Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Собранието денеска ќе ја одржи 84. седница, на чиј дневен ред се шест точки. На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на ...
По 14ти пат, се случи 48 часовниот маратон во креирање на видео игри Global Game Jam 2026 Skopje организиран од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ! И овој пат, скопскиот Глобал Гејм Џем ја зголеми бројката на учесници за дури 38 проценти! Досега рекорден број од 132 учесници на една локација, се проширивме на два спрата во Base42, се формираа 25 тимови, а тие направија неверојатни 25 игри, од кои 22 видео игри и три ...
Вчера, пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот. Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение ...
На синоќешното гостување на „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше ...
Казни во вкупен износ од 1,05 милиони евра изрекла Независната управа за контрола на пазарот и заштита на потрошувачите на три големи супермаркети и две прехранбени компании во Грција, поради прекршување на одредбата за плафон на бруто-профитната маржа кај вкупно 65 производи, јави дописничката на МИА од Атина. Според соопштението на Управата, казнети се супермаркетите Лидл за 26 производи (670.925 евра), Алфа Вита Василопулос за 22 артикли ...
Со блокада на Собранието утрово почнаа блокадите што ќе ги реализира ССМ во следниве денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Блокирани се влезовите на Собранието и улицата пред Собранието. Со блокадата, како што посочуваат од ССМ, ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат ...
Адвокатската комора на Војводина (АКВ) е на еднодневен прекин на работата поради неодамна усвоените измени во пакетот судски закони, со повик до Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија да донесе одлука за тридневен прекин на работата без одлагање доколку тие закони не бидат повлечени во меѓувреме. УО на АКВ ги повикува судиите и јавните обвинители да ги поддржат адвокатите во активностите насочени кон почитување на уставноста и ...
Украинската влада е подготвена да ги поддржи сопствениците на домови при купување генератори и други извори на енергија во услови на актуелните руски напади врз енергетскиот систем на земјата, јави ДПА. Претседателот Володимир Зеленски ја објави вчера оваа нова енергетска политика, по консултациите со премиерката Јулија Свириденко. Купувањето автономно напојување треба да стане подостапно за здруженијата на сопственици на станбени згради и ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска напладне на прес-конференција ќе ги соопшти добитниците на петте традиционални годишни награди за 2025 година, за кои одлучуваа пет жири-комисии. Минатата недела ДПМ информираше за насловите кои се финалисти за секоја од петте награди: За наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025, од вкупно седумнаесет пријавени дела на конкурсот, во финалниот круг влегоа ...
Шпанските железнички работници го завршија тридневниот штрајк на денот кога започна откако властите се согласија да ги зголемат инвестициите во инфраструктура и во персонал за справување со железнички несреќи. Синдикатите на железничките работници излегоа на улиците во неколку шпански градови откако двајца машиновозачи и неколку десетици патници загинаа во несреќи во покраините Андалузија и Каталонија во јануари. Во воз од Малага до Мадрид ...
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на ...
Само за три месеци, или на крајот од декември лани, во споредба со септември, вкупниот доспеан а неплатен долг на сите општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, се зголеми за повеќе од 22 000 000 евра, надминувајќи 90 400 000 евра. Дел од општините на квартално ниво пријавиле значаен пораст на доспеаните а неплатени обврски. Порталб ги рангира најзадолжените локални самоуправи и јавните комунални претпријатија. Милионски долгови на ...
Сојузот на синдикати на Македонија најави дека денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата. Ќе бидат блокирани улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај зградата на Собранието. Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до 40м. ...
– Европска Унија предложи санкциите против Русија, воведени поради агресијата врз Украина, да бидат проширени на пристаништа во Грузија и Индонезија, каде се тргува со руска нафта. ЕУ предлага со 20-тиот пакет санкции кон Русија да бидат опфатени и пристаништата Кулеви во Грузија и Каримун во Индонезија. Санкциите би значеле дека на компании и на поединци од ЕУ ќе им биде забрането да извршуваат трансакции со тие две пристаништа. Новиот ...
– Европската комисија денеска усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, додатоци за облека и обувки со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина. – Ова е уште еден чекор во промовирањето на циркуларна економија низ цела ЕУ, соопшти ЕК. Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од 19 јули годинава, а за средните компании од 2030 ...
Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за труд и економија Бесар Дурмиши. Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на платите од 1500 до 2000 денари. Наведе дека Владата не ги прифатила укажувањата од меѓународните ...
Заштедите во Србија, како во домашна валута, така и во девизи, продолжија да достигнуваат рекордни вредности и во текот на јануари оваа година. Според оперативните податоци, на крајот на јануари, динарските штедни влогови изнесувале близу 208 милијарди динари, додека заштедите во странска валута достигнале 16,3 милијарди евра, како што објави Народната банка на Србија (НБС) денес. Позитивниот тренд во штедењето на населението беше забележан ...
Зајакнување на билатералните односи и унапредување на соработката меѓу двете земји биле главна тема на средбата меѓу министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, со албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани. Посебен фокус на разговорот бил ставен на проектот „One Stop Shop“, што претставува значаен чекор кон олеснување на движењето на граѓаните и стоките, како и кон зголемување на економската и трговската соработка меѓу ...
На Be#Next 3 конференцијата во Скопје доаѓа Драган Војводиќ – најпознатиот и најбаран sales тренер на Балканот, официјален претставник на Sandler Training (Baltimore, USA) и првиот сертифициран Sandler тренер од регионот. Со повеќе од 20 години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство, Драган Војводиќ има изградено кариера што почнува во Porsche, продолжува во Volvo и Raiffeisen Bank, но многу брзо го напушта корпоративниот систем за ...
Вооружени припадници на американската морнарица, специјализирани единици, извршија упад на нафтен танкер во Индискиот Океан. Садот, поврзан со Венецуела, бил следен уште од Карибите, информираше денеска американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет. Според неговите зборови, бродот го нарушил ембаргото на САД наложено врз пловила што се движат кон или од Венецуела, и кои се предмет на санкции. “Во текот на ноќта, вооружените сили на САД ...
Училишна реална компанија ќе се отвори во регионалното Државно средно училиште (ДСУ) „Коле Нехтенин“ во Штип, најави денеска директорката на училиштето, Јованка Шалева. Таа појасни дека компанијата ќе биде посебен правен субјект, кој ќе остварува приход за училиштето и ќе биде од помош за компаниите, со оглед на фактот дека ќе зема и ќе работи за нив. Шалева посочи дека ова ќе биде од големо значење и за училиштето и за учениците, кои се ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во контекст на реакциите на дел од невладините организации и граѓанските здруженија, кои предлагаат формирање на посебно тело, нова, проширена комисија со сопствена администрација, истакна дека ваквиот пристап е спротивен на реформската политика на Владата и на Министерството за јавна администрација. Министерот нагласи дека формирањето ново тело би значело дополнителни финансиски трошоци и ...
Цената на златото повторно ја надмина границата од 5.000 долари, што јасно укажува на враќање на купувачите и инвеститорите кон овој благороден метал во услови на зголемена неизвесност на глобалните финансиски пазари. По краток период на корекција и воздржаност, златото повторно се наметнува како сигурно прибежиште за капиталот. Експертите посочуваат дека растот на цената е поттикнат од комбинација на фактори – геополитички тензии, ...
Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти, соопштија попладнево од локалната самоуправа. – Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но, најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на ...
Железничките работници во Шпанија денеска објавија дека ќе започнат тридневен генерален штрајк. Оваа одлука е донесена како одговор на, според нив, недоволните безбедносни мерки во железничкиот систем на државата, како што пренесуваат локалните медиуми. Решението за протест доаѓа по два трагични инциденти во железничкиот сообраќај во јануари. Еден од нив се случи во Адамуз, на југот на Шпанија, при што животот го загубија 46 лица. Вториот ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со доброволни пожарникари за засилување и подобрување на оперативна координација со ДЗС во пресрет на сезоната на пожари на отворен простор, соопштија попладнево од ДЗС. – Работната средба, покрај засилувањето на соработката, опфати и повеќе други поврзани теми, меѓу нив и за конкретизирање и дополнување делови од законите за пожарникарство ...
Државите-членки на Европската унија ќе бидат запознаени денеска со предлозите на Европската комисија за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина, истакна портпаролот на ЕК, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Тој истакна дека се можни измени во првичниот предлог и дека повторно ќе биде потребна едногласност за одлуката. – Се надеваме дека многу брзо ќе имаме одлука, додаде портпаролот. Според него, ...
Во организирана операција во неколку региони, грчката полиција разбила голема криминална организација, активна во нелегално производство и трговија со тутунски производи, при што биле уапсени 26 лица, откриени три целосно опремени нелегални производствени единици и шест магацини, запленети над 14 милиони парчиња цигари, а избегнатите даноци и такси изнесуваат над седум милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата била спроведена ...
Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера полициските службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во село Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите „Башкими“ и „Куманово“, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб ...