Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на граѓаните, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која се очекува да бидат сменети и назначени членови на кабинетот. Осврнувајќи се на предлогот за отстранување на дел од министрите, истакна дека сите до еден се личности со чест и достоинство, и пред сè, чесни луѓе. Денес, нагласи, не се ...
Грчките инспектори од Независната управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле над два тона потенцијално опасни млечни производи, увезени од Бугарија, во мал камион со регистарски таблички од друга држава. Транспортот бил извршен илегално, без соодветни услови и без употреба на ладилник, извести дописничката на МИА од Атина. Според информациите од ААДЕ, за време на специјализирани проверки насочени кон спречување на нелегалниот транспорт и ...
Германија обезбедува финансиски средства за купување на 50 илјади борбени дронови за Украина, што претставува еден од најзначајните договори за снабдување со беспилотни летала за Киев досега од страна на западна земја. Овој договор вклучува беспилотни летала од типот „Shrike FPV“, чиј производител е украинската компанија „SkyFall“. Софтверската поддршка за овие дронови е обезбедена од американската одбранбено-технолошка компанија „Auterion“. ...
Парламентот денеска се очекува да ја отпочне 112-тата собраниска седница, на која се предвидува да бидат сменати и именувани нови членови на Владата. Според предвиденото, треба да биде разрешен министерот за правда Игор Филков (ЗНАМ), а на негово место да биде избран Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде сменет од Министерството за односи меѓу заедниците, но се очекува да ја преземе министерската позиција во ...
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...
Намалувањето на бројот на пловила што вчера транзитирале низ Ормушката теснец е најниско забележано во последните неколку седмици. Ова го покажуваат податоците за морскиот сообраќај, во период кога новите воени дејства меѓу САД и Иран, како и инцидентите со бродови во регионот, ја засилуваат загриженоста за сигурноста на овој стратешки воден пат. Според статистиките од службите за мониторинг на пловидбата, низ теснината вчера поминале само ...
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во две скопски општини. Според информациите од Центарот за управување со кризи, добиени од ЕВН Македонија, од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од домаќинствата и објектите на улицата „Беаз Куле“ во Општина Ѓорче Петров. Во Општина Карпош, пак, прекин е најавен од 11:00 до 15:00 часот на ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа работна средба со еден од најпознатите македонски актери, Младен Крстевски. Настанот беше посветен на афирмацијата на македонската култура и уметност, како и на продлабочувањето на културната соработка и поврзаноста меѓу Македонците. Во срдечна и творечка атмосфера беа разменети мислења за улогата на уметноста во зачувувањето на македонскиот идентитет, како и идеи за нови ...
Volkswagen најави голема реорганизација на својата понуда, со можност до крајот на деценијата да укине дури половина од моделите што моментално ги нуди на глобалниот пазар. Целта е намалување на трошоците и поголема конкурентност, особено во трката со кинеските производители. Компанијата планира значително да ја поедностави понудата, не само со помал број модели, туку и со намалување на варијантите на мотори, нивоата на опрема и техничките ...
Во Скопје денеска официјално ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора, со цел продлабочување на економската соработка и унапредување на трговските односи меѓу Македонија и Народна Република Кина. На свеченото основање ќе се обратат претседателот на Комората, Жаолонг Шао, вицепремиерот задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, како и економскиот и трговски советник во Амбасадата на Кина во земјава, Хе Бингхуа. По ...
Економистите предупредуваат дека можниот „супер“ Ел Нињо би можел значително да ги зголеми глобалните цени на храната, а последиците да се чувствуваат до 2028 година. Во услови на веќе високи цени поради геополитичките тензии, екстремните временски услови дополнително ќе го нарушат снабдувањето со храна, пишува „Гардијан“. Според американската NOAA, постои 63% веројатност Ел Нињо во периодот 2026-2027 да прерасне во многу силен настан, со ...
Македонските воздухопловни власти официјално ја презедоа истрагата за сериозниот инцидент со авион на нискобуџетната компанија „Рајанер“, кој се случил додека летал над македонскиот воздушен простор. Авионот „Боинг 737-800“, кој сообраќал на линијата Солун – Меминген, пријавил дефект на десниот мотор кратко по полетувањето. Според првичните информации, делови од моторот оштетиле прозорец на патничката кабина, што предизвикало нагла ...
Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар ...
Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...
Петтото, јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во состав на меѓународното тричлено жири има професионалци од филмската индустрија: продуцентот Мирослав Митиќ (Србија), режисерката Елеонора Венинова (Македонија) и филмската претставничка Емили Ришел (Франција), кои имаат одговорната задача да одлучуваат за престижните награди во главната натпреварувачка селекција. Во рамките на главната програма, ...
Предвидено е денеска министрите на земјите-членки официјално да ги потврдат новите одредби за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија, со што ќе биде заокружена финалната фаза пред нивното стапување во сила. Предлог-реформите, кои претходно ја добија поддршката од Европскиот парламент, треба да започнат да се применуваат кон средината на 2027 година. Тие ќе обезбедат дополнителни права за семејствата кои патуваат, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, вечерва го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Според неа „Охридско лето“ симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и прибежиште ...
Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде ...
Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и ...
Бизнисменот Трифун Костовски жестоко реагираше откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ја завршило истрагата за стечајот на Еуростандард банка и поднело предлог за поведување судска постапка против четири лица, меѓу кои и него. Во јавна објава насловена „Јуда живее во Македонија“, Костовски оценува дека веќе пет и пол години е предмет на, како што вели, неоснован прогон, тврдејќи дека ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на ...
Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки. Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности. Во текот април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер постројка се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е ...
Поранешниот премиер Никола Груевски повторно ги отфрли тврдењата дека трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“ биле негова сопственост, откако државата објави нов оглас за нивна продажба по конфискацијата во предметот „Плацеви на Водно“. Во објава на социјалните мрежи, Груевски наведе дека со години се повторува, како што вели, „невистинита приказна“ дека становите биле негови, оценувајќи дека станува збор за политички ...
Царинските служби на Северна Македонија и Хрватска разработуваат заедничка платформа за партнерство со деловната заедница, со цел да се олесни легалната трговија и да се стимулира економската размена меѓу двете држави. На неодамнешната средба на високо ниво, делегации од царинските администрации на Северна Македонија и Хрватска, предводени од директорите Бобан Николовски и Марио Демировиќ, заедно со претставници од стопанските комори и ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по денешните објавени податоци за два милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првата половина од тековната година, изрази уверување дека двата аеродромски центри ќе ја завршат годината со над 3,5 милиони патници, а наскоро ќе достигнат и бројка од 4 милиони патници. Во одговор на новинарско прашање, Николоски истакна дека како последица на владините ...
Скопје, 11 јули 2026 (МИА) – Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи дискусијата по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година. Дел од пратениците разгледуваа предложени дополнувања, од кои значаен број беа иницирани од опозициските партии. Едно од предложените дополнувања беше од страна на пратеничката група на Левица, со цел обезбедување дополнителни финансиски средства за зајакнување на човечките ресурси во Агенцијата за ...
Соединетите Американски Држави синоќа воведоа нови ограничувања во врска со Иран, насочени кон главниот финансиер на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, како и кон уште 13 лица. Рестрикциите следуваа по продолжувањето на нападите од страна на Иран врз танкери во Ормускиот Теснец. Ограничувањата се насочени кон иранскиот банкар и претприемач Али Ансари, чии фирми имаат седиште во Дубаи. Претходно, тој беше санкциониран од ...
Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави, што се очекуваат да донесе обилни дождови и силен ветер Од северните и источните делови на Тајван евакуирани повеќе од 14.000 луѓе, првенствено од планинските региони, поради тајфунот Бави. Иако Бави слабее и не се очекува да го погоди брегот на Тајван, властите во Тајпеј презеде мерки на претпазливост за да ...
Македонската економија се наоѓа пред период на стабилен развој кој ќе ја позиционира високо на европската мапа според стапката на раст. Најновите анализи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои ги пренесува „Еуроњуз“, предвидуваат дека Македонија до 2031 година ќе оствари просечен економски раст од 3% годишно. Со оваа бројка, земјата ќе се зацврсти на седмото место како една од најбрзорастечките економии на европскиот континент. Западниот ...