекува ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски, присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата централна кујна во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. За само една година, од поставувањето на камен-темелникот до денес, успешно е реализиран овој значаен проект, ...

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не ...

Водата во Гостивар ќе може повторно да се користи за пиење кога ќе има три последователни негативни тестови од испитаните примероци. Ова денеска го изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој рече дека според прописите не постои „техничка вода“ и дека тоа е термин што најчесто го користат јавните комунални претпријатија. – Постои класификација на водата од прва до петта категорија. Водата од прва категорија е погодна за лична употреба ...

Владините мерки и владината иницијатива за привлекување туристи носат резултати, а туризмот бележи раст од 40 отсто кај странските гости, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со досегашните резултати од туристичката сезона. Мицкоски нагласи дека овој раст е забележан и од Светска банка во последното издание на „Tourism Watch“, односно во извештајот објавен во јуни. – Владините мерки и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините, откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека ...

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати надомест од 5,5 милијарди долари на десетици илјади тужители, кои сметаат дека детската пудра и другите производи на база на пудра предизвикуваат карцином на јајчниците. Предложената спогодба има за цел да стави крај на продолжената правна битка. Компанијата, со седиште во Њу Џерси, ги отфрла тврдењата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за ...

Движењата на девизниот пазар останаа релативно ограничени, со мали промени кај главните валутни парови. Инвеститорите внимателно ги следат економските показатели и очекувањата за идните чекори на централните банки. Еврото во однос на американскиот долар (EUR/USD) се тргуваше на ниво од 1,1366 долари, со минимален пад од 0,04 проценти. Во текот на денот парот се движеше меѓу 1,1362 и 1,1380 долари, што укажува на стабилно тргување без ...

Загреб, 28 јули 2026 година – Атлантик Група во првите шест месеци од 2026 година оствари приходи од продажба во износ од 618,8 милиони евра, што претставува раст од 10,6 проценти во однос на истиот период минатата година, потврдувајќи ја отпорноста и флексибилноста на својот деловен модел во динамичниот пазар. Компанијата бележи и значителен раст на добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) која достигна 59,1 милиони евра, што е ...

Тргувањето на светските берзи заврши со мешани резултати, при што најголем пад забележаа технолошките компании во САД, додека европските индекси се движеа околу нивото од претходниот ден. На американскиот пазар, индексот US Tech 100, кој ги следи најголемите технолошки компании, ослабе за 1,07 проценти, што претставува најголем дневен пад меѓу водечките индекси. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите продолжуваат внимателно да ги следат ...

Криптовалутите се најдоа под силен продажен притисок, при што речиси сите водечки дигитални средства забележаа значителен пад на вредноста. Најголемите загуби ги предводеа Етериум, XRP, Солана и Полкадот, додека Биткоинот се лизна под нивото од 64.000 долари. Најголемата светска криптовалута, Биткоин (Bitcoin), се тргуваше по цена од 63.432,4 долари, што претставува дневен пад од 3,03 проценти. Етериум (Ethereum) забележа уште поголемо ...

Цените на нафтата на светските берзи забележаа благо намалување во последното тргување, додека инвеститорите внимателно ги следат движењата на глобалната побарувачка, геополитичките ризици и состојбата со енергетските резерви. Суровата нафта Brent со испорака во октомври 2026 година се тргуваше по цена од 85,42 долари за барел, што претставува пад од 0,52 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше меѓу 84,09 и 85,59 долари за барел. ...

Европските земји би можеле да ја дочекаат претстојната грејна сезона со помали резерви на природен гас од планираното, предупредува извршниот директор на норвешката енергетска компанија „Еквинор“, Андерс Опедал. Според него, засилената глобална конкуренција за течен природен гас (LNG) значително ги намалува шансите европските складишта да достигнат исполнетост од 80 проценти пред зимата. Опедал посочува дека резервите на природен гас во ...

Црногорското Собрание усвои измени на Законот за здравствено осигурување со кои за првпат се воведува право на платено менструално отсуство за жени кои страдаат од секундарна дисменореа – состојба што предизвикува силни болки за време на менструалниот циклус поради гинеколошки заболувања. Со новите законски измени, жените со потврдена медицинска дијагноза ќе можат да користат два дена платено отсуство секој месец, со цел полесно справување ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...

Фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ предложи спогодба вредна до 5,5 милијарди долари со цел да стави крај на десетици илјади судски постапки во САД, во кои се тврди дека производите на база на талк, меѓу кои и познатата бебешка пудра, предизвикале рак на јајниците. Со новиот предлог компанијата сака конечно да ја затвори правната сага што трае повеќе од една деценија и која претставува едно од најголемите судски прашања во нејзината ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, наскоро се очекува и за пиење, и воедно посочи дека партиите не треба шират хистерија. „На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу ...

Угостителските објекти во Струга ќе можат да работат подолго од вообичаеното во текот на летната сезона, откако Советот на Општината донесе одлука за продолжување на работното време за време на туристички, културни и други јавни настани. Според одлуката, локалите за време на викендите и организираните јавни манифестации ќе работат до 2 часот по полноќ, односно еден час подолго од законски утврденото работно време. Дополнително, по повод ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават. „Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе ...

Нафтената индустрија на Србија (НИС) достави ново барање до американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) за издавање посебна лиценца која би ѝ овозможила непречено да продолжи со деловните активности и по 31 јули 2026 година, кога истекува важноста на актуелното одобрение. Од компанијата соопштија дека во барањето е истакната стратешката улога на НИС во обезбедувањето стабилно снабдување со нафтени деривати на српскиот ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Илинден, каде ќе изврши увид во градежните активности на новиот стадион, на инвестициите во инфраструктурни проекти и патната мрежа. Премиерот Мицкоски воедно ќе изврши увид на проектот за проширување и унапредување на инфраструктурните капацитети на градинката „Гоце Делчев“ каде што ќе даде изјава за медиуми Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Паладиум

43499.96