Првото новороденче во Северна Македонија во 2026 година е девојче. – „На ГАК се роди принцеза“, информираа од Клиниката за гинекологија и акушерство преку својата Фејсбук страница. Малечката се роди точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Дополнителни информации ќе бидат објавени во наредниот период. Извор: МИА Првото новороденче во Северна Македонија во 2026 година е девојче. – „На ГАК се роди принцеза“, ...

– Земјоделците во цела Грција од денеска до петок нема да ги блокираат автопатиштата и граничните премин, со што сообраќајот овие три дена ќе се одвива непречено со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година, додека пак в недела, на состанок ќе се донесат одлуки за следните чекори, јави дописничката на МИА од Атина. Граничниот премин Евзони кон нашата земја што во изминатите четири дена, заклучно со вчера, грчките земјоделци го ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“. Според очекувањата, значителен поттик за економската активност ќе дадат зацртаните инвестиции во инфраструктурни проекти, додека дел од растот ќе дојде и од приватната потрошувачка. Во тој контекст, гувернерот нагласи дека Народната ...

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие. Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта. На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, ...

– САД воведоа санкции против 10 лица и фирми од Иран и Венецуела поради наводниот придонес во иранската програма за трговија со дронови и балистички технологии, за која администрацијата на Трамп вели дека ги загрозува САД и нивните сојузници на Блискиот Исток. Министерството за финансии на САД соопшти дека овие мерки се насочени кон поддршка на повторно воведените санкции на Обединетите нации кон Иран поради неговата нуклеарна програма, со ...

ЈСП Скопје за време на новогодишните празници ќе има изменет режим на сообраќање на јавниот превоз, како и промени во работното време на билетарниците, центрите за персонализација и Жичницата. Денеска јавниот превоз ќе сообраќа по редовен зимски возен ред, утре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите линии ќе се ...

Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри. Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на ...

Сали е роден на 7 март 1978 година во Скопје. Средно училиште завршил во 1997 година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Во 2007 година дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, по што продолжува на постидпломски студии за јавно здравје. Зад себе има ангажмани во невладиниот сектор за здравство како и во министерството за здравство. Основач е и претседател на Здружението за здравствена култура и воспитание „ПроВита“ – Скопје. ...

Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ. Од вчера, од 15:00 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември забележал раст од 6,5 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите статистички податоци. Зголемувањето укажува на засилена потрошувачка, особено во пресрет на празничниот период, но и на стабилизирање на побарувачката по подолг период на ценовни притисоци. Најголем раст е евидентиран кај прометот со прехранбени производи и безалкохолни пијалаци, што се должи на ...

Додека Бугарија се подготвува за воведување на еврото од 1 јануари, политичката и институционалната состојба во земјата сè повеќе се усложнува. Наместо јасен реформски курс и стабилна влада што ќе го води процесот, Софија се соочува со продлабочена политичка криза, недоверба меѓу институциите и растечки јавен отпор кон промената на валутата. Воведувањето на еврото, кое официјално е претставено како стратешка цел и чекор кон подлабока ...

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Постапката, како што е соопштено, се поведува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека земјата успеала да го сочува мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните во тековната година, наспроти противправните дејства, стотици илјади протестни собири и бројните напади насочени кон полициски службеници, приватна и државна сопственост, како и кон луѓе. Тој нагласи дека за претстојната година на располагање стојат две клучни цели: одржување на мирот и стабилноста, како ...

Албанскиот претседател на владата, Еди Рама, најави дека Албанија ќе се насочи кон производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала. За време на традиционалната предновогодишна средба со претставниците на медиумите, Рама истакна дека целта на Албанија е да го постигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка за одбраната. Тој потсети дека оваа година Албанија е засилена со ракетен систем „Џавелин“, три ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ. Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, „Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за ...

Денеска, со почеток од 16:00 часот, ќе настапи привремен застој во работењето на дигиталните сервизи што Управата за јавни приходи (УЈП) ги обезбедува за регистрираните обврзници. Според соопштението од УЈП, предвидено е овој прекин да продолжи до доцните попладневни часови, по што сервисите повторно ќе станат оперативни. УЈП упатува апел до обврзниците за трпеливост и разбирање. Денеска, со почеток од 16:00 часот, ќе настапи привремен ...

Започна петтото јубилејно издание на изборот за најдобрите онлајн продавници во земјава за 2025 година – E-commerce Awards. Оваа иницијатива, која од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата за е-трговија, континуирано ги препознава и наградува извонредноста во македонската е-трговија. Годинава одбележува значаен јубилеј, потврдувајќи ја својата улога како релевантен показател за квалитет, доверба и развој на овој динамичен ...

Како и претходните три дена, така и денес, грчките сточари и земјоделци планираат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон нашата држава. Овој потег ќе резултира со застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, во временските интервали од 11 до 15 часот по македонско време (12 до 16 часот по грчко време) и од 17 до 21 часот (18 до 22 часот по локално време), извести дописничката на МИА ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територијата на целата држава, со цел обезбедување почитување на законските прописи и заштита на јавниот интерес. Во овој период биле спроведени вкупно 542 инспекциски надзори, од кои 269 врз основа на Законот за угостителска дејност, а 273 согласно Законот за заштита од пушење. При извршените контроли, кај дел ...

Дизајнот не е само естетика, туку и создавање уреди кои се интуитивни, функционални и направени да траат. Сериите Samsung Galaxy S и Z се вистински пример за оваа филозофија, комбинирајќи елегантен дизајн со најсовремено инженерство. Еве како процесот на дизајн на компанијата Samsung гарантира дека овие уреди се подеднакво убави и практични. Galaxy Z серија: редефинирање на склопливиот дизајн Моделите Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 се ...

Во 2025 обновени осум експозитури на Банката Во пристуство на претставници од менаџментот на НЛБ Банка, вработени, клиенти и партнери, денеска во Ресен, официјално се отвори реновираната експозитура на Банката. Со оваа и неодамна реновираните експозитури во Валандово, Радовиш и Виница, а во текот на 2025 и во Куманово и Прилеп, и населбите Илинден и Ѓорче Петров во Скопје, НЛБ Банка ја заврши годинава со обнова на осум експозитури, како дел ...

Започнати се градежни активности за Линијата 1, позната и како градски воз. Финансиската вредност на договорот изнесува 360 милиони денари, а проектот вклучува целосна обнова и модернизација на постоечката железничка пруга. Според денешните информации од премиерот Христијан Мицкоски, овој зафат ќе резултира со побезбеден, побрз и поефикасен железнички превоз. Покрај ова, премиерот истакна дека изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува ...

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е објавен повикот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“. Оваа престижна награда претставува општествено признание за исклучително значајни постигнувања во сите научни области од интерес за државата. Согласно објавените информации, во 2026 година наградата ќе биде доделена за научно остварување кое е објавено во текот на 2025 година. Се предвидува наградата да се доделува ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ја заокружува оваа 2025 година со реотворање две реновирани експозитури – во Капиштец и во Чаир. Експозитурата во Капиштец се наоѓа на ул. „Народен фронт“ бр. 19, а експозитурата во Чаир на ул. „Џон Кенеди“ бр. 155 во Скопје. Двете експозитури се отворени секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 8.00 до 16.00 часот. Со реотворањето на овие експозитури, Шпаркасе Банка продолжува со унапредување на ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со ...

Крипто-индустријата на крајот на 2025 година влезе во нова фаза на развој. По години на брз раст, нагли осцилации и големи очекувања, фокусот сè повеќе се поместува од краткорочните трендови кон она што навистина им значи на корисниците – стабилна инфраструктура, безбедност и сигурно трговско искуство. Најновиот Извештај за индустријата за декември 2025 година дава јасен преглед каде се наоѓа индустријата денес и во кој правец се движи. За ...

Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција за поддршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе. Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници. Како ...

Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh. Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. ...

Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници. Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња ...

Во 2025 година економските односи меѓу Република Чешка и Северна Македонија продолжија да се продлабочуваат, поддржани од стабилен раст на билатералната трговија. Според податоците на Чешкиот завод за статистика, меѓусебната трговија ја достигна својата највисока вредност во последните години: во 2024 година вкупниот обрт изнесуваше 625,9 милиони евра, при што чешкиот извоз достигна 160,8 милиони евра, а увозот 465,1 милиони евра. Еден од ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
10.29
54%
1007
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
93%
1003
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
4.63
81%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.8
91%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1002
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
34%
1004
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
82%
1005
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.24
78%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1007
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
66%
1017
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Злато

159322.70

Калај

49.78

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Сребро

3663.67

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06