Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Енергетските суровини ја завршија трговската сесија со раст, при што и нафтата и природниот гас забележаа повисоки цени во однос на претходниот ден. Северноморската нафта брент за испорака во септември се тргуваше по 72,12 долари за барел, што претставува дневен раст од 0,45 проценти. Во текот на денот највисоката цена достигна 72,49 долари, додека најниската изнесуваше 71,30 долари. Американската лесна сурова нафта WTI исто така остана во ...
Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј – 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД. Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната ...
На светските девизни пазари тргувањето помина со умерени поместувања на најважните валутни парови, при што еврото и британската фунта забележаа минимален раст во однос на американскиот долар. Еврото се тргуваше по 1,1437 долари, што претставува дневно зголемување од 0,04 проценти. Идентичен раст од 0,04 проценти оствари и британската фунта, која достигна курс од 1,3346 долари. Американскиот долар зајакна во однос на јапонскиот јен, при што ...
Денеска сакаме да ја потенцираме важноста на месец јули и за Македонија, но и за проценките коишто Европската комисија ги прави за сите земји кандидати. Нашите информации говорат дека проценката на Европската комисија за Македонија е позитивна заедно со Албанија и Црна Гора, додека другите земји кандидати од регионот имаат назадување споредено со Реформската агенда, односно Планот за раст утврден од Европската комисија, изјави денеска на ...
Последните статистички податоци уште еднаш потврдуваат дека Македонија не смее повеќе да ја одложува дебатата за развојот на рударството и искористувањето на сопствените минерални ресурси. Додека рударството бележи пад, а бројот на рудари постојано се намалува, нови инвестиции кои би можеле да го обноват секторот и да отворат нови работни места, како проектот „Иловица – Штука“, со години остануваат заглавени во административни и правни ...
Пазарот на криптовалути ја продолжи позитивната динамика, при што најголемите дигитални средства забележаа раст на вредноста во текот на денешното тргување. Најголемата криптовалута, биткоинот (Bitcoin), поскапе за 1,72 проценти и достигна цена од 62.631,5 долари. Позитивен тренд бележи и етерот (Ethereum), кој порасна за 2,56 проценти, достигнувајќи 1.763,74 долари. Меѓу водечките криптовалути, значителен раст оствари и BNB, чија вредност ...
Азиските берзи ја завршија трговската сесија во позитивна атмосфера, при што најголем дел од водечките индекси забележаа значителен раст. Најсилен скок имаше јужнокорејскиот индекс КОСПИ, кој порасна за 5,76 проценти и достигна 8.088,34 поени. Позитивни резултати оствари и јапонскиот Nikkei 225, кој се искачи за 1,47 проценти и тргувањето го заврши на 69.744,07 поени. Во Австралија, индексот S&P/ASX 200 напредуваше за 1,37 проценти, ...
Во обемна полициска акција реализирана на 2 и 3 јули, Министерството за внатрешни работи приведе 23 лица осомничени за кривични дела поврзани со недозволена трговија со наркотични средства. Акцијата истовремено беше спроведена во десет градови низ државата, при што беа запленети различни видови дрога и предмети што се користат при нејзина подготовка и дистрибуција. Полициските активности се одвивале во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, ...
Брисел, 4 јули 2026 (МИА) – На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) планира во иднина да ја зајакне воздушната флота за гаснење пожари со набавка на уште три „ер трактори“, меѓу кои и авион наменет за обука на нови пилоти. Најавата ја соопшти директорот Стојанче Ангелов во емисијата „Топ тема“ на Телма. Според Ангелов, целта е државата да создаде одржлив систем за обука и подмладување на пилотскиот кадар, кој во изминатите години претставуваше една од најголемите ...
Недостигот од работна сила и натаму се одразува врз индустрискиот сектор во земјава. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на вработени во индустријата и во мај бележи пад, а негативниот тренд продолжува речиси во сите производствени дејности. На годишно ниво, бројот на работници е намален за 2,6 проценти, додека во периодот од јануари до мај вкупното намалување достигнува три проценти. Најизразено ...
„Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем“, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните активности што ги ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот ...
Штип попладнево се соочи со серија пожари на неколку различни локации, при што противпожарните екипи интервенираа истовремено за да спречат поголеми последици. Најновиот пожар избувнал во индустриската зона, во просторот меѓу Штипска млекара и текстилната компанија „Албатрос“, каде што огнот зафатил сува вегетација. Поради близината на пламените јазици до производствените капацитети, од објектот на конфекцијата превентивно биле евакуирани ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе се обрати на настанот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, соопшти владината прес-служба. Настанот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации, во соработка со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Покрај премиерот Мицкоски, воведни обраќања ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во ...
ООпштина Македонска Каменица е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки преку Форумите во заедницата граѓаните ќе имаат можност да предлагаат, да ги разработуваат, а потоа и да изберат проекти од важност за заедницата. Првата форумска сесија е закажана за четврток, 9 јули 2026 година, со почеток во 09:30 часот, во спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица. Проектите што ќе бидат ...
Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа, ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина. Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни ...
Извозот на сурова нафта од земјите од Персискиот Залив во јуни порасна за повеќе од три милиони барели дневно во споредба со мај и надмина 10 милиони барели дневно, по нормализацијата на поморскиот сообраќај низ Ормуската теснина, покажуваат денеска објавените податоци од аналитичките компании. Вкупниот извоз на сурова нафта и кондензат од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Ирак и Иран достигна 10,07 милиони барели ...
Северна Македонија во последните години направи значителен напредок во воспоставувањето на модерен систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, се поставуваат темелите на систем кој постепено се усогласува со европските стандарди. За овој напредок да продолжи, неопходно е сите учесници на пазарот да работат под еднакви ...
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите ...
Додека глобалната трговија се прилагодува на повисоки тарифи, нови обврски за инвестиции и геополитички притисоци, економиите на Западен Балкан имаат можност да се позиционираат како флексибилни и доверливи партнери во преструктурираните синџири на снабдување. Глобалната трговија повеќе не се враќа на моделот на предвидливост кој со децении го обликуваше меѓународниот бизнис. Ова е една од клучните пораки од панел-дискусијата „Глобален ...
Канада планира изградба на цевковод за транспорт на сурова нафта до Азија, со капацитет од милион барели дневно. Оваа инфраструктурна инвестиција ќе вклучува проект со должина поголема од илјада километри, кој ќе се протега од западниот брег на Британска Колумбија до крајбрежјето на Тихиот Океан. Стартот на градежните активности за нафтоводот е предвиден за септември следната година. „Канада располага со единствена прилика, еднаш во животот, ...
Инфлуенсер маркетингот влегува во позрела фаза, каде што успехот сè повеќе се темели на доверба, автентичност, долгорочни партнерства и мерливи бизнис резултати. Ова беше една од главните пораки од E-commerce Meetup-от што вчера се одржа во Casa Bar, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), во соработка со Иуте Македонија. Настанот ги обедини претставниците на бизнис заедницата, маркетинг професионалците и ...
На Хајделберг Факултетот во Скопје достапни се уште само 10 места за академската 2026/2027 година Во време кога изборот на високо образование станува една од најважните одлуки за иднината на младите, сè повеќе матуранти и родители бараат студиска програма која не завршува само со диплома, туку отвора реална патека кон професионален развој, практично искуство и конкурентност на пазарот на труд. Хајделберг Факултетот во Скопје го носи ...
Во рамките на Неформалниот министерски состанок на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа билатерален разговор со министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли. На средбата беше потврдена заедничката посветеност за зацврстување на енергетската соработка меѓу двете држави. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека главни ...
Русија, соочена со недостиг на гориво по нападите на Украина врз енергетски постројки, ќе набави керозин од Јапонија. Според информации објавени од западни медиуми, кои се повикуваат на анонимни извори, најмалку 200.000 барели керозин ќе бидат вчитани во јапонското пристаниште Чиба во првите две недели од јули. Потоа, пратката ќе биде транспортирана до Јужна Кореја, а во овој аранжман учествуваат повеќе трговски компании. Понатаму, горивото ...
Претседателот на бугарската Влада, Румен Радев, изрази двоумење во однос на 21-виот пакет санкции на Европската Унија насочени кон Русија. Ова беше неговиот одговор на прашање од народниот претставник дали планира да го спречи усвојувањето на следниот пакет мерки од страна на Брисел, како што пренесе агенцијата БТА. „Дали сум подготвен да искажам резерви кон 21-от пакет? Не само што сум подготвен, туку ќе го сторам тоа. Работата е сосема ...
Собранието денеска ги донесе Законот за парнична постапка во второ читање и измените на Законот за судовите, по скратена постапка. Новиот Закон за парнична постапка, кој беше донесен со 84 гласа „за“ и 9 „против“, претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. гласање за Законот за парнична постапка Со новите законски решенија се ...
Пазарот на недвижности во главниот град и натаму бележи нагорен тренд. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година цените на становите во Скопје повторно се зголемиле. Според Индексот на цени на станови, во периодот од април до јуни е регистриран раст од 5,5 проценти во однос на претходниот квартал, што укажува дека побарувачката на пазарот останува висока. Во споредба со истиот период минатата ...
Кина повика на „соодветно решение“ за да се стави крај на нарушувањата во Ормуската Теснина, додека САД и Иран пред два дена одржаа индиректни разговори во Катар. „Ормуската Теснина е теснина за меѓународна пловидба. Брзото враќање на безбедната и слободна пловидба низ мореузот е во интерес на сите страни“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, во Пекинг. Гуо рече дека е потребно „соодветно решение“ ...