Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во ...
Александар Лазаров (41) од Кочани, кој минатата недела избега низ прозорец од Полициската станица во Кочани, е уапсен во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од МВР, на 14 јули, по добиени оперативни информации, полициски службеници од СВР Скопје – Одделението за потраги го лишиле од слобода Лазаров, за кого претходно била распишана централна и меѓународна потерница. Тој е осомничен за кривично дело ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави: „Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе ...
Повисоките делови на Делчево од вчера се без вода поради технички дефект на главната доводна цевка. Според градоначалникот Иван Гоцевски, станува збор за прснување на разводен елемент во главна шахта, чија санација е сложена и бара повеќе време за изработка, набавка и вградување на новиот дел. -Станува збор за прснување на разводен елемент во главна шахта бр. 1, кој според специфичноста за негова изработка бара повеќе време за итна ...
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот, дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, прво ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се утврди дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. – И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот јас ќе ...
Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ остро реагираше по усвојувањето на Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Барутана, оценувајќи дека со предложените решенија се отвора простор за нова изградба на падините на Водно, во подрачје кое, според нив, е означено како подложно на ерозија. Од „Шанса за Центар“ тврдат дека советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го поддржале планот, со кој се предвидува изградба на 25 нови објекти, од ...
Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“ кој моментално е на одлучување во Вишото јавно обвинителство откако обвинителката Коларевиќ ја запре истрагата поради недостаток на докази. Во јавноста беа отворени повеќе прашања во врска со квалитетот на мазутот, но вештачењето нарачано од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдува дека мазутот е со ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ за тоа дека се лаже за изборниот законик дека е европски услов, иако е јасно дека е дел од Планот за раст, изјави: „Па видете, сега јас често пати велам и не знам дали понекогаш СДСМ и треба да ја коментираме, но ова прашање заслужува коментар, бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. ...
Даночниот товар за сопствениците на недвижности во Европа значително се разликува од земја до земја, а најголеми разлики се забележуваат кај приходите од изнајмување, даноците при купување имот и обврските при продажба. Кај приходите од закупнина, највисоки стапки се забележуваат во северна Европа. За месечен приход од 1.500 евра од изнајмување, данокот во Данска може да достигне над 42 проценти, во Холандија околу 36 проценти, а во Финска ...
Кинеската надворешна трговија во првата половина од 2026 година пораснала за 16,9 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 25,47 трилиони јуани (околу 3,75 трилиони американски долари), покажуваат податоците на кинеската Царинска управа. Со тоа Кина ја задржа позицијата на најголема светска трговска сила во размената на стоки, се наведува во податоците на Генералната царинска управа. Извозот во првите шест месеци пораснал за 13,4 отсто, ...
Европските земји ги зголемуваат инвестициите во критичните минерални суровини, препознавајќи ја нивната улога во зелената транзиција. Полската компанија „KGHM“ најави дека ќе инвестира повеќе од 8,5 милијарди долари до 2030 година, со цел значително да го зголеми производството на бакар и финансиските резултати. Македонија располага со сопствени резерви на бакар, но најголемиот проект во оваа област – Иловица-Штука – сè уште не е реализиран. ...
„Со едноставна регистрација, секој граѓанин добива пристап до широк спектар на дигитални услуги и информации. Нашата цел е преку современи алатки да ја подобриме комуникацијата со граѓаните, да ја зголемиме транспарентноста и да овозможиме полесен пристап до општинските услуги“, истакна Герасимовски. Преку ГИС порталот, корисниците можат: • да ги следат сите новости, соопштенија и активности на Општината; • да се информираат за културната ...
Македонскиот павилјон на EXPO 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба EXPO 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот е наменет за компании кои имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп за период од една година реализирал повеќе од 21.000 трансакции со акции и други хартии од вредност. Според анализата објавена од германскиот „Шпигел“, а врз основа на 900-страничната декларација, трансакциите биле извршени преку осум инвестициски сметки на Трамп. Купувањата на хартии од вредност се проценуваат на меѓу 461 милион и 1,4 милијарди долари, додека продажбите на меѓу 138 милиони и 433 ...
Европската централна банка (ЕЦБ) направи нов значаен чекор кон воведувањето на дигиталното евро, откако избра 36 банки и компании за плаќања кои ќе учествуваат во едногодишен пилот-проект што ќе започне во втората половина на 2027 година. Во проектот ќе бидат вклучени даватели на услуги за плаќање избрани од повеќе од 50 кандидати од еврозоната. Тие ќе работат заедно со ЕЦБ и 19 национални централни банки со цел да се тестираат техничката ...
Американските берзи ја завршија трговската сесија со позитивен биланс, при што најголем придонес за растот дадоа технолошките компании. Инвеститорите повторно покажаа оптимизам, насочувајќи го капиталот кон секторот на технологијата, додека останатите индекси забележаа умерени добивки. Најсилен раст оствари Nasdaq 100, кој се искачи за 1,10 проценти и тргувањето го заврши на 29.586,29 поени. Добар ден имаше и Nasdaq Composite, кој порасна за ...
Туркије ја збогати својата понуда за љубителите на културниот туризам со повторното отворање на археолошкиот локалитет Андриаке и Музејот на ликиските цивилизации во Демре, како и отворањето на нов Центар за посетители во античкиот град Сиедра во Аланија. По обемните реставраторски, конзерваторски и хортикултурни зафати, овие локалитети во Анталија сега нудат уште поквалитетно и поавтентично искуство за посетителите, зачувувајќи едно од ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на двете работни тела е презентацијата на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2026 година. Програмата и приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ ќе бидат презентирани од Брендан Вард, амбасадор на Република Ирска во Република Северна ...
Американските вооружени сили рано утрово повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како одговор на нападите на Техеран врз бродови што се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина, по што Иран изврши нови напади врз земји во кои се распоредени американски воени сили. Според светските агенции, таквите околности со размена на напади меѓу двете страни, како и нивните обиди да воспостават контрола врз морскиот премин низ кој во ...
Во Стопанската комора денеска ќе се одржи работен состанок посветен на промоција на мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од Оперативниот план за вработување за 2026 година. На состанокот ќе присуствуваат заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и претставници од Министерството за економија и труд, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена ...
Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со ...
Осумнаесет возила, од кои две специјално опремени за следење, доби Инспекторатот за транспорт од Европската Унија. Донацијата, што денеска лично евроамбсадорот Михалис Рокас му ја предаде на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е вредна 700 илјади евра. За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка што ќе овозможи Инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата ...
Цените на нафтата забележаа значителен раст на светските берзи по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување мерки против иранските бродови кои минуваат низ стратешкиот Ормуски теснец, една од најважните енергетски рути во светот. Меѓународниот репер Brent се искачи над 85 долари за барел, со раст од повеќе од 10 проценти во текот на неделата, додека американската нафта WTI се движи околу 79 до 80 долари за барел. ...
Општина Делчево распиша конкурс за доделување на општинската награда за 2026 година. Конкурсот како што информираа од Општината се објавува врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија, а одлуката е донесена од Комисијата за доделување на награди и признанија на седница одржана на 7 јули 2026 година. Како што информираат од Општината, наградата се доделува по повод ...
Општина Карпош и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува партнерство насочено кон размена на знаења, стручна поддршка и реализација на заеднички проекти. Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски. Како што соопшти Општина Карпош, документот претставува ...
Основниот Кривичен суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Талир 2“, ослободувајќи го од обвиненијата за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, при објавувањето на пресудата, нагласи дека за овој случај треба да се земат предвид законските измени од 2023 година, кои доведоа и до ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум концерти на регионални и домашни музички ѕвезди во текот на летото, ...
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата, како што информираат од Министерството, се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната ...