Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Обезбедувањето критични минерали станува еден од главните приоритети на Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Во најновата анализа на Европскиот парламент се оценува дека пристапот до овие суровини ќе биде одлучувачки фактор за идната конкурентност на индустријата, развојот на новите технологии и економската безбедност. Во Македонија, институциите сè уште работат на подготовка на национална листа на критични минерални суровини. ...
Светските финансиски пазари ја започнаа неделата со претпазливо тргување, додека инвеститорите ги проценуваат можните последици од најавените трговски мерки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и актуелните геополитички случувања. Вниманието на пазарите е насочено кон можноста за воведување нови царини и дополнителни ограничувања во меѓународната трговија, што повторно ги отвори прашањата за идниот економски раст и ...
Разорното невреме што вчера го зафати Скопје остави зад себе голема материјална штета во речиси сите делови од градот. Силниот ветер и обилниот дожд урнаа дрвја, бандери и семафори, оштетија голем број возила, покриви, прозорци, станбени објекти и предизвикаа прекини и отежнато одвивање на сообраќајот на повеќе локации. Веднаш по стабилизирањето на временските услови, градоначалниците на скопските општини ги активираа општинските кризни ...
Цените на суровата нафта денеска забележаа значителен раст на светските пазари, достигнувајќи највисоко ниво во изминатиот месец. Причина за новиот скок се засилените геополитички тензии на Блискиот Исток и стравувањата дека конфликтите би можеле сериозно да го нарушат глобалното снабдување со нафта. Според најновите пазарни податоци, северноморската сурова нафта Брент се тргува по цена од околу 91,2 долари за барел, додека американската ...
Владата на седница го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, во кој се имплементирани усвоените амандмани, со кои се обезбедени дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство, соопшти ...
САД извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, додека Вашингтон порача дека е подготвен за дијалог и преговори со Техеран, но и дека ќе преземе мерки за заштита на своите интереси и интересите на сојузниците. Централната команда на вооружените сили на САД (СЕНТКОМ) соопшти дека операцијата против Иран завршила во 00:15 часот по Гринич, односно во 03:15 часот по локално време. Според соопштението, во текот на ноќта биле погодени ...
Без вода денеска од 9 часот до санирање на дефектот ќе бидат корисниците од улицата „Маца Карбева“ и населбата Трета зона Припор во општина Кисела Вода, а од 10 часот до завршување на работите дел од корисниците на улицата „Златко Шнајдер“ во општина Центар. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините во водоснабдувањето се поради уличен дефект на улицата „Маца Карбева“ и изведување водоводен приклучок на ...
Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска. Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале ...
Украина извршила нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким. Според Ким, погодени биле магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај. Таа преку „Телеграм“ соопшти дека компанијата, во ...
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а ...
Клучните аспекти на процесот на европска интеграција се на дневен ред на денешната седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции. Според најавата, на седницата ќе се обрати амбасадорот на Европската унија и шеф на Делегацијата на ЕУ во државава Михалис Рокас. Поканети се и членовите на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија како и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ.лв/бк/ ...
Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции, информира Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Според МВР, најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението на Левица кое МИА го пренесува интегрално. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“ (Pickaxe Mountain). – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Првиот човек на Царинската управа, Бобан Николовски, денеска преку социјалните платформи информираше дека во текот на оваа година се разоткриени 12 обиди за криумчарење на повеќе од 27.000 парчиња фармацевтски производи и медицинска опрема. – Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски ...
Историски момент за македонскиот спорт. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи голем и значаен чекор за афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена. Со гордост ве известуваме дека Македонија за првпат доби свој претставник во Извршниот одбор (највисокиот орган на управување) на Светската федерација на училишен спорт (ISF), што претставува големо признание за досегашната ...
Полициските и останатите надлежни служби и вечерва се на терен по силното невреме што погоди голем дел од државата, при што се работи на расчистување на последиците, обезбедување на безбедноста на граѓаните и нормализирање на сообраќајот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, најголем број пријави се евидентирани на подрачјето на Скопје. Заклучно со 22 часот, регистрирани се 189 паднати дрвја, 117 оштетени патнички ...
Силното невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и град што попладнево го погоди Скопје предизвика повреди кај најмалку 15 лица, голема материјална штета и илјадници повици до службите за итна помош. Според информациите од здравствените установи, девет повредени биле згрижени на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), додека уште шест лица побарале ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, изрази благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивната стручност, предаденост и значаен личен придонес во зајакнувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го завршија својот мандат. „Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Во најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) се наведува дека земјоделските субвенции на Европската Унија придонеле за раст на цените на овошјето и зеленчукот, поради што на луѓето им е потешко здраво да се хранат. Во период од 2021 до 2025 година цените на здравата храна во Европа се зголемени за 36 проценти, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединети нации – „„Состојбата на безбедноста на храната и ...
НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во ...
Генералното собрание на Central European Fair Alliance (CEFA) успешно се одржа во Клагенфурт, Австрија, во просториите на Kärntner Messen, на 25ти и 26ти јуни оваа година. На состанокот беа присутни членките на CEFA – Централно-европската саемска асоцијација со цел отворена размена на мислења за актуелната состојба во саемската индустрија, нејзините предизвици, можности и идни перспективи. Во текот на Генералното собрание, членките ги ...
Платформата им помага на компаниите и институциите полесно да ги пронајдат вистинските извори на финансирање и да проверат дали ги исполнуваат условите за аплицирање Добрите идеи премногу често остануваат нереализирани, не поради недостиг од потенцијал, туку затоа што компаниите и институциите не знаат каде да ги пронајдат потребните финансиски средства, ниту како навреме да стигнат до вистинската програма. Funding.mk е создадена токму како ...
Будимпешта, 21 јули 2026 – Унгарската шаховска легенда Јудит Полгар денеска соопшти дека нема да се кандидира за претседателската функција. Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, таа упати благодарност за укажаната доверба, но истовремено потврди дека ја отфрла номинацијата. „Не чувствувам дека имам доволно сила во себе да ја преземам историската одговорност за обединување на поделена нација, поради што не сум во можност да го прифатам ...
Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со седми авион, што според Владата и ТАВ Македонија претставува значаен чекор за натамошен развој на воздушниот сообраќај, зголемување на поврзаноста на земјата и раст на бројот на патници. – Визер ја проширува својата база во Скопје. Седми авион ќе биде дел од базата на Виз ер во Скопје. Ова е големо достигнување и нешто со што многу национални авиокомпании не ...
Директорот на Цариснката управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема. -Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој. Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето ...
Скопје, 21 јули 2026 (МИА) – Авиокомпанијата „Визер“ го зголеми капацитетот на својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со додавање на седми авион. Според владините претставници и раководството на ТАВ Македонија, овој потег е клучен чекор кон понатамошно унапредување на воздушниот сообраќај, подобрување на меѓународната поврзаност на државата и интензивирање на бројот на патници. – Визер ја проширува својата база во Скопје Седми авион ...
Њу Делхи, 21 јули 2026 (МИА) – Младинското движење „Партија на лебарките“ соопшти дека нема да ги прекине протестите со кои се инсистира на оставка од ресорниот министер за образование. Демонстрантите денес организираа собир во средиштето на Њу Делхи, додека припадници на паравоените единици го надгледуваа градот, а поставените барикади предизвикаа сообраќаен метеж. Бранот на незадоволство продолжува по вчерашните немири во главниот град. ...
СДС повторно се обидува да предизвика вознемиреност таму каде што не постои никаков проблем. За економските прашања не се дискутира со измислици и политички конструирани тези, туку со аргументи и прецизни бројки. Вистината е недвосмислена – министерката за финансии во ниту еден момент не изјавила дека нема обезбедено средства за исплата на плати, пензии или социјални трансфери. „Ова е уште една груба манипулација и свесно извртување на ...