Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Најновата серија содржи вкупно 40 фајлови, вклучувајќи 14 документи, 19 видеа, четири аудио фајлови и три фотографии, објави Си-би-ес Њуз. Фајловите доаѓаат од различни агенции како што се Пентагон, вселенската агенција НАСА, ЦИА, ФБИ и Министерството за енергетика. Пентагон денеска објави нова серија фајлови поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи еден извештај од воен пилот кој рекол дека видел мистериозен објект ...
Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска со погребување на посмртните останки на уште десет жртви ќе се одбележи 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година Во Меморијалниот центар Сребреница – Поточари денеска со погребување на посмртните останки на уште десет жртви ќе се одбележи 31-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. Генералното ...
Филмска проекција, мултимедијален музичко-поетски перформанс и камерен концерт се на програмата на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ претстојниов викенд, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во рамки на програмата „Кинотека на Скопско лето“, денеска со почеток во 20:15 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Хај Фај“ во режија на Владимир Блажевски. Во 20:30 часот во Музејот на град Скопје, ќе се ...
Руската влада воведе привремена забрана за извоз на дизел со цел да го стабилизира домашниот пазар на горива, кој во последните недели се соочува со недостиг и раст на цените. Одлуката доаѓа во период кога украинските напади со беспилотни летала врз руската енергетска инфраструктура значително го нарушија производството во повеќе рафинерии. Во бројни руски региони граѓаните чекаат во долги редици пред бензинските пумпи, додека снабдувањето ...
Во главниот град на Германија, Берлин во тек е полициска акција за ослободување на жена која синоќа беше земена за заложник во еден супермаркет. Жената е заробена синоќа околу 22 часот по локално време, но засега не е познат мотивот на киднаперот. Инцидентот се случи во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Во моментот двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во ова етапа не можам ништо повеќе да изјавам, наведе портпаролот на ...
Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар во првата половина од годинава, забележано е поголемо производство за 30 отсто, споредено со истиот период минатата година. -Во првото полугодие од годинава ХЕ „Шпилје“ испорача 186.428 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на планот за 30 проценти за предметниот период. Вака доброто производство услови заклучно со јуни, да бидат реализирани околу 68 отсто од вкупниот годишен ...
Студентите кои од октомври ќе бидат затекнати како консумираат алкохол во студентските домови или намерно го оштетуваат инвентарот, ќе се соочат со забрана за сместување во траење од една до пет години. Ова го предвидуваат измените на Законот за студентски стандард, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, се очекува да бидат усвоени во текот на месецов и да почнат да се применуваат од почетокот на новата академска ...
Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на ...
Научниот труд силно ја поткрепува теоријата дека астероидите и метеоритите можеби ги донеле основните состојки на животот на младата планета Земја, откога таа, пред повеќе од четири милијарди години, се обликувала како тело. Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска истакна дека не е кандидат за никаква државна функција во Франција, одбивајќи ги гласините дека би можела да ја напушти позицијата во ЕЦБ за да се вклучи во предизборната кампања за претседателските избори во земјата во 2027 година. „Не сум кандидат за ништо, но многу ми е грижа Европа да биде заштитена и рамката во која функционираат земјите-членки, вклучително и ...
Со проекцијата на кипарскиот филм „Држи се за мене“ во режија на Мирсини Аристиду, вечерва во 21 часот во амфитеатарот во Стар Дојран ќе биде отворен официјалниот натпреварувачки дел од петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“. Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 20 часот, по што во 20.30 часот ќе биде прикажан краткометражниот филм „Вошки“ на македонската режисерка Роза Симоновска. Првата фестивалска вечер ќе заврши ...
Глобалниот пазар на горива останува под силен притисок поради ограничените залихи, недоволниот капацитет за рафинирање и најновата одлука на Русија привремено да го забрани извозот на дизел до крајот на јули. Аналитичарите предупредуваат дека оваа мерка дополнително ќе ја намали понудата на светскиот пазар, што би можело да ја принуди Европа да се натпреварува со големи увозници како Турција, Бразил и земјите од Северна Африка за ...
Советот на Европската Унија го одобри ревидираниот план за закрепнување на Унгарија, со што се отвора патот за исплата на околу 10 милијарди евра европски средства кои со години беа блокирани. Пакетот опфаќа приближно 6,5 милијарди евра неповратни средства и околу 3,5 милијарди евра поволни кредити. Одлуката следува откако Брисел оцени дека Унгарија спровела низа реформи насочени кон подобрување на владеењето на правото, зајакнување на ...
Ученичката компанија „Eco Bloom“ средното економско-правно училиште од Прилеп „Кузман Јосифовски – Питу“ го освои првото место на Националниот натпревар за ученички компании организиран од Junior Achievement Macedonia и ја претставуваше својата идеја на европската сцена. Компанијата разви 3D биоразградлив освежувач за автомобили со вградено семе, производ кој по употребата може да се засади и е поврзан со принципите на циркуларната економија. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи економската состојба и има подготвени сценарија за справување со евентуални последици од актуелните геополитички кризи, нагласувајќи дека приоритет остануваат стабилните цени и сигурното снабдување со енергенси. Осврнувајќи се на инфлацијата, тој посочи дека според последните податоци за јуни, Македонија бележи најниска стапка на инфлација во споредба со останатите земји од ...
Претставници на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Северна Македонија и Србија, како и компаниите Гастрејд и ИЦГБ, денеска одржаа состанок во Атина, на кој присуствувале и министрите за енергетика на Грција и Бугарија, соопштија од грчкото Министерство за животна средина и енергетика, јави дописничката на МИА од ...
Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на Собранието во Скопје – уште еден во низата банкарски објекти со модерен ентериер, професионален консалтинг и технолошки решенија за побрзо и поедноставно банкарско искуство. Лоцирана на истата адреса, на ул. „Градски ѕид“, блок 2, ...
Прирачниците кои имаат за цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само во училиштата, туку и за родителите, учениците, стручната јавност и за сите ...
Европската комисија денеска упати обвинение против компанијата Мета, тврдејќи дека го прекршила регулативата за социјални медиуми поради начинот на кој се дизајнирани Фејсбук и Инстаграм, со цел да ги задржат корисниците подолго на нивните платформи. Комисијата ѝ наложи на Мета да ги суспендира „клучните функционалности што поттикнуваат зависност“. ЕК смета дека Мета не успеала адекватно да ги процени ризиците по физичкото и менталното ...
Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот. Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го поздравува зголемениот интерес на младите за образование во областа на сметководството. По зголемениот број запишани студенти на катедрите за сметководство и ревизија во изминатата година, годинава е евидентен и пораст на интересот кај средношколците, при што во првиот уписен рок во повеќе средни економски училишта се исполнети предвидените места во сметководствената област. ...
Пациентите кои се лекуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) од 1 август ќе можат да го добиваат лекот „Фостер“ без дополнителни трошоци, плаќајќи само партиципација од 280 денари. Во меѓувреме, од 1 јануари следната година значително ќе се намали и цената што ја плаќаат осигурениците за антикоагулансот „Ксарелто“, чија партиципација ќе изнесува 160 денари. Овие измени денеска ги соопшти директорот на Фондот за ...
Агенцијата на ОН за жени (UN Women) во извештајот наведува дека речиси 90 проценти од женските организации повеќе не можат да ги задоволат потребите на терен. А околу 120 милиони жени и девојчиња имаат потреба за хуманитарна помош и заштита Во најновиот извештај на Обединети нации се наведува дека најмалку еден милион жени и девојчиња немаат пристап до помош што спасува животи поради намалување на финансирањето од глобалните донатори. ...
-Моментно во Дебар се поставуваат сообраќајни камери од системот „Безбеден град“, кои наскоро ќе бидат во фаза на техничко тестирање а прекршоците сè уште не се санкционираат. Камерите и дел од опремата се поставуваат на повеќе локации, на кружниот тек во близина на општинската зграда, на крајот од Булеварот „Илирија“, на патот кон Струга, како и на локации каде фрекфенцијата е поголема, информираше за МИА, Стефан Димоски, портпарол на ...
Вонредна состојба се случила утрово на авион што сообраќал на линијата Солун – Минхен, кога непосредно по полетувањето дошло до сериозен инцидент кој предизвикал паника меѓу патниците. Според информации објавени од грчките медиуми, во текот на летот се слушнал силен удар, по што било забележано оштетување на еден од прозорците на авионот. Поради промената на притисокот во кабината автоматски се активирале кислородните маски. Очевидци ...
Концерт на „Next to Silence“, филмски проекции во Кинотеката, детската претстава „Тетка Марулка“ и меѓународна изложба на современа фотографија се дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“ вечерва и утре. Фестивалот „Скопско лето“ вечерва и утре продолжува со богата музичка, филмска, театарска и ликовна програма на повеќе локации во Скопје. Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во Сули ан на Факултетот за ликовни уметности ќе се одржи ...
Порталот „Ко си, бре, ти“, чие активирање го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска почна со работа. Порталот е достапен на адресата www.kosibreti.rs, а граѓаните на него можат анонимно да пријават арогантно однесување на јавни функционери, корупција, злоупотреби и сите други незаконски дејствија и неправилности. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека на порталот граѓаните ќе можат безбедно и ...
Европскиот парламент направи значаен чекор кон воведување на дигиталното евро, откако на пленарната седница одржана на 9 јули го поддржа почетокот на преговорите со Советот на Европската Унија за законската рамка на проектот. Предлогот доби поддршка од 416 европратеници, додека 169 гласаа против, а 22 беа воздржани. Со ова започнува следната фаза од законодавната процедура, во која Европскиот парламент и земјите-членки ќе ги усогласуваат ...
Христијан Мицкоски истакнува дека Македонија постигнала најниска инфлација во регионот. Но, граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, стои во соопштение од СДСМ, пренесено во целост од МИА. Инфлацијата можеби е снижена, но до потрошувачката кошница сè уште тешко се доаѓа. И во овој момент, инфлацијата е значително повисока од тоа што Мицкоски го предвидуваше во ...
Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, ...