Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...
Северна Кореја го отфрли повикот на министрите за надворешни работи на АСЕАН за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров по мирен пат“и најави дека ниту еден момент нема да запре да го надградува нуклеарното оружје. Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг апелот на АСЕАН го оцени како уште еден показател на непријателство кон „одговорна нуклеарна држава“. Ставот на Демократска Народна Република Кореја е дека нуклеарното ...
Патниците кои утрово се упатија кон Грција треба да сметаат на подолго задржување на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници, кој се одржува во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време. Ограничувањата се однесуваат на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран). За време на протестот, патничките возила се пропуштаат во ...
Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина, и на влажна и на нестабилна воздушна маса од северозапад, на ден понеделник 27 јули во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови ...
Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...
Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако ...
Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 ...
Во Прилеп е огромен интересот за мерката од владиниот оперативен план за вработување и раст на правните субјекти, велат од прилепскиот Центар за вработување. Според Виолета Димеска, директорка на Центарот мерката, која заврши во петокот на 24 јули, привлече за 20 повеќе апликации од лани. Нуди финансиска поддршка на претпријатијата за отворање нови работни места и за вработување нови лица. -За мерката оваа година е доста голем интересот во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...
Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури. Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и ...
Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...
Граѓаните кои наутро во понеделник планираат да отпатуваат во Грција треба да сметаат на можни доцнења и ограничувања на граничните премини поради најавен штрајк на грчките царински службеници. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од грчките власти е добиено официјално известување за протест што ќе се одржи на 27 јули 2026 година, а ќе ги опфати граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники ...
На граничниот премин (ГП) „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува ...
Најмалку 34 лица, меѓу кои и неколку деца, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на на автопатот А9 во германската покраина Тирингија, откако возило за кампување удрило во колона формирана поради застој во сообраќајот. Сите повредени се здобиле со лесни до средно тешки повреди и не се во животна опасност, наведоа надлежните. Според полицијата, возачот на камперот во кој имало и две деца, не го забележал крајот на колоната и ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со забрзана динамика, при што интензивно се работи на клучните делници, а во следните неколку месеци се очекува во сообраќај да бидат пуштени најкомплицираните 10 километри од трасата. Според Николоски, две галерии веќе се целосно завршени, додека на третата градежните активности се во полн ек. Тој истакна дека изградбата ...
Најновите американски царини за шеесетина земји воведени од претседателот Доналд Трамп веднаш предизвикаа приговори од трговските партнери како што се Кина, Јапонија и Австралија, а австралискиот министер за трговија ги нарече „целосно неоправдани“. Администрацијата на Трамп воведе царини од 10 до 12,5 проценти наводно затоа што тие земји не ја спроведувале соодветно забраната за продажба на производи изработени со принудна работа. Царините ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека Соединетите Американски Држави од денес привремено ги укинуваат царините за увоз на стоки од Србија, мерка за која оцени дека ќе има значително позитивно влијание врз српската економија и ќе отвори простор за нови странски инвестиции. Во изјава за РТС, Вучиќ рече дека досегашната царинска стапка од 35 проценти претставувала сериозен товар за српските компании, но дека одлуката на ...
Мазутот кој компанијата РКМ го испорачала на ТЕЦ Неготино е со соодветен квалитет, не предизвикувал загадување на воздухот и околината, а дополнително ѝ заштедил милиони евра на државата, а граѓаните се спасиле од повисоки сметки за струја во текот на енергетската криза, покажуваат податоци од Вештачење нарачано од тогашниот директор на ТЕЦ Неготино, направено во 2024 година. Во вештачењето се анализира дали постои економска оправданост за ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива без поголеми застои и по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Поради зголемениот број патници за време на викендот, најголеми задржувања има на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу два часа. На Табановце, пак, за влез во Македонија времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини засега ...
Жителите на Скопје во наредниот период би можеле да добијат повисоки решенија за данок на имот, бидејќи Град Скопје спроведува нова проценка на пазарната вредност на недвижностите. Од Градот велат дека досегашните проценки не биле ажурирани со години, иако цените на становите значително пораснале. Поради тоа, новите даночни решенија ќе се пресметуваат според пореалната пазарна вредност на имотот. Најпрво промените ќе ги почувствуваат ...
Шпанскиот национален тим ќе плати приближно 30 проценти од наградниот фонд за освојување на Светското првенство во 2026 година во даноци, објави „Фокс њуз“. Победникот на турнирот ќе добие уплатница со 15 милиони долари даноци. Според американскиот медиум, ФИФА обично преговара со земјите домаќини на Светското првенство за ослободување на националните федерации од даноци. Сепак, американските власти ги сметаа шпанските репрезентативци за не ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична ...
Австрија е против брзото пристапување на Украина во Европската Унија, изјави австриската министерка за европски прашања Клаудија Бауер, упатувајќи критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски дека инсистира на брзо членство. – Мојот впечаток е дека украинскиот претседател, во последните месеци, често го привлекуваше вниманието кон себе сакајќи да диктира датум за пристапување во ЕУ. Забрзаното пристапување што тој го бара очигледно ...
Во првата половина од годинава во Албанија влегле 9.166.350 албански и странски посетители во или 6,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Според податоците објавени од државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани, што претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто. Само во ...
Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер. Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија. Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти се уше има можност работите да се ...
Советот на Европската Унија го одобри 21. пакет санкции против Русија, со кој дополнително се заострува економскиот притисок врз Москва поради продолжувањето на војната во Украина. Со новите мерки на санкциската листа се додадени 218 нови субјекти – 48 физички лица и 170 правни лица, што претставува најобемно проширување на листата во последните четири години. Меѓу санкционираните, сепак, не се најде рускиот патријарх Кирил. Од Советот на ЕУ ...
Отровна вода е регистрирана во шест населени места: Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница и Преглово. Ситуацијата е алармантна, бидејќи дури и болницата во Лешок останала без безбедна вода за пиење. Покрај тоа, реките Лепенец и Вардар сега се покриени со бела пена, што укажува на сериозно загадување. „Отровната супстанца стигна до Скопје. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран покажува најголема подготвеност за разговори досега, и покрај тоа што воените судири на Блискиот Исток продолжуваат да се интензивираат. „Разговараме со нив. Сега се многу посериозни отколку порано, но тоа не значи дека ќе постигнеме договор. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој нагласи дека САД се подготвени за понатамошни воени ...
Германскиот автомобилски производител „Фолксваген“ подготвува сеопфатен план за реорганизација, кој според германските медиуми би можел да донесе отпуштање на до 100.000 вработени и затворање на четири фабрики во Германија. Според информациите, Надзорниот одбор на компанијата веќе ги разгледува мерките со кои треба да се намалат трошоците и да се подобри профитабилноста, но конечна одлука сè уште не е донесена. Извршниот директор Оливер ...
Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...