Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Граѓаните од утре ќе дознаат дали ќе плаќаат уште поскапо за горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ја објави новата одлука за малопродажните цени што ќе важат во наредните седум дена. Очекувањата се дека бензините и дизелот повторно ќе добијат повисоки цени, како резултат на двата клучни фактори што влијаат врз домашниот пазар – растот на цената на суровата нафта на светските берзи и зајакнувањето на американскиот долар. ...
Во 2024 година, Европската Унија располагала со 15,7 професионални судии на секои 100.000 жители, што претставува пад во однос на 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците од Евростат, во 2024 година имала 20,1 судија на 100.000 жители. Исто како и во ЕУ, и кај нас бројот на професионални судии бележи тренд на опаѓање. Во споредба со 2019 година, кога имало 24,3 судии на 100.000 жители, сега бројката е намалена за повеќе од четири. ...
ФИФА ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година, информира „Гардијан“. На 18 јули, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...
Уште од раните утрински часови на граничниот премин „Евзони“ се создадоа долги колони возила кои чекаат за влез во Грција, а според информациите од патниците, задржувањата на моменти достигнуваат и до четири часа. Најголемиот метеж е регистриран на грчката страна од преминот, додека на македонските гранични премини засега нема поголеми застои. Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот преку домашните гранични ...
Жителите на општина Дебрца добија обновена патна врска меѓу селата Мешеишта и Волино, откако заврши реконструкцијата на локалниот пат што се реализираше преку Министерството за транспорт како дел од програмата за унапредување на локалната патна инфраструктура. При посетата на локацијата, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека, покрај овој проект, во тек се активности и за изградба на нови пристапни патишта ...
Инфектологот д-р Никола Пановски повторно се огласи во јавноста со критика на ставот дека во моментов во Гостивар нема услови за прогласување епидемија, нагласувајќи дека според основните епидемиолошки критериуми, актуелната состојба веќе претставува масовна епидемија. „Да нема недоразбирање. Не мислев дека епидемиолозите не реагираат на епидемијата. Апелирам да реагираат на ставот: ‘Нема услови за прогласување на епидемија’“, напиша ...
Русија од денеска привремено го ограничува увозот на коскесто овошје од пет големи турски производители поради повеќекратно утврдено присуство на штетници и на други организми што подлежат на карантински надзор, објави турското издание „Туркије тудеј“. Мерката се однесува на праски, нектарини, кајсии, сливи, цреши, вишни и на маслинки, соопшти руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор („Росселхознадзор“). Турција е меѓу ...
Акциите на водечките технолошки компании во Азија значително ослабеа, следејќи го негативниот тренд на Волстрит и зголемената загриженост на инвеститорите околу високите трошоци за развој на вештачката интелигенција. Најголем пад забележаа јапонските компании поврзани со индустријата за полупроводници. Меѓу нив се најдоа SoftBank, Tokyo Electron и Advantest, чии акции изгубија значителен дел од својата вредност. Дополнително, производителот ...
Премиерот Христијан Мицкоски во врска со актуелната состојба во Гостивар каде голем број граѓани се жалат на стомачни тегоби, нагласи дека се преземат сите мерки и оти ќе има одговорност за случајот. -Во овој момент сите институции се на терен, се преземаат мерки, се испитуваат мостри од водата и имаме процес кој го води и Обвинителството. Мислам дека многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило, кој е тој кој што дал ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најавува и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. – Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште ...
Volkswagen подготвува обемна реорганизација на својата понуда со цел да ги намали трошоците за развој и производство и да се насочи кон најпрофитабилните модели и технологии. Според најавите, неколку модели би можеле да бидат повлечени од понудата. Меѓу нив се Touran, Touareg, кабриолет верзијата на T-Roc, како и Taigo и електричниот ID.5, кои се сметаат за модели што се преклопуваат со останатите SUV возила во гамата. Неизвесна останува и ...
Ирак потпиша 48 договори, меморандуми за разбирање, декларации за партнерство и други документи со американски компании, главно во енергетскиот сектор, за време на посетата на премиерот Али ал-Заиди на САД, соопшти денеска неговата канцеларија. Меѓу потпишаните договори се партнерствата меѓу ирачките министерства за електрична енергија и нафта и компаниите „ЕксонМобил“, „КБР“, „ГЕ Вернова“, „Шел“ и „Халибартон“. Ирак, исто така, потпиша ...
Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...
Американските рафинерии остваруваат значителни приходи поради рекордната побарувачка за бензин и дизел на светските пазари. Зголемениот извоз на нафтени деривати ги намалува домашните резерви во САД, што дополнително влијае врз растот на цените на горивата. Според анализите, странските купувачи во последните месеци сè повеќе се потпираат на американските испораки, а обемот на извоз достигнал историски високо ниво. Во исто време, домашната ...
Соединетите Американски Држави и Србија започнаа стратешки дијалог со цел продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, безбедноста, телекомуникациите и високите технологии. Првиот состанок во овој формат се одржа во Вашингтон, предводен од американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ. Во рамки на средбата беше потпишан Меморандум за разбирање за енергетска ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел. На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу ...
Европската комисија презентираше предлози за забрзување на електрификацијата и промена на пазарот на емисии на јаглерод диоксид. Зависноста на Европа од увезени фосилни горива постојано доведува до геополитички превирања, се вели во соопштението на комисијата по повод оваа пригода. Европската комисија признава дека оваа зависност ја ограничува европската конкурентност и инсистира на забрзана електрификација на производството и транспортот. ...
Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) синоќа соопшти дека американската војска почнала нова серија напади врз Иран, седма ноќ по ред. „Овие напади имаат за цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на Иран, по налог на Врховниот командант“, се наведува во објава на ЦЕНТКОМ на платформата Икс. Американските сили, како што се посочува, остануваат во состојба на готовност додека САД строго спроведуваат поморска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада дека не презема доволно мерки за спречување на шумските пожари, оценувајќи дека чадот и загадениот воздух од пожарите предизвикуваат сериозни последици во повеќе американски градови. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека Вашингтон ја смета Канада за одговорна за ситуацијата и најави дека ќе разговара со канадскиот премиер Марк Карни. „Ја сметаме Канада за ...
На денешниот состанок, Владата донесе Решение за измена на претходното Решение со кое се одобрува продолжување на рокот за траење на вонредната состојба, заради потенцијални проблеми во снабдувањето со нафта и нафтени производи. Според новото решение, периодот на важење на вонредната состојба се пролонгира од 21 јули до 20 октомври. Оваа мерка гарантира непречено функционирање на институциите и навремено спроведување на дејствија доколку ...
Два и пол десетина комерцијални аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои располагаат со редовен патнички сообраќај, забележаа промет од 13.105.289 патници во периодот јануари-мај тековната година. Оваа бројка претставува пораст од 1.074.294 патници во споредба со истиот период претходната година. Македонија се покажа како пазар со најбрз раст во регионот на поранешна Југославија, бележејќи дополнителни 375.766 патници во првите ...
Од април следната година во Англија ќе биде забранета продажбата на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на деца помлади од 16 години, соопштија британските власти, а пренесе Би-Би-Си. Според новите правила, продавниците, рестораните, кафулињата, автоматите за продажба и интернет-платформите нема да смеат да продаваат пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин на литар на деца и тинејџери под 16-годишна возраст. ...
Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...
Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“ и официјално стана членка на новоформираната Кинеско-македонска стопанска комора, чие основање беше одбележано на свечен настан во „Рагуза 360“ во Скопје. Комората претставува нова платформа за поврзување на деловните заедници од Македонија и Кина, со цел зајакнување на економската соработка, поттикнување на трговијата и инвестициите и создавање нови можности за партнерства меѓу компаниите од ...
Градот Пеќ деновиве пулсира со креативноста на 17-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анибар, кој на едно место ги собира филмските автори, уметниците, младите креативци и љубителите на анимација од Западен Балкан, но и други земји од Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите имаат можност да проследат стотици анимирани филмови, мастер-класови, изложби, дискусии и бројни културни активности, со ...
Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...
Со симболичен подарок, локалните власти во Општина Богданци го наградија младиот математичар Коста Попристовски поради неговите математички успеси. На денешната средба со градоначалникот Блаже Шапов, талентираниот ученик прими честитки за своите успеси и му се укажа благодарност поради тоа што е вистинска гордост на Богданци. Последното големо признание Коста го освои на Интернационалниот математички натпревар „Математика без граници“, ...
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, со познатиот албански пејач Или Лимани, го посетија новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, каде се запознале со текот на изградбата на еден од најголемите инвестициски проекти во високото образование на албански јазик во државата. Како што соопштија попладнево од Општина Чаир, за време на посетата се разговарало за значењето на вложувањето во образованието, создавањето можности за младите ...
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) денеска во Битола го презентираше стручниот извештај од проектот CARBONICA, изработен од проф. д-р Миле Маркоски од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје. Во рамки на проектот беа анализирани 47 почвени примероци од 33 земјоделски парцели, со цел да се добијат релевантни податоци за состојбата на органската материја и потенцијалот за складирање јаглерод. Овие податоци ...
Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени програми за пациентите. Центарот е создаден со цел да понуди јасен и стручно воден пат кон функционално закрепнување, подобрување на подвижноста и враќање на ...